СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓаните
2СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓаните
3ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
ТехнологијаЗакерберг со аудио порака најави промени на WhatsAppМарк Закерберг објави говорна порака на својот Фејсбук профил во која најави нови промени на WhatsApp.„Здраво на сите, секој ден луѓето испраќаат околу седум милијарди гласовни пораки преку WhatsApp“, започна Закерберг во гласовната порака која досега им се допаднала на 43.000 корисници. „Затоа додадовме некои нови функции како репродукција на порака надвор од разговорот, паузирање за снимање порака и зачувување гласовна порака. Се надеваме дека ова ќе ви го олесни испраќањето и слушањето пораки“, заклучил тој. • Репродукција надвор од разговор - корисниците сега можат да слушаат гласовна порака надвор од разговорот и да извршуваат повеќе задачи и други работи во исто време, наместо да „зјапаат“ во одреден прозорец за разговор • Паузирајте/продолжете со снимањето - кога снимате гласовна порака, корисниците сега можат да го паузираат снимањето и да продолжат кога се подготвени • Визуелизација на бранови - WhatsApp додава визуелна претстава на звукот во гласовната порака • Преглед на скици - корисниците сега можат да ги слушаат нивните гласовни пораки пред да ги испратат • Запомнете ја репродукцијата - ако паузирате додека слушате гласовна порака, можете да продолжите каде што сте застанале кога ќе се вратите на разговорот • Брза репродукција на препратени пораки - корисниците сега можат да репродуцираат гласовни пораки со брзина од 1,5x или 2x Да потсетиме, неодамна беше објавено дека WhatsApp во новата надградба ќе постави ограничувања за тоа колку пати корисникот може да препраќа порака. „Штом пораката е означена како препратена, веќе не е можно да се препраќа на повеќе од еден групен разговор истовремено“, рекоа тие, истакнувајќи дека новото ограничување моментално се однесува само на бета-тестерите и ќе биде достапно за сите во следните неколку дена. Сепак, останува нејасно зошто WhatsApp воведува нови ограничувања. Ова не е прв пат WhatsApp да го отежнува проследувањето на содржината во обид да се искорени измамата. Во март 2019 година, тие додадоа ознака што автоматски покажува дали пораката е препратена, а една година подоцна беше воведено ограничување на бројот на препраќање пораки за да се запре бранот лажни вести што ги шири апликацијата во времето на пандемијата на коронавирус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСаудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето Во последните месеци, Саудиска Арабија барала борци и воен персонал од неколку земји за потребите во Јемен, но сириската влада го одби барањето за испраќање свои сили против Хутите, според извори на „Turkish Today“.Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила барањето за организирање и распоредување сириски сили против Хутите. „Ова прашање е исцрпено и завршено. Саудиското барање беше упатено пред неколку месеци. Сирија учтиво го одби, наведувајќи дека е фокусирана на сопствениот процес на организирање на армијата и дека нема намера да се вклучи во конфликтот како трета страна“, изјави еден од изворите. Изворот наведе дека сириската влада не ги спречува поединците да патуваат надвор од Сирија и да учествуваат во конфликтот, но нагласи дека Дамаск нема да преземе одговорност за таквиот поединечен ангажман. Турските извори исто така ги отфрлија тврдењата дека Турција одиграла улога во префрлањето или организирањето на Сиријци за распоредување во Јемен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЖивотДизелот и бензинот во Европа историски најскапи Цените на бензинот и дизелот во Европската Унија оваа недела го достигнаа највисокото ниво откако се следат податоците, односно за повеќе од 20 години. Според Европската комисија, полнењето на резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, а дизелот 108 евра. Високите рафинериски маржи значително придонесуваат за зголемувањето на цените, а експертите од Европската централна банка проценуваат дека маржите на дизелот ќе достигнат врв дури во октомври, што укажува дека цените би можеле да останат високи, пишува „Еуроњуз“. Цените на горивата на бензинските пумпи нагло пораснаа од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, зголемувајќи ги инфлациските притисоци. Европската централна банка објави дека инфлацијата на енергијата во еврозоната скокнала на 14,3 проценти во август, во споредба со 10,3 проценти во јули. Просечната цена на литар бензин во ЕУ на 14 септември изнесуваше 2,063 евра, а на дизелот 2,159 евра. Ова се највисоките цени забележани откако Комисијата почна да ги следи податоците во 2005 година. Претходната рекордна цена на бензинот беше забележана во 2022 година, додека дизелот последен пат се приближи до сегашното ниво во април оваа година. Цените значително варираат меѓу земјите-членки. Бензинот е најевтин во Малта, каде што чинеше 1,34 евра за литар, додека најскапиот беше во Данска, каде што чинеше 2,56 евра. Дизелот беше исто така најевтин во Малта, каде што чинеше 1,21 евра за литар, а најскап во Финска, каде што чинеше 2,51 евра. Податоците доаѓаат од неделниот билтен за нафта на Европската комисија, објавен на 17 септември, и се однесуваат на цените евидентирани на 14 септември, со вклучени даноци и акцизи. Зголемувањето на цената трае со месеци, од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, што го наруши протокот на енергија низ Ормутскиот теснец. Цената на референтната сурова нафта од типот Брент надмина 126 долари за барел во екот на конфликтот, а во петокот барел за испорака следниот месец се тргуваше за повеќе од 104 долари. Пред војната, цената беше околу 72 долари. Снабдувањето на Европа е дополнително отежнато бидејќи „Сауди Арамко“ информираше најмалку две европски рафинерии дека нема да добијат договорени испораки на нафта во октомври. Според „Блумберг“, кој се повикува на добро информирани извори, одлуката важи за сите европски клиенти и е донесена по нападот врз клучниот саудиски нафтовод што води до Црвеното Море. Од почетокот на 2026 година, просечната цена на бензинот во ЕУ се зголеми за приближно 29 проценти, а дизелот за речиси 40 проценти.Тагови: Бензин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓанитеМицкоски ја распродава Македонија.Земјата, водата, рудата, природните ресурси, националните богатства ги нуди на компании. Одлучил Мицкоски сам, народот никој не го прашува. Прво, за дата-центрите – одлуката е веќе донесена од Мицкоски. Дата-центрите ја загреваат водата, трошат огромни количества електрична енергија, а сметката ја плаќаат граѓаните и земјоделците кои ќе останат без вода. Нема нови работни места, нема профит за државата – профит има само за компанијата. Водата е најважниот ресурс. Во време кога водата на повеќе од 50 места во Македонија е загадена, Мицкоски сака да копа антимон. Ископувањето може да биде опасно за граѓаните, бидејќи изложеноста на прашина може да ги оштети белите дробови и да влијае врз срцето, црниот дроб и други органи, а може да дојде и до загадување на подземните води. Водата тогаш може да содржи антимон и други тешки метали. Јасно ви е колку може да биде опасно, кога сега во водата имаме бактерии од фекално загадување, а замислете го и ова. Веќе 11 недели не можеме да добиеме извештај дека водата во Гостивар е чиста, иако над 5.000 луѓе завршија во болница. Како оваа неспособна власт ќе се справи со ризиците од рудник за антимон? Ископот на антимон е опасен исто како и литиумот. Запрен е на повеќе места во Европа токму поради опасност по животната средина и по луѓето. Изгледа дека Мицкоски одлучил да им ги земе сите пари на граѓаните, да земе провизија од секој проект и да ја упропасти целата држава. Да ги истера луѓето од сопствената земја. Мицкоски нема право да ја распродава земјата, водата, рудите, националните богатства Мора граѓаните да се прашаат. Во средините во кои што живеат да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат, близу до нивните места на живеење, да се градат рудници. Бараме референдум! Македонија не е на распродажба! Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 19.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29