Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
2Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
МакедонијаЗакана од ирански пратеник: Можеме да ги ракетираме Њујорк, Вашингтон, цела ЕвропаИранските ракети се способни да го погодат самото срце на Европа и на крајот би можеле да ги таргетираат американските градови од морето, се закани ирански пратеник. Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии и можност за повторно воведување санкции на ОН против Техеран, објави „Иран Интернешнал“. Амир Хајат-Мокадам, член на парламентарниот Комитет за национална безбедност и надворешна политика, изнесе голем број тврдења за воените капацитети на неговата земја во интервју за порталот „Дидбан Иран“. „Можеби нашата следна ракета ќе го погоди Вашингтон директно. Можеме да ја таргетираме Америка од морето. Воздухопловните сили на ИРГЦ работат веќе 20 години за да овозможат напад врз Америка од ирански бродови. Дури и ако сè уште не сме ја постигнале оваа технологија, таа е во наш дофат“, рече тој. Тој објасни дека иранските бродови би можеле да се приближат на 2.000 километри од американскиот брег и да лансираат ракети оттаму кон градови како Вашингтон и Њујорк, и покрај фактот дека САД се оддалечени 10.000 километри од Иран. -Дури и сега, сите европски земји се во наш дострел. Со нашите постоечки ракети, можеме да ги погодиме Франција, Германија, Обединетото Кралство и цела Западна и Источна Европа, додаде Хајат-Мокадам. Заканите доаѓаат во време кога Франција, Обединетото Кралство и Германија размислуваат за повторно воведување санкции на ОН врз Иран преку таканаречен механизам „снепбек“. Европските претставници го предупредија Техеран дека ова може да се случи оваа есен ако не соработува целосно со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Сепак, Хајат-Мокадам го намали значењето на ваквите мерки. „Сите можни санкции веќе се воведени врз нашата земја. Едностраните и мултилатералните санкции на САД и Европа се веќе на својот врв. Затоа, активирањето на механизмот „снепбек“ нема да донесе никакви нови негативни последици за иранската економија и е само политички потег“, рече тој, потсетувајќи дека Иран трпи санкции од 2018 година, кога тогашниот (и сегашниот) претседател на САД, Доналд Трамп, се повлече од нуклеарниот договор.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНикола Србов и Александар Трајановски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Никола Србов и Александар Трајановски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЉубов на прв поглед или само привлечност? – Пет знаци дека сте доживеале длабока поврзаностЉубовта на прв поглед не потекнува од умот, ниту пак се потчинува на логиката; таа е промена што се случува во еден миг, после која странецот повеќе не се доживува како непознат. Кога ќе се случи, таа со себе не носи ниту немир, ниту анализирање, туку чувство на длабоко, необјасниво присуство. Ако се прашувате дали сте доживеале ваква мистериозна средба, еве ги знаците што откриваат дека станува збор за нешто многу подлабоко од обична привлечност. 1. Внатрешен мир и спуштање на гардот Првите средби со нови луѓе речиси секогаш носат доза на воздржаност и претпазливост. Меѓутоа, во присуство на оваа личност, целиот внатрешен оклоп се топи без труд. Не вложувате енергија во тоа како ќе испаднете, нити ги преиспитувате правилата на однесување. Нема потреба да се докажувате и покрај оваа личност немате чувство дека сте излегле од вашата комфорна зона, туку како неочекувано да се враќате кон сопствениот мир. 2. Чувство на долготрајна блискост и препознавање Блискоста е чувство што обично го градиме со месеци или години, но тука се јавува парадокс: иако речиси ништо не знаете за личноста, длабоко во себе чувствувате дека отсекогаш сте ја познавале. Временските и просторни дистанци губат значење, разговорот тече лесно, нивната појава не ви е туѓа, туку препознавате некого кој ви е несфатливо близок. 3. Тивко откажување од менталната листа со критериуми Повеќето од нас носат во себе слика за тоа како би требало да изгледа идеалниот партнер, со што би требало да се занимава или како би требало да се однесува. Во моментот кога ќе се воспостави ваква поврзаност, сите тие однапред замислени услови веднаш стануваат неважни. Не ја споредувате оваа личност со вашите стари мерила, ниту се обидувате да ја вклопите во вашите претходни сфаќања. Ја прифаќате целосно – токму таква каква што е – сфаќајќи дека нејзината автентичност е единственото нешто што навистина ви е важно. 4. Говор на телото што го разоткрива поместувањето на границите Пред умот воопшто да може да дефинира што се случува, телото реагира прво. Вашата внатрешна состојба суптилно го менува вашето држење, гестикулациите и изразот на лицето. Движењата ви стануваат помеки, погледот постабилен, а говорот на телото несвесно се отвора кон другата личност. Без каква било намера или преправање, вашата физиономија испраќа тивок сигнал на прифаќање, дозволувајќи ѝ на другата личност да се приближи повеќе отколку што вообичаено би дозволиле некому што тукушто сте го запознале. 5. Присуство што не блее по разделбата Кога средбата ќе заврши и ќе се вратите на секојдневните обврски, енергијата на тој момент не исчезнува. Личноста останува присутна во вашите мисли – не како товар или опсесија, туку како благ, траен впечаток. Вашиот внатрешен простор останува исполнет со нејзиното присуство, а сликите од идните заеднички мигови сосема природно се редат во вашиот ум, без никаков притисок. Ако ова чувство не бледнее со минување на деновите, сосема е сигурно дека не сте доживеале само минлива занесеност, туку средба која ја носи моќта на вистинската поврзаност. Извор: sensa.story.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЕве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафеШтом ќе ги отворите очите и ќе посакате голтка од вашиот омилен напиток, неопходно е да се хидрирате.Кога ќе се разбудите наутро, веројатно првата помисла не ви е да се напиете чаша вода, особено ако имате навика да посегнете по шолја кафе. Но, стручните лица предупредуваат дека кофеинот може да почека додека не се напиете барем една чаша вода. Во текот на ноќта, нашето тело губи течност со потење и дишење. Поради тоа се будиме со блага дехидратација, што директно влијае на падот на енергијата, намалена концентрација и отежнато носење одлуки во првите часови на денот. Истражување објавено во списанието “Psychological Research” покажало дека доллгиот период без вода влијае на когнитивните функции и мозокот. Спас за желудникот и варењето Освен што ја враќа неопходната течност во телото, чашата вода пред утринското кафе го штити и дигестивниот тракт. Кафето само по себе е кисело, па кај многумина пиењето кафе на празен желудник предизвикува киселина или непријатно чувство. Водата создава блага заштита во желудникот и ја ублажува иритацијата што кафето може да ја предизвика. Стручни лица од универзитет во Њујорк наведуваат дека за добар почеток на денот доволно е да испиете 250-500 мл вода веднаш по будење. За да го поттикнете варењето помага топла или млака вода бидејќи ги опушта мускулите на дигестивниот систем и ја поттикнува работата на цревата. Златно правило на хидратација Иако чаша вода наутро е одличен почеток, важно е да го одржувате внесувањето на течности во текот на денот. Според нутриционистите, вкупната дневна количина би требало да изнесува околу 2,7 L за жени и 3,7 L за мажи (вклучувајќи ја течноста од храната и другите напитоци). Ако чувствувате умор и исцрпеност наутро или блага главоболка, воведете една рутина. Пред да сварите кафе, напијте се чаша вода и следете како ќе се чувствувате. Можеби токму оваа едноставна навика ви е потребна за поенергичен почеток на денот. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter