Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите
1Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите
Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
1 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
МакедонијаЗајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите „Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии? Законот треба да важи еднакво за сите!“„Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии? Законот треба да важи еднакво за сите! Како што важи за претседателот на државата, за јавниот обвинител, за амбасадорите – така да важи и за сите избрани и именувани лица. БЕЗ ИСКЛУЧОК. ОД ДЕНЕС! Еве, нека немаат двојно државјанство и пратениците, и министрите, и директорите – сите. И тоа да важи за СЕГАШНИТЕ, без одлагање“, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Зајкова бара да се направи увид и доколку некој во моментот кога стапил на функција имал двојно државјанство, веднаш да си поднесе оставка. „Воедно, пратениците-предлагачи нека побараат оставки од сите министри кои евентуално имаат или имале двојно државјанство во моментот на изборот. Како до вчера било во ред, а сега не е. Или ќе го држат ставот до крај – или ќе бидат обвинети од јавноста за ДВОЛИЧНОСТ. Еве, јас волонтирам – нека почне од моето државјанство. Подготвена сум да заверам изјава пред нотар дека не сум имала друго државјанство“, пишува претседателката Зајкова и ги повикува своите колеги пратеници и функционери истото да го направат со проверка и на нотар, објави на ФБ претседателката на ЛДП, Моника Зајкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витаминНедостатокот на одделни витамини и минерали може да предизвика сериозни здравствени тегоби. Меѓу важните нутриенти е витаминот Б12, чиј недостаток може да се одрази на нервниот систем, крвната слика и општата состојба на организмот. Недостатокот на витамин Б12 може да се развие постепено, а симптомите не секогаш се лесно воочливи. Во некои случаи може да се јават проблеми со помнењето, збунетост и тешкотии со концентрацијата, но и физички симптоми како трнење, пецкање во рацете и нозете. Кои се симптомите на недостаток на витамин Б12? Витаминот Б12 е вклучен во формирањето на црвените крвни зрнца и е важен за здравјето на нервниот систем. Кога на телото му недостасува, може да се појават различни симптоми: изразен замор и слабост, вкочанетост или трнење во рацете и нозете, проблеми со меморијата, тешкотии со разбирање и расудување, проблеми со видот, мускулна слабост, ранички или болки во устата. Симптомите може да варираат од личност до личност, а нивниот интензитет зависи од тоа колку долго трае недостатокот на витаминот. Витаминот Б12 природно се наоѓа главно во храна од животинско потекло, како што се месо, риба, јајца, млеко и други млечни производи. Затоа, луѓето кои не консумираат храна од животинско потекло може да имаат поголем ризик од негов недостаток ако не користат правилно збогатена храна или додатоци во исхраната. Сепак, недостатокот не е нужно поврзан само со исхраната. Проблемот може да се појави и кога телото не може правилно да го апсорбира витаминот Б12. Зошто телото не апсорбира доволно витамин Б12? Недоволната апсорпција може да биде поврзана со разни проблеми на дигестивниот систем. Гастритисот, или воспалението на желудочната слузница, може да влијае на способноста на телото да го апсорбира овој витамин. Една од можните причини е недостаток на желудочна киселина, која е потребна за правилна апсорпција на Б12. Одредени болести на дигестивниот систем, како што се Кронова болест и целијакија, исто така можат да го отежнат апсорбирањето на овој витамин. Ризикот може да постои и кај луѓе кои имале одредени операции на дигестивниот систем, вклучително и операција на гастричен бајпас. Прекумерното консумирање алкохол исто така може да го оштети дигестивниот систем и да придонесе за недостаток на витамин Б12. Важно е да се препознаат симптомите Бидејќи недостатокот на витамин Б12 може да се развие постепено, симптомите понекогаш се припишуваат на замор, стрес или стареење. Сепак, честата вкочанетост и пецкање во екстремитетите, необјаснетиот замор или промените во меморијата и когнитивните способности не треба да се игнорираат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина Брачните проблеми може да се предвидат со 96% прецизност – тврдат психолозите Ако се препознаете во овие 4 обрасци на однесување, време е за разговор.Начинот на кој партнерите разговараат за време на конфликтот, дури во 96% од случаите може многу да открие за состојбата на нивната врска. Психолозите Џон и Џули Готман издвојуваат 4 веродостојни обрасци на однесување врз основа на долгогодишното проучување на партнерските односи. Тие автоматски не значат дека бракот е осуден на пропаст, но може да бидат важен знак за тоа дека на односот треба да му се посвети внимание. Критиката на партнерот го продлабочува проблемот Начинот на кој парот ја започнува кавгата може прилично да го предвиди исходот. Првиот образец не е обичниот приговор, туку нападот врз карактерот на партнерот. Реченицата „Никогаш не правиш како што треба“, или „Толку си себичен...“ не го решаваат конкретниот проблем, туку создаваат чувство дека другата личност е постојано виновна. Многу покорисно е, кога говорите за конкретна постапка и сопствените чувства, наместо „Никогаш не мислиш на мене“, да кажете: „Ме повреди тоа што не ми се јави“. Презирот е особено опасен за бракот Сарказмот, потсмевот, вртењето со очите, навредите, обраќањето од високо, може да укажуваат на презир. Според истражувањата на Готман, токму презирот е еден од најсериозните показатели дека во односот се насобрало многу незадоволство и горчина. Одбранбениот механизам го отежнува решавањето на конфликтот Кога партнерот ќе се пожали, а другата личност веднаш почнува да се правда и да ја префрла вината, разговорот тешко може да доведе до решение. Реченицата „За сè сум јас виновен!“, или „Така направив затоа што ти...“ често служи за избегнување одговорност. Дури и признавање на дел од сопствената одговорност може да го промени текот на разговорот. Важно е да покажете дека сте ја слушнале перспективата на партнерот, дури и кога потполно не се согласувате. Повлекувањето може да изгледа како рамнодушност Последен образец е повлекувањето, односно емоционално исклучување во текот на конфликтот. Тоа може да биде игнорирање на партнерот, гледање во телефон, одговарање со еден збор или одбивање разговорот да продолжи. Сепак, повлекувањето не мора секогаш да значи дека не ви е грижа. Понекогаш тоа укажува на емоционален хаос, па паузата може да помогне. Кога двајцата ќе се смирите, може да продолжите со разговорот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноНеверојатна свадба во поплавена црква: Младите го кажаа судбоносното „Да“ во вода до струкот (ВИДЕО)Вода ја поплави црквата и стигна речиси до половината, но овој пар немаше намера да го одложи својот голем ден!Лиан Лиеза Галанг и нејзиниот избраник Гилберт Чико се венчаа во црквата „Свети Јован Крстител“ во Хагоној, Филипини, а видеото од церемонијата го обиколи светот. Клупите останаа празни Лиан носеше бела венчаница и храбро одеше низ матната вода, приближувајќи се кон олтарот. Во рацете држеше букет бели цвеќиња, а Гилберт ја чекаше таму. Клупите останаа празни, но беа украсени со пластични цвеќиња за да се одржи донекаде нормален изглед на свечената церемонија, објавува Дејли меил. Фотографката Мико Реј Алфонсо изјави дека парохијата претходно го советувала парот да ја одложи венчавката поради поплавата. Црквата беше делумно под вода речиси еден месец, по недели обилни дождови. И покрај ова, младенците не сакаа да се откажат. „Бидејќи решија да истраат, ние, парохиските службеници, направивме сè што можевме за да го направиме ова посебен ден за нив“, додаде Алфонсо. До црквата стигна со рикша Невестата стигна до црквата со рикша и така успеа да ја одржи венчаницата чиста, сè додека не влезе во поплавената црква. На снимката се гледа како нејзините родители ја прегрнуваат, откако самите поминале низ водата и застанале покрај својата ќерка. Една од повпечатливите сцени прикажува младо момче кое ги носи венчалните прстени на идните сопружници. Во тој момент, водата му достигнува до струкот. И покрај сè, церемонијата се одржа, во присуство на околу петнаесет луѓе. „Тие се сакаат. Ништо не можеше да ја спречи нивната свадба“, заклучи фотографот на парохијата. View this post on Instagram A post shared by Ouest-France (@ouestfrance) Тагови: свадба Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter