Зајкова: Задоцнети, нетранспарентни мерки и намалени субвенции за лозарите - Канал 5

Зајкова: Задоцнети, нетранспарентни мерки и намалени субвенции за лозарите

На денот кога лозарите го одбележуваат Св. Трифун – симболот на македонското лозарство и винарство – сведоци сме на нетранспарентни и задоцнети мерки, вели во изјава Моника Зајкова, претседател на ЛДП, што МИА ја објавува интегрално. 

Зајкова: Задоцнети, нетранспарентни мерки и намалени субвенции за лозарите

Го прашуваме министерот за земјоделие дали имавме рекордна цена или задоцнета мерка за проблем кој постои веќе втора година?

Винскиот сектор носи околу 20% од бруто земјоделското производство и претставува еден од клучните извозни адути на државата. Одлуката за финансиска поддршка од 10 денари по килограм за веќе откупено винско грозје од сортите Вранец и Кратошија од реколта 2025, отвора сериозни дилеми – без објавена економска анализа, без проценка на пазарните ефекти и без јасни критериуми кои се корисниците на оваа мерка, односно кои винарии ќе ja користат поддршката и во колкав износ на финансиски средства по сорти грозје, согласно официјалните податоци со кои располага Државниот инспекторат за земоделство?

Воедно од состојбата на терен јасно е дека постои ниска исплата на лозарите кои добивале и по 52.000 денари по хектар, за сега да добијат само 42.000 денари по хектар. Од друга страна винариите се соочуваат со вишок на грозје од црната сорта, а Министерството задоцнето излегува со соопштение за рекордна цена за реколта 2025, а отпосле носи мерка без анализа за субвенционирање на откупот речиси 50%.

„Како пратеничка доставив писмено пратеничко прашање до министерот за земјоделство со кое барам прецизни одговори: Врз основа на каква економска, производствена и пазарна анализа е донесена подмерката за финансиска поддршка од 10 денари по килограм за веќе откупено винско грозје од сортите Вранец и Кратошија и кои се очекуваните краткорочни и долгорочни ефекти од нејзината примена врз лозарите, винариите и пазарот на вино?“, прашува Зајкова.

„Како е утврдена висината на поддршката од 10 денари по килограм, имајќи ги предвид загарантираните откупни цени за реколта 2025 година и дали е направена проценка за можни пазарни нарушувања или поттикнување на дисбаланс во производството на одредени сорти грозје? Кои субјекти ќе бидат корисници на јавните средства“, изјави Моника Зајкова на денешното закројување на лозје по повод празникот од Демир Капија.

„Мора да постојат фер правила и предвидлива политика. Државата не смее да интервенира по завршена берба без јасни бројки и без транспарентност. Ако оваа мерка е оправдана – да ги видиме анализите. Св. Трифун е ден кога му оддаваме почит на трудот. Време е Владата да покаже почит со дела, а не со ад-хок одлуки“, додаде Зајкова.

Лозарите заслужуваат стабилен пазар, винаарите јасна стратегија и предвидливост, а јавноста заслужува одговори.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

„Вориорс“ победија со 51 поен разлика!

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 .

Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава.

Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма.

Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата.

Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени.

Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции.

Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени.

Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“.

Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис.

На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција.

За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот на Европската комисија за 2026 година, со посебен акцент на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда.

На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена важноста од одржување на реформската динамика и продолжување на институционалните заложби за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските што произлегуваат од Реформската агенда.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашната работа, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и ефикасноста на правосудните институции.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер