Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991-ва до денес - Канал 5

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991-ва до денес

Целосен ветинг и детална проверка на избраните и именуваните функционери, но и на овластените инспектори, цариници, полицајци и сите критични професии, подложни на влијание и корупција.

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица  од 1991-ва до денес

Целосен ветинг и детална проверка на избраните и именуваните функционери, но и на овластените инспектори, цариници, полицајци и сите критични професии, подложни на влијание и корупција, бара претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова.

„Трагедијата во Кочани и неизмерната тага која нѐ обви сите нас е врвот на проблемот, кој е многу подлабок е посуштински. Навистина е тажно што мораше да се случи ваков трагичен настан, за конечно да разбереме дека тука нешто мора да се промени и тоа мора да се промени брзо. Се надевам дека конечно и свеста кај сите ќе проработи. Живееме во многу корумпирано општество, каде со пари се купува сѐ, здравјето, образованието, лиценци, пресуди итн.“, вели Зајкова.

Според Зајкова, проблемот можеме да го лоцираме уште во 1990-тите години, односно од осамостојувањето и погрешно поставените темели.

„Погрешно е креиран системот. Направен е да ги штити големците и крупниот капитал наспроти интересот на граѓаните. Сведоци сме изминатите 30 години дека моќниците купуваат речиси сѐ и корупцијата е навлезена во секоја пора на нашето општество, за што сите ние сме колективно одговорни и сите мора да се согласиме дека е крајно време да се преземе нешто. Втора шанса нема да имаме“, заклучува Зајкова.

Во нашата држава инспектори за една ќеса риби не пишуваат казни на ресторани, министри полнат гепеци на службени возила со килограми јаболка, на големо се плаќаат ручеци, вечери, викенди, летни и зимски одмори на оние кои се надлежни, додека цената ја плаќаат сите обични граѓани и тоа најчесто, на најлошиот можен начин.

„Затоа потребен ни е сеопфатен и детален ветинг на работата на сите кои вршат некаква функција, но и на овластените инспектори, цариниците, полицијата и сите останати специфични професии, кои имаат надлежности во рамки на системот на владеење. Колку што се виновни функционерите, подеднакво виновни се и оние кои со својата секојдневна работа овозможиле да стигнеме до тука и ова мора еднаш засекогаш да престане. Заслужуваме да живееме во поправедно и чесно општество, како што живеат нашите сограѓани од ЕУ, нешто што и ние како држава целиме да го постигнеме. Да не чекаме нови трагедии, да превенираме“, вели Зајкова и додава дека сега е клучен момент да се преземат одлучни чекори и конечно да започне вистинска борба против корупцијата.

Трагедијата со пожарот кој вечерта помеѓу недела и понеделник ја зафати дискотеката Пулс во Кочани, во која животот го изгубија 59 млади луѓе е последна во низата трагедии кои се случија во изминатите неколку години, покрај пожарот во модуларната болница во Тетово, трагедијата со автобусот на Дурмо Турс во Ласкарци, но и автобуската несреќа на Беса Транс во Бугарија - производи на корупцијата и ставањето на профитот пред човечкиот живот и благосостојба.

Либерално-демократска партија

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер