3Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
МакедонијаЗајкова од Брисел: Либералите од Европа со целосна поддршка за европскиот пат на МакедонијаНа состанокот, Зајкова го информираше раководството на АЛДЕ за политичките случувања во земјите од соседството.Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, викендов престојува во Брисел на состанок на Бирото на АЛДЕ партијата (ALDE Party – Liberals and Democrats for Europe), во својство на претседателка на Алијансата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) и дел од Бордот на АЛДЕ партијата. На состанокот, Зајкова го информираше раководството на АЛДЕ за политичките случувања во земјите од соседството, за дејствувањето на либералните партии во регионот и побара поддршка за зајакнување на статусот на либералите во регионот, како и за демократските процеси и европската интеграција на земјите од Западен Балкан. „Воедно ја искористив приликата да побарам поддршка за деблокада на евроинтегративниот пат на Македонија преку изнаоѓање на креативно решение, согласно стандардите и вредностите на ЕУ. Либерализмот во Југоисточна Европа има глас, има енергија и има визија. ЛИБСЕЕН е доказ дека прогресивните сили во регионот се подготвени да бидат дел од европските решенија, а не проблем. Либералите мора да делуваат обединето и со јасни политики против популизмот“, напиша Зајкова во објава на социјалните мрежи по завршувањето на состанокот на АЛДЕ групата. Во рамки на посетата на Брисел, Зајкова реализираше средба и со германската европратеничка и актуелна претседателка на АЛДЕ, Свења Хан, од која двете испратија јасна заедничка порака со која се согласуваат дека е потребна брза интеграција во ЕУ на Македонија и земјите од Западен Балкан. На средбата беше истакната силната поддршка од страна на АЛДЕ и Германија за евроинтегративниот и реформски пат на Македонија, како и за достигнување на европските вредности и стандарди кон кои се стремиме како држава. „Горда сум што ЛДП останува глас на разумот, подготвени за креативни и одговорни решенија во однос на уставните измени, како клучен чекор за започнување на преговорите по поглавја и забрзана интеграција во Европската Унија. ЕУ не е само цел – ЕУ е вредност“, изјави Зајкова по завршувањето на средбата со претседателката на АЛДЕ, Хан. Партијата АЛДЕ (Алијанса на либерали и демократи за Европа), е европска политичка партија составена од 76 партии на национално ниво од цела Европа, претежно активни во Европската Унија. Партијата АЛДЕ е поврзана со Либералната интернационала и е призната европска политичка партија. Основана е на 26 март 1976 година во Штутгарт, како конфедерација на национални политички партии под името „Федерација на либерални и демократски партии во Европа“ и преименувана во „Европски либерали и демократи“ (ЕЛД) во 1977 година и подоцна, во „Европски либерални демократи и реформисти“ (ЕЛДР) во 1986 година. На 30 април 2004 година, ЕЛДР е реформирана како официјална европска партија, „Европска либерална демократска и реформска партија“ (ЕЛДР ПАРТИЈА), а од 2012 го носи името АЛДЕ. ЛДП е полноправен член со право на глас во европската партија, а претседателката Моника Зајкова е членка на Бордот на АЛДЕ. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: Моника Зајкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска објави дека пред претстојните натпревари од првото коло на Лигата на шампионите ќе се одржи минута молчење во спомен на загинатите во поплавите во Непал.Натпреварите од првото коло на Лигата на шампионите ќе се играат од вторник до четврток. „Како знак на солидарност и поддршка, пред почетокот на сите натпревари од Лигата на шампионите ќе биде одржана минута молчење и ќе биде истакнат транспарент на кој ќе пишува: „Не си сам, Непал“, соопшти УЕФА. Според најновите бројки, повеќе од 1.300 луѓе загинаа во поплавите во Непал, кои ја погодија земјата на 26 август, додека околу 5.000 се водат како исчезнати. „Целото европско фудбалско семејство е обединето пред натпреварите што се играат оваа недела за да изразиме најдлабоко сочувство и поддршка до народот на Непал. Им посакуваме сила и упорност да се опорават од оваа голема трагедија и нејзините последици“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕвропаСе урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)Во центарот на Рим, се урна кат од деловна зграда, но за среќа четири лица беа спасени, соопштија властите.Зградата на Виа Кола ди Риенцо, во која се наоѓаат продавницата „Норт Фејс“ и хотелот „Консоли“, моментално е затворена поради несреќата, според агенцијата „АднКронос“. Хотелот е во процес на реновирање. Директорката на противпожарната служба, Беатрис Танци, изјави дека таванот помеѓу приземјето и првиот кат делумно се урна. Иако четири лица беа спасени, екипи со кучиња трагачи и специјалисти кои го пребаруваат подрачјето сè уште бараат. Таа додаде дека во тек се работи за реновирање во хотелот „деи Концоли“ и истакна дека не е исклучено „натрупаниот материјал“ на градилиштето да ги „преоптоварил подовите“. #Roma, crollo solaio in una palazzina in ristrutturazione in via Cola di Rienzo: dalle 10:30 #vigilidelfuoco al lavoro con 2 squadre, nucleo #USAR e cinofili, esclusa la presenza di persone coinvolte. Operazioni di messa in sicurezza dell’area in corso [#7settembre 12:15] pic.twitter.com/ppviTk1iNt — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) September 7, 2026 Тагови: зграда Рим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12