Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица и официјално се припоија кон општина Кичево - Канал 5

Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица и официјално се припоија кон општина Кичево

Советот на општина Кичево денеска ја одржа својата втора седница на која беше донесена одлука за укинување на трезорските сметки на општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица.

Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица и официјално се припоија кон општина Кичево
МИА јави дека потоа беше донесена одлука за преземање на вработените и целокупното работење на општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица кои се припојуваат кон општина Кичево.

Седницата траеше триесетина минути и сите одлуки беа прифатени едногласно од страна на сите 23 советници колку што брои новиот состав на Советот на општина Кичево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието

Трајко Славески беше мој личен избор по консултација со експерти, немаше никакво политичко влијание, дојдов тука од почит кон граѓаните, иако не сум надлежна за банкарскиот сектор, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Продолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието

Трајко Славески беше мој личен избор по консултација со експерти, немаше никакво политичко влијание, дојдов тука од почит кон граѓаните, иако не сум надлежна за банкарскиот сектор, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која во својство на сведок прва одговараше на прашањата од пратениците на втората надзорна расправа за Алта банка во Собранието. Претседателката како бизарни и навредливи ги отфрли прашањата од опозицијата врз основа на кои критериуми го номинирала Славески за гувернер на НБРМ, и дали неговиот избор бил само заради договор меѓу Мицкоски со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија.

- Не тврдам дека постои докажан договор меѓу вас Мицкоски, Мацура и Вучиќ, но кога гувернерот јавно потврдува дека се консултирал со премиерот за влезот на конкретната банка, сосема легитимно е да се бара одговор дали зад овој процес имало политичко договарање. И затоа ве прашувам дали назначувањето на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија, рече Мираковска.

- Навредливо е за мене да одоговарам на прашања за односите со Вучиќ, Мацура, бесмислено е. Уставот ја гарантира самостојноста на НБРМ, а Законот за Народната банка ја гарантира нејзината независност. НБРМ не смее да прима насоки од никого, вклучувајќи го и претседателот. Како си дозволувате да кажете како сум го избарала. Го избрав врз основа на законски утврдени критериуми, без никаков притисок, одамна сум докажала дека сум имуна на притисоци, изјави Силјановска Давкова.

Додека траеше исказот на Силјановска Давкова, атмосферата во салата се вжешти со довикување од страна дел од пратениците, што ја поттикна претседателката да реагира, по што процедурално реагираше и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски кој ја повика на взаемна почит.

На надзорната расправа сведочеше и бизнисменот и поранешен директор на ЕУРОСТАНДАРД банка, Трифун Костовски, кој праша зошто НБРМ тогаш не ја спасила Еуростандард како АЛТА банка сега. Мацура кажа дека не го познавал, а одговори и на пратеничките прашања дали имал комуникација со тогашните владини функционери од СДСМ пред затворањето на Еуростандард банка.

-Средба со Заев не сум имал, синот мој ми покажа дека дента кога е однесена банката во стечај, мојот син имал средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и било разговарано да се запре евентуално било каков процес, бидејќи ние како акционери имавме голема желба банката да не се однесе во стечај. Банката се носи во стечај кога немаме Влада, Собрание, институции, а соработката меѓу институциите е клучна. Затоа ја поддржувам одлуката на НБРМ да ја спаси АЛТА банка, изјави Костовски.

Во меѓувреме, од Народната банка соопштија дека правните лица кои имаат платежни сметки во „Алта банка“ АД Битола од денеска ќе можат без ограничување на износот да располагаат со новите приливи, доколку средствата се префрлени од сметки во други банки или кај други даватели на платежни услуги.

Со оваа одлука, како што велат од НБРМ, компаниите ќе можат во целост да ги користат новопримените пари кои пристигнуваат од други финансиски институции. Истата можност веќе важи и за физичките лица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во Украина

Најмалку 490 илјади руски војници загинале од почетокот на војната во Украина пред речиси пет години.

„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во Украина

Протечените податоци од руската агенција за статистика РОССТАТ откриваат како целосната инвазија фундаментално ги променила моделите на смртност во Русија и ја покажуваат високата човечка цена на војната за која Путин претпоставуваше дека ќе трае само неколку дена, објавува Би-Би-Си.

Медиумот имал пристап до 11,7 милиони записи за смртни случаи, наводно откриени по хакерски напад од белоруска и украинска група.

Податоците покажуваат дека околу 116.000 загинале само во областа Покровск, каде што се водеше една од најкрвави битки во војната.

Записите на „РОССТАТ“ анализирани од „Гардијан“ покажуваат дека војната постојано станувала сè посмртоносна, достигнувајќи драматичен врв во пролетта лани, кога руската армија губела по 700 луѓе дневно..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две финансиски друштва добија забрана да издаваат брзи кредити

Две финансиски друштва добија забрана во времетраење од 30 дена да одобруваат т.н. Брзи кредити, откако Министерството за финансии утврдило неправилности при вонреден надзор над нивното работење.

Две финансиски друштва добија забрана да издаваат брзи кредити

Покрај привремената забрана, на друштвата им се изречени и парични казни согласно законските прописи. Од министерството информираат дека контролите биле спроведени во изминатите три месеци, постапувајќи по пријави и претставки од граѓани.

Надлежните најавуваат дека контролите ќе продолжат, со посебен фокус на заштитата на граѓаните кои користат финансиски услуги, особено кредитите што ги нудат финансиските друштва.

Од јули 2024 година досега, министерството за финансии изрекло повеќе мерки во рамки на надзорот над финансиските друштва. На четири друштва им биле одземени дозволите за работа, три биле привремено затворени, а 18 финансиски друштва добиле парични казни во вкупен износ од околу 49.400 евра. Дополнително, биле издадени и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер