ГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски
1ГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски
МакедонијаЗајакнати акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли6.932 прекршоци и 503 кривични пријави.Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, како и 33 прекршоци сторени од возачи на велосипеди. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 2.146, СВР Битола – 992, СВР Велес – 856, СВР Куманово – 583, СВР Штип – 544, СВР Тетово – 541, СВР Охрид – 420 и СВР Струмица – 327, додека од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 556 прекршоци. Од вкупно констатираните прекршоци, 5.678 се однесуваат на неносење заштитен шлем – кацига при управување со овие видови возила. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во текот на спроведените контроли констатирани се и 15.715 други прекршоци, а против 503 возачи се поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите акциски контроли на целата територија на државата, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи. Апелираме до сите возачи на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила одговорно да учествуваат во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да користат заштитен шлем – кацига и да не управуваат под дејство на алкохол или други психоактивни супстанции.Тагови: контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНејмар за новиот соиграч: Ако е ова сон, не сакам да се разбудам (ВИДЕО)Нејмар (34) не го криеше своето задоволство од доаѓањето на Филипе Кутињо во Сантос. Бразилскиот клуб објави видео од нивната средба во тренинг центарот, а Нејмар го поздрави својот долгогодишен пријател со прегратка и зборовите: „Ако ова е сон, не сакам да се разбудам“. Кутињо (34) потпиша договор со Сантос до крајот на сезоната. Тој е без клуб од февруари, кога го напушти Васко де Гама, клубот каде што порасна и се врати во 2024 година. Прв пат заедно во ист клуб Нејмар и Кутињо со години се соиграчи во бразилската репрезентација, но никогаш не играле заедно за ист клуб. Иако двајцата го носеа дресот на Барселона во текот на нивните кариери, нивните епизоди на Камп Ноу не се преклопуваа. Нејмар замина во Пари Сен Жермен во летото 2017 година, додека Кутињо од Ливерпул пристигна во Барселона во јануари 2018 година. "SE FOR UM SONHO, NÃO QUERO ACORDAR!" 😂💭 Veja como foi a recepção para Philippe Coutinho em sua chegada ao CT Rei Pelé! https://t.co/Xtdzk9fpEK — Santos FC (@SantosFC) September 14, 2026 Кутињо помина пет години во Ливерпул и го изгради својот статус на еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата. По трансферот во Барселона, тој играше и за Баерн, Астон Вила, Ал-Духаил и Васко пред да се врати во бразилскиот фудбал и да потпише за Сантос. Нејмар, пак, се врати во Сантос на почетокот на 2025 година, во клубот каде што ја започна својата професионална кариера и од кој замина во Барселона во 2013 година. Сантос сега има двајца поранешни играчи на бразилската репрезентација во истата соблекувална, а доаѓањето на Кутињо очигледно беше пречекано од Нејмар со посебно задоволство. Кутињо последен пат играше за Бразил во март 2022 година, додека Нејмар се збогува со репрезентацијата по Светското првенство оваа година.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо ЈакимовскиГРОМ најостро ја осудува денешната нова кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски.Наместо човечност, наместо институционална воздржаност и наместо почитување на демократските принципи, гледаме континуирана политичка пресметка, Во исто време, Стевчо Јакимовски се наоѓа во болница и за само месец и половина помина низ три операции. Јавноста не е наивна. Граѓаните гледаат што се случува и со право прашуваат: Зошто повторно Јакимовски? Зошто токму сега кога пред само неколку дена Врховниот суд ги укина претходните пресуди против Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно постапување. И зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми? Јавноста очекува кривични пријави, истраги и разрешница за дивоградбите во Чаир, за урбаниот хаос и за сите случаи во кои постојат сомнежи за незаконско постапување. Очекува одговори за тоа кој дозволувал, кој градел, кој потпишувал и кој со години ги затворал очите пред дивоградбите. Наместо тоа, добиваме нова пријава против човек кој во моментов се наоѓа во болница. Ова повеќе не изгледа како борба за владеење на правото. Ова изгледа како политичка пресметка со неистомисленици. ГРОМ ја повикува власта да престане да ги користи институциите како средство за заплашување и политички притисок. Не може едни да бидат недопирливи, а други постојано да бидат предмет на институционален прогон. Особено лицемерно е кога власта зборува за правда и владеење на правото, а јавноста секојдневно гледа селективност, двојни стандарди и институции кои очигледно имаат различни аршини за различни луѓе. Додека Јакимовски се бори за своето здравје во болница, власта продолжува да се пресметува со политичкиот противник. Тоа не е демократија. Тоа не е владеење на правото. И тоа не е Македонија каква што заслужуваат нејзините граѓани. ГРОМ бара институциите да постапуваат еднакво кон сите, транспарентно и без политички притисоци. И затоа уште еднаш прашуваме: КОГА ЌЕ ДОЈДЕ РЕДОТ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР? И ДО КОГА ВЛАСТА ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА СО ОПОЗИЦИЈАТА НАМЕСТО ДА ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ? ГРОМ ќе продолжи да ја брани демократијата, политичкиот плурализам и правото на секој што мисли поинаку да биде слушнат – а не прогонуван. ГРАЃАНСКА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈемен тоне во хуманитарна катастрофаКанцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека најмалку 125.000 луѓе се раселени во Јемен од почетокот на септември поради ескалацијата на непријателствата.Според нивните податоци, бројот на цивилни жртви продолжува да расте. „OCHA“ исто така извести дека најмалку 18.000 домаќинства биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на месецот и дека хуманитарните организации обезбедиле помош за илјадници домаќинства, пренесува Ал Џезира. Канцеларијата исто така предупреди дека залихите на хуманитарна помош се на критично ниско ниво поради недоволното финансирање. Според извештаите, движењето на хуманитарните мисии останува прекинато на неколку локации долж западниот брег на Јемен поради насилството, додека пристапот до клучните патишта е ограничен или тие се непроодни. Извор: Б92Тагови: Јемен хуманитарна катастрофа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter