Зајачица на Плејбој: Не смеев ниту да бидам болна, мислев дека ќе ме заменат (ВИДЕО) - Канал 5

Зајачица на Плејбој: Не смеев ниту да бидам болна, мислев дека ќе ме заменат (ВИДЕО)

Животот во вилата на Хју Хефнер не бил како што ѝ е претставен на јавноста, тврди една од поранешните девојки на Хефнер, пишува Mirror.

Зајачица на Плејбој: Не смеев ниту да бидам болна, мислев дека ќе ме заменат (ВИДЕО)

Холи Медисон, која се забавуваше со Хефнер седум години, се отвори за животот во замокот на нејзиниот подкаст за девојки.

43-годишната Холи тврди дека никогаш не ѝ било дозволено да земе боледување од страв да не биде заменета. "Јас делев соба со Хеф и никогаш не се чувствував како да можам. Имав операција неколку пати, па не можев да излезам надвор. Живеев во страв да не бидам заменета, односно дека Хеф ќе донесе некоја друга девојка која ќе биде моја замена“, рекла таа и додала дека Хефнер дури двапати зад грб ѝ донел нова девојка во куќата, додека таа не можела да излезе со него во јавност, пишува Мирор.

Таа рече дека за време на опоравувањето од операција или болест, била принудена да остане во резервна спална соба, додека другите новодојдени девојки ќе бидат во нејзината соба, со нејзините работи.

YouTube video

Покрај Холи, своето искуство од вилата на Плејбој претходно го раскажа и Изабела Ст. Џејмс. „Секоја спална соба имаше неусогласени, случајни парчиња мебел. Се чинеше дека некој отишол во продавница за добротворни производи и купил основни работи за секоја соба. Душеците на нашите кревети беа одвратни, стари, истрошени и извалкани. Исто така, чаршафите не беа во најдобра состојба“, изјавила Изабела.

Изабела, исто така, тврдеше дека замокот често мирисал поради Арчи, куќното куче, кое мокрело на завесите во ходникот.

Холи почнала да излегува со Хефнер кога имала 21 година, откако неговиот лекар ја поканил на една од неговите забави во вилата на Плејбој. Во документарниот филм „Тајните на Плејбој“, таа призна дека ја привлекувала куќата бидејќи „постојано ќе биде во центарот на вниманието“. И покрај тоа што не беше физички привлечена од Хефнер, тогаш во средината на своите педесетти години, таа призна дека „бил многу шармантен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без јасен победник на изборите во Кнесетот. Претстојат преговори за обезбедување мнозинство

По пребројувањето на гласовите од парламентарните избори во Израел нема јасен победник, двата главни блока се далеку од мнозинство во Кнесетот со 120 места.

Без јасен победник на изборите во Кнесетот. Претстојат преговори за обезбедување мнозинство

Блокот предводен од партијата ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху доби 53 места во Кнесетот, додека опозицискиот блок, предводен од партијата Јашар на поранешниот началник на генералштабот на изреаелската армија - Гади Ајзенкот, доби 48.

Арапските партии обезбедија рекордни 19 места. Овој резултат значи дека Израел се соочува со веројатно тежок период на преговори за формирање влада, а не се исклучува и влада на национално единство бидејќи голем дел од еврејските партии одбиваат да коалицираат со арапските.

Израелскиот претседател Исак Херцог ќе одржи консултации со лидерите на партиите избрани во кнесетот пред да ја додели задачата за формирање на влада на кандидатот за кој верува дека има најдобри шанси да обезбеди доволна поддршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната.

Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу.

Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат.

Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Во петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио Стојановски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. шпагети

150 гр. сирење

150 гр. кечап

масло

сол и малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер