Серафимовски – Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството
ДЗР: Македонија не е подготвена за катастрофи, недостигаат 200 пожарникари, опремата е застрена, системот со слабости
1Серафимовски – Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството
2ДЗР: Македонија не е подготвена за катастрофи, недостигаат 200 пожарникари, опремата е застрена, системот со слабости
3Одземени 20 електрични тротинети, казнети над 1.500 возачи – дали ќе се стави ред на велосипедските патеки?
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЗабаваЗаигра со задникот: Манекенката во долна облека ги покажа своите способности (видео)Манекенката Шанина Шајк е уште една во низата модели кои се појавија на снимањето на реклама за магазинот „Love”.Во секси долна облека со златна јакна таа заигра пред камерите. Снимањето очигледно не и падна тешко, а со видео снимката ги освои машките срца ширум светот. Иако оваа убава бринета носи исто презиме како и светски познатиот модел Ирина Шајк, овие две убавици не се во сродство. 🌟Shanina 🌟 @shaninamshaik by Hype Williams 🌟 wearing @dsquared2 . Styling @lysacooper hair @ashleyjavierhair make up @patmcgrathreal Music by @tanerelle 🌟 A video posted by LOVE MAGAZINE (@thelovemagazine) on Jan 7, 2017 at 12:51am PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски – Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделствотоМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер и регионалниот советник за земјоделство, Александре Мартинез.На средбата беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството, со посебен акцент на размената на искуства и знаења, особено во делот на европските интеграции и усогласувањето со европските стандарди и практики. Посебно внимание беше посветено на можностите за поголемо присуство на македонските земјоделски и прехранбени компании и изложувачи на француските саеми, со цел промоција на македонските производи, отворање нови пазари и воспоставување нови деловни партнерства. Министерот Серафимовски и амбасадорот Ле Риголер ја потврдија заедничката заложба за продолжување на конструктивниот дијалог и развивање конкретни иницијативи од заемен интерес, насочени кон модернизација, поголема конкурентност и меѓународна промоција на македонското земјоделство, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаДЗР: Македонија не е подготвена за катастрофи, недостигаат 200 пожарникари, опремата е застрена, системот со слабостиСистемот за заштита и спасување во Македонија функционира претежно реактивно. Наместо да правовремено да превенираат, институциите ресурсите ги активираат откако кризите ќе се случат. Ова е еден од клучните наоди во извештајот на Државниот завод за ревизија, кој открива сериозни слабости во планирањето, координацијата, опремата и финансирањето. По рекордниот број пожари, но и штети од над 130 милиони евра во последните години, ревизорите повторно укажуваат на недостиг од луѓе. Особено загрижува состојбата со воздушните сили за гаснење пожари. Недостигот од пилоти, како и проблемите со логистиката и набавките ја намалува способнота на државата веднаш да реагира во катастрофи но и пожари. Во 2024 година во земјава според ДЗР биле регистрирани над 97.000 хектари опожарена површина, што е најмногу во последнава деценија. -Податоците на ЈП „Национални шуми“, наведени во анализата во периодот од 2023 до 2025 година изгореле 82.714 хектари шума и 914.657 кубни метри дрвна маса. Вкупната штета се проценува на речиси 134 милиони евра, од кои над 83 милиони евра се само од пожарите во 2024 година. Документот нотира слабости и кај Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Службата која покрива подрачје со речиси 617.000 жители, располага со само 172 пожарникари од предвидени 384. Тоа значи дека скопската противпожарна бригада практично функционира со помалку од половина од предвидениот кадар. „Канал 5“ за ова побара став од првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов. Во телефонски разговор Ангелов уверува дека најголемиот дел од слабостите нотирани од ДЗР се веќе значително подобрени. Посочува дека ова лето „ер тракторите“ навреме биле сервисирани и ставени во функција, зголемен е бројот на противпожарни возила, а со законските измени е поедноставено и командувањето при итни интервенции. Инаку, за надминување на слабостите, ДЗР во своите заклучоци во извештајот бара реформа на целиот систем – нова Национална стратегија, јасни правила, стабилно финансирање, повеќе капацитети и поефикасен мониторинг и надзор. Целта е како што наведуваат ревизорите, системот да стане интегриран и функционален и да реагира пред да се случи евентуална катастрофа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдземени 20 електрични тротинети, казнети над 1.500 возачи – дали ќе се стави ред на велосипедските патеки?Нов закон – стари навики, брзото возење, најчесто без кациги, но и на несоодветна површина и натаму останува најчестата слика кај возачите на електрични тротинети, кои и натаму се носат себеси и сите останати во опасност.- Покрај тоа што ретко кој носи кациги, велосипедистите се жалат дека возачите на електрични тротинетите не го почитуваат ниту ограничувањето на брзината од 20 кмч, ниту пак некој дека истата ја мери. Нечујни се, а оние кои ги возат не сигнализираат соодветно, туку претекнуваат и пресекуваат пат, се жалат дел од велосипедистите, кои велат дека често влегуваат и во расправии со нив, оти безбедните вело-патеки, се претворени во опасни. - Брзо возат, можам да кажам и небезбедно. Често се вози брзо и во обратна насока. - Ве довеле во опасна ситуација? -Да, можам да кажам дека да, возам и дете со мене, претекнуваат, набрзина не можеш да видиш каде е што е. Јас возам електричен точак, лимитиран е на 26, тие ме поминуваат, возат - Ве довеле во опасност? -Два три пати и до расправии и се. Камерата на Канал 5 забележа дел од нив како возат и по коловоз, помеѓу автомобили и автобуси, а, просведочивме и на една опасна ситуација, каде за „влакно“ се избегна судир помеѓу велосипед и тротинет кој возеше спротивна насока.. - Ако малку не забавев, можеби ќе се судревме. Тука има и луѓе, на улицата, па мора да бидат повнимателни. Иако по законските измени не смеат да ги возат додека не наполнат 18 години, малолетниците и натаму често се на електричните тротинети, кои, покрај тоа што ги возат брзо, на нив се качуваат по два-тројца, сведочат оние кои ги анкетиравме. Полицијата во последниве четири месеци затекнала 81 дете на тротинет. - Колку има дечишта што се возат на тротинети по двајца, по тројца. Претежно во ноќните часови се по двајца тројца на тротинет и тоа се се’ малолетници. Кажуваат казни, повторно истото се случува, ниту кациги носат ниту ништо. Според последните статистики на МВР, во изминатите четири месеци регистрирани се над 10.000 прекршоци. Најмногу од нив се за неносење на кацига кај сите возачи на две „тркала“ над 7.000. Полицијата одзела и над 400 превозни средства од ваков тип, меѓунив и 20 тротинети. Од јуни навака детектирани се речиси 620 кривични дела, а друри 604 се однеуваат на возење без возачка дозвола. 14 од нив биле под дејство на алкохол. Регистрирани се и над 400 нерегистрирани возила во сообраќај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25