СветЗахарова: Русија има право да ги напаѓа земјите што ја снабдуваат Украина со оружјеПортпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, синоќа изјави дека Москва има право да ги напаѓа воените објекти на земјите што ја снабдуваат Украина за удари длабоко во Русија.-Русија смета дека има право да го користи своето оружје против воените објекти на оние земји што дозволуваат нивното оружје да се користи против Русија, рече таа на брифинг. Захарова истакна дека во случај на понатамошна ескалација, Русија ќе одговори „решително и на ист начин“. -Да потсетиме дека во ноември 2024 година, рускиот претседател Владимир Путин јасно го искажа ставот на Русија за одлуката на западните земји да дадат зелено светло за употреба на нивните системи за удар со долг дострел длабоко во руска територија. Овој став ќе остане непроменет. Русија смета дека има право да го користи своето оружје против воените објекти на оние земји што дозволуваат употреба на нивното оружје против Русија, а во случај на понатамошна ескалација на конфликтот, ние ќе одговориме решително и со ист ефект, рече Захарова. Според неа, доколку Украина ги користи системите Таурус со долг дострел против Русија, германската војска ќе биде директно вклучена во планирањето и спроведувањето на воени операции против Русија. -Всушност, германскиот воен персонал ќе биде директно вклучен во планирањето и спроведувањето на воени операции против нашата земја доколку се користат „Таурус“ или нивните модификации под други имиња, рече Захарова. Захарова додаде дека без разлика колку Западот се обидува да ги прикрие ваквите планови, нема да може да ги „скрие своите траги“, бидејќи првите ракети соборени од руските системи за противвоздушна одбрана брзо ќе овозможат да се утврди каде и како се произведени таквите системи и, што е најважно, да се утврди земјата на потекло. -Веќе предупредивме за последиците, заклучи дипломатката. Таа, исто така, нагласи дека употребата на германските ракети Таурус од страна на украинската армија би значела директно учество на Германија во борбите. Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц вети дека Вооружените сили на Украина (ОСУ) наскоро ќе добијат оружје со долг дострел од германско-британско производство. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ја изјавата на германскиот канцелар за „исцрпување на дипломатските средства“ за решавање на проблемите во Украина, истакна дека Русија ќе го земе предвид курсот на милитаризација усвоен во Европа во сите области на своето планирање./МИАТагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМоќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клуботФудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите. Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред. Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид. Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар. Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг. Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје или див запад? (ВИДЕО)Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема. На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди. Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај. Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМладите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години. Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години. Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години. Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години. Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом. Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook