БалканЗахариева:Пендаровски служи на политиките на Србија и на Русија на БалканотИзјавите на претседателот Стево Пендаровски повторно ја брануваат бугарската политичка јавност. Поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за БГНЕС, ги коментираше изјавите на Пендаровски по завчерашната седница на советот за безбедност. Според неа македонскиот претседател,не ги штити интересите на својата татковина, туку служи на политиките на Србија и на Русија на Балканот, Захариева, е актуелна претседателка на комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент, таа за денеска свика седница на која ќе биде сослушан амбасадорот на Бугарија во земјава, Ангел Ангелов. Захариева бара остра реакција од Бугарија во врска со изјавите на Пендаровски, кои, како што потенцира, не помагаат во развојот на билатералните односи меѓу Софија и Скопје. Инаку вчера македонската влада го задолжи МВР да преземе мерки за обезбедување на годишнината на Гоце Делчев на 4 февруари. Претходно Пендаровски најави дека чествувањето на роденденот на 4 февруари е настан од висок безбедносен ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје или див запад? (ВИДЕО)Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.Кој ќе одговара доколку коњот предизвика сообраќајна незгода? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМладите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години. Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години. Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години. Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години. Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом. Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа ГП„Табановце“ презентиран системот на телесните камери за царинските службеници Системот на телесни камери за царинските службеници,денеска официјално промовиран на Граничниот премин Табановце.Утринава на Граничниот премин Табановце беше промовиран системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден како донација преку меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги во рамки на кривичниот оддел при министерството за правда на САД. Според најавата, воведувањето на системот на телесни камери е дел од активностите насочени кон зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook