Загрижувачка појавата на шверц на оружје од Косово во Албанија - Канал 5

Загрижувачка појавата на шверц на оружје од Косово во Албанија

Косово стана најголемиот „снабдувач“ на Албанија со огнено оружје, што го потврдува полициската статистика, според која само во првите четири месеци од годинава се запленети 125 парчиња огнено оружје.

Загрижувачка појавата на шверц на оружје од Косово во Албанија

Косово стана најголемиот „снабдувач“ на Албанија со огнено оружје, што го потврдува полициската статистика, според која само во првите четири месеци од годинава се запленети 125 парчиња огнено оружје, од кои 75 се пиштоли, како и поголема количина муниција, јави Ора њуз.

Според истиот извор, загриженост за оваа појава изразил и првиот човек на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, наведувајќи дека „криминалните групи нарачуваат повеќе огнено оружје од типот пиштол“.

Само вчера полицијата во Тирана заплени 10 пиштоли, исто толку рамки за куршуми и поголема количина муниција, а уапси четворица косовски државјани.

- Шверцот со оружје е уште една криминална активност, која главно ги придружува групите вклучени во трговија со наркотици и се карактеризира со висока употреба на насилство. Во последно време е забележан растечки тренд на криминални групи кои дејствуваат во странство, а кои тука нарачуваат огнено оружје, од типот „пиштол“, а главен снабдувач останува Косово, изјавил тој.

Од истрагите на Специјалното обвинителство, но и на окружните обвинителства, се утврдува дека цената за еден пиштол се движи од илјада до 2 илјади евра.

- Шверцерите најчесто за внесување оружје ги користеле викендите и празниците, затоа што полициските службеници на граничните премини, од двете страни, не вршеле детални проверки на државјаните од Косово, туку од нив се барало само документ за идентификација. Обидите за шверц на оружје се очекува да се зголемат, бидејќи за граѓаните на двете земји нема детална контрола, наведува телевизијата.

Според СПАК, Косово, освен за огнено оружје, стана снабдувач и за експлозиви, кои се користеле во криминални активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона

Сè што сакаме од фудбалот видовме  синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планета

Видео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона

Бранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2.

Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања.

Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид.

YouTube video

Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите.

ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79')

Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52')

Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.)

Порто - ПСВ 0:1

Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87')

Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47')

Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4')

Вечерва играат :

среда

18.45

Комо - М. Јунајтед

Лил – Галатасарај

21.00

Астон Вила - Викинг

Баерн - Арсенал

Бетис - Феенорд

Клуб Бриж - Ланс

Интер - Шахтјор

Реал Мадрид - Лајпциг

Спортинг - ЛАСК

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“

Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.

Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар.

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.

Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

 Зеленски по разговорите во Осло изјави дека Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори.

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си.

Зеленски потврди дека американскиот систем за рано предупредување против руски напади сега повторно функционира и им се заблагодари на САД за соработката.„благодарни сме на американската страна.

- Сега функционира, одлично е“рече Зеленски нагласувајќи колку се важни навремените предупредувања за безбедноста на украинското население.

Неговата изјава доаѓа по неколкудневните тензии меѓу Киев и Вашингтон поради украинските тврдења дека САД повеќе не даваат навремени информации за руските ракетни напади.

Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон намерно крие разузнавачки информации од Украина. Тој тврдеше дека немало политичка одлука за прекин на соработката, туку дека проблемите се од техничка природа.

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека учесниците на состанокот постигнале вистински напредок по две важни групи прашања – долгорочни мировни решенија и итни мерки што би можеле да го намалат бројот на жртви. Зборувајќи за долгорочното решение, тој рече дека се пронајдени одредени елементи од можен мировен договор и дека предлозите ќе ѝ бидат презентирани на руската страна за време на утрешните разговори во Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер