Загрижувачка најава на Трамп: Интересни денови се пред нас, сите ќе зборувате за тоа (ВИДЕО) - Канал 5

Загрижувачка најава на Трамп: Интересни денови се пред нас, сите ќе зборувате за тоа (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати загрижувачка забелешка во врска со Иран, велејќи дека „ќе следат интересни денови“.

Загрижувачка најава на Трамп: Интересни денови се пред нас, сите ќе зборувате за тоа (ВИДЕО)

„Следната работа за која треба да се зборува е Иран, што ќе се случи со Иран. Пред нас се интересни денови. Тоа е сè што можам да ви кажам“, им рече Трамп на новинарите, без јасно да објасни што значи тоа.

„Дојдовме до последните моменти. Тука сме, во последните моменти. Не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје“, рече Трамп.

Трамп, за потсетување, рече дека испратил писмо до Иран во кое ја повикува земјата да се согласи на нуклеарни преговори. Техеран соопшти дека нема да влезе во преговори додека не заврши стратегијата за санкции на Трамп за „максимален притисок“.

„Ова е интересен период во светската историја, но имаме ситуација со Иран каде што нешто ќе се случи многу наскоро - многу, многу наскоро“, рече Трамп.

„Се надевам дека можеме да постигнеме мировен договор. Не го велам тоа од сила или слабост; само велам дека повеќе би сакал да видам мировен договор отколку нешто друго. Но, другиот ќе го реши проблемот“, додаде тој, без да објасни што значи „другиот“.

Сепак, Иран тврди дека сè уште не го добиле писмото од Трамп.

„Досега не сме добиле такво писмо“, изјави денеска портпаролот на иранската амбасада.

Таравари: Ја поднесов оставката, ми беше чест да работам за владата на Македонија

Денес во 15:00 часот, Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, ја поднесе својата оставка.

Таравари: Ја поднесов оставката, ми беше чест да работам за владата на Македонија

Во продолжение ви ја пренесуваме целосната писмена оставка:

Почитуван Премиер Мицкоски,

Со ова писмо, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Македонија.

Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство на должност кон граѓаните и државата.

Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи.

Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина, секогаш водејќи се од јавниот интерес.

Со почит,

Проф. Д-р Арбен Таравари

Министер за здравство

ДЗР: За три години во сообраќајни незгоди загинале 457 лица

За три години во сообраќајни несреќи загинале 457 лица, а над 15.000 се здобиле со потешки последици, покажува извештајот на ДЗР.

ДЗР: За три години во сообраќајни незгоди загинале 457 лица

Според анализата на ревизија мерките и активностите на надлежните институции не биле доволно ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните несреќи. Дополнително, во периодот од 2020 до 2023-та година, не бил намален ниту бројот на повредени лица во сообраќајки.

-Јавно достапните податоци од веб-страницата на МВР упатуваат на загрижувачки состојби во однос на бројот на сообраќајни незгоди случени на патиштата во државата: имено, во периодот 2020-2023 година се случиле вкупно 31 176 сообраќајни незгоди, од кои 15.724 се со потешки последици, а загинале 457 лица,- – Државен завод за ревизија.

Најчестите сообраќајни прекршоци според извештајот, се однесувале на брзо возење, поминување на црвено светло, неправилно престигнување и недавање првенство на минување.

Експертот по сообраќај, Игор Митревски за Канал 5 вели дека ваквите бројки не треба да не изненадуваат. Како земја, додава тој, треба многу да работиме и на свеста кај луѓето за нивното однесување во сообраќајот.

Со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви, апелираа и од МВР. Во пресрет на матурските прослави низ земјава, од Министерството преку промотивно видео порачаа – матурантите да ги остават дома своите автомобили и на прослава да заминат без возило и користење на алкохол и наркотични средства.

А токму статистичките податоци на МВР покажале дека во денови кога има матурски прослави, зголемен бил бројот на сообраќајни незгоди во кои голем дел од учесниците се матуранти.

YouTube video

Институт за јавно здравје: Бројот на болни и починати од рак на кожа на се зголемува

Од пет случаи на рак еден случај е меланом. Меланомот или рак на кожата е 17 најчест карцином кај населението во светот, се вели во извештајот Институтот за јавно здравје.

Институт за јавно здравје: Бројот на болни и починати од рак на кожа на се зголемува

Во Македонија од меланом во 2023 година починале 55 луѓе, од 41 маж и 14 жени. Меланомот е почест кај мажите отколку кај жените Иако ризикот од меланом се зголемува со возраста, меланомот е меѓу најчестите видови на рак кај адолесцентите. Дераматовенеролозите велат дека најдобра превентива е самопрегледот на кожата секоја промена на бемка или промена на кожата да се замине на преглед.

Непријател на кожата е сонцето, луѓето треба да се посебно внимателни пред се луѓето со светол тен, обајснува Филиповиќ. Многу често доаѓаат и во рана фаза која е многу значајна за откривање на меланомот.

Експертите велат дека ако продолжи досегашниот тренд на појава на меланомот, се проценува дека бројот на нови случаи од меланом на светско ниво ќе се зголеми на 510.000 и на 96.000 смртни случаи до 2040 година.

YouTube video

притисни ентер