Загребскиот пијано квинтет на „Охридско лето“ - Канал 5

Загребскиот пијано квинтет на „Охридско лето“

Програмата на годинешното 57. издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со понудата од музичкиот дел, со концерт на Загребскиот пијано квинтет што ќе се одржи вечерва од 20:30 часот во „Света Софија“.

Загребскиот пијано квинтет на „Охридско лето“
Уметниците Алина Губајдулина на виолина, Хрвое Филипс на виола, Никола Јовановиќ, на виолончело, Илин-Диме Димовски на контрабас и Федерико Ловато на пијано ќе изведуваат избрани дела за квинтет на Јозеф Лабор и на Херман Гец.

Виолинистката Алина Губајдулина е родена во Молдавија, а од 1998 година живее во Хрватска. Таа завршува музичко училиште во Сплит и дипломира на Музичката академија во Загреб во класата на проф. Л. Сороков. Губајдулина е добитничка на повеќе награди и признанија, а како солист настапува со Загрепската филхармонија, со оркестарот на операта во Сплит, со Сплитскиот и со Хрватскиот камерен оркестар. Соработува со бројни ансамбли и оркестри во Хрватска и надвор од неа и настапува на значајни меѓународни фестивали.

Хрвое Филипс дипломира и магистрира во класата на Анте Живковиќ на Музичката академија во Загреб. Од 1997 година е соло-виолист на Хрватскиот национален театар во Загреб, а настапува и со ансамблите Загрепски солисти и Загрепски квартет. Од 2004 година е соло-виолист на Симфонискиот оркестар на Хрватската РТВ.

Виолончелистот Никола Јовановиќ е роден во Белград каде го започнува музичкото образование и се запишува на Музичката академија. По успешниот приемен испит, студиите ги продолжува на Високата школа за музика во германскиот град Детмолд во класата на познатата челистка Ксенија Јанковиќ каде и дипломира, а во 2015 година го завршува и третиот и најсложениот степен на студии за концертен солист за кој добива највисоки оценки и почести. Во текот на школувањето и студиите тој е добитник на бројни награди и признанија, како и на стипендии кои му овозможуваат да се усовршува со некои од најпознатите солисти во светот како Гернигас, Гутман, Диндо и многу други. Во 2010 година станува член на Минхенската филхармонија која преку двегодишната стипендија му овозможува да соработува со некои од најпознатите светски диригенти. Истата година станува член на клавирското трио „Пескатори“ со кое концертира низ Европа. Во 2012 година е финалист и добитник на трета награда на Штраусовиот натпревар во Минхен, а истата година станува заменик-водач на групата виолончела на Симфонискиот оркестар на градот Бамберг. Тој е член на симфонискиот оркестар „Но бордрс“.

Илин - Диме Димовски е контрабасист во Загрепската филхармонија, а настапува и со оркестарот „Моцарт“ од Болоња и Хрватскиот камерен оркестар. Како гостин контрабасист често настапува со оркестри во Италија. Студира контрабас на престижната школа за музика „Гилхол“ во Лондон, а магистрира со оценки cum laude на Конзерваториумот во Трст. Како камерен музичар Димовски настапува со пијанистите Алесандро Бичи и Хироми Араи, со камерниот оркестар „Сан Марко“ и со гудачкиот квинтет „Сапада“. Како солист и како оркестарски музичар настапува на меѓународни фестивали во Хрватска, Македонија, Холандија, Велика Британија, Норвешка и Италија.

Федерико Ловато е роден во 1976 година, студирал пијано и дипломирал на Конзерваториумот во Венеција, а на истиот конзерваториум се здобива и со диплома за виолончело. Тој е добитник на бројни награди на национални и интернационални натпревари (Таранто, Алберга, Венеција, Пјаченца, Трст, Сибиу), а потоа започнува неговата кариера како концертен пијанист со настапи во Италија, Франција, Словенија, Хрватска, Полска и Германија. Како солист настапува со повеќе оркестри меѓу кои Симфонискиот оркестар на ХРТ, Камерниот оркестар на Падова и Венето, оркестарот на театарот „Ла Фениче“ во Венеција, Државната филхармонија во Сибиу, Загрепската филхармонија и др. Како камерен музичар настапува во дуо со неговиот брат кој е виолинист, но и со хорнистот Г. Пеларин со кој го формира ансамблот „Оптер“, а работи и со оркестарот „Екс Ново“. Оваа година ќе настапи на две турнеи низ Италија, но и во Германија, Шведска и Јапонија. Со Г. Пеларин снима це-де со француски репертоар посветен на хорна и пијано издадено за „Аудите“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. 

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски.

Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава.

Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал.

Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер