Загреб победник во СЕХА лигата - Канал 5

Загреб победник во СЕХА лигата

Хрватскиот ракометен шампион Загреб Кроација Осигурање е победник во регионалната СЕХА лига за сезоната 2012/13.

Загреб победник во СЕХА лигата


Вечерва во финалето на „Фајнл фор“ турнирот што се одржуваше во СЦ Борис Трајковски во Скопје, Загреб го победи Вардар со 25:24, по продолжение од 10 минути. Основните 60 минути завршија нерешено 21:21.

По почетното водство од 3:0 за „црвено-црните“, гостите фатија резултатски приклучок, а во 21 минута ги имаа највисоките плус два (9:7) во првото полувреме кое сепак заврши со водство на вардарци од 11:10.

Вторите 30.минути донесоа изедначена игра и драматична завршница во која Хрватите влегоа со големи шанси за конечна победа, но македонскиот тим со голот Немања Прибак буквално во последната секунда донесе продолженија.

Во дополнителните двапати по пет минути гостите имаа и три голови предност, но Вардар го имаше последниот напад во кој не успеа да изедначи. Со овој пораз избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ не успеаја да го одбранат шампионскиот трофеј освоен минатата (прва) сезона во ова натпреварување, токму на теренот на вечерашниот противник.

Најефикасни во нашиот состав беа Игор Караџиќ со пет и Владимир Петриќ со четири голови, додека кај Загреб Лука Степанчиќ и јерко Матулиќ забележаа по седум погодоци. Новиот спонзор на СЕХА лигата, рускиот енергетски гигант „Газпром“ обезбеди парични награди во вредност од 35 илјади евра за победникот и 10 илјади евра помаку за поразениот финалист.

Претходно се одигра и натпреварот за 3.место кое му припадна на вториот македонски претставник, Металург по победата против Брест Мешков од Белорусија со 26:21.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ сака да остане во Денвер, но не брза со потпишување на нов договор

Трикратниот добитник на МВП наградата во НБА лигата, српскиот ас Никола Јокиќ сака да ја заврши кариерата во Денвер, но ќе почека уште малку пред да потпише нов договор. 

Никола Јокиќ сака да остане во Денвер, но не брза со потпишување на нов договор

Најдобриот НБА центар, Никола Јокиќ сака да ја заврши кариерата во Денвер Нагетс, но ќе почека уште малку пред да потпише нов договор.

Нема простор за шпекулации за евентуално заминување, туку станува збор за чист бизнис, како што и самиот изјави по победата на Србија над Босна во Белград.

„Мојата идеја и желба е да останам во Денвер. Веројатно ќе потпишам следната сезона; причината е чисто деловна. Би сакал да останам во Денвер до крајот на животот, но тоа зависи од нив“, изјави Никола Јокиќ по дуелот со Босна.

Никола Јокиќ ќе почека до следната година за да потпише продолжување на договорот, што би му овозможило да склучи историски договор со „Нагетс“. Како што пренесува ESPN, Јокиќ ќе има право да потпише петгодишен договор вреден 359,5 милиони долари како слободен агент во летото 2027 година.

Тој договор би бил најголемиот во историјата на НБА и би ја зголемил неговата заработка на неверојатни 724 милиони долари.

Јокиќ веќе има право да потпише четиригодишно продолжување на договорот во вредност од околу 280 милиони долари, но чекањето до следната пауза помеѓу сезоните би му донело значително подобри услови, кои ќе ги искористи.

Неговата лојалност е несомнена, но ова е шанса што не смее да ја пропушти.

Популарниот Јока, речиси ја пропушти четвртата награда за најкорисен играч во кариерата, бидејќи минатата сезона имаше просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции, шутирајќи 56,9% од полето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија ги нападна Киев и Харков — загинаа тројца луѓе, над 20 се повредени

Руски сили во текот на ноќта извршија серија напади врз украинските градови Киев и Харков, при што загинале тројца луѓе, а најмалку 22 биле повредени.

Русија ги нападна Киев и Харков — загинаа тројца луѓе, над 20 се повредени

Во нападот врз Харков загинале најмалку двајца луѓе, а 20 се повредени, меѓу кои и тројца тинејџери на возраст од 14 до 17 години, Харков, вториот најголем град во Украина, се наоѓа на околу 30 километри од руската граница и во текот на целосната инвазија често е мета на ракетни и дронски напади поради близината до Русија.

Првичните наоди на украинските власти укажуваат дека руските сили можеби користеле ракетен систем за повеќекратно лансирање „торнадо-с“ во нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на Бакарот оди горе, производството од Иловица останува на нула

„Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола!„

Цената на Бакарот оди горе, производството од Иловица останува на нула

Додека цената на овој метал на Лондонската берза се искачи на вредност од над 13 илјади американски долари по тон, Македонија не ги користи своите значајни резерви. Производството во постојниот рудник „Бучим – Боров Дол“ постепено се намалува поради исцрпување на резервите. Од друга страна, проектот за новиот бакарен рудник во Иловица — кој според процените би можел да произведува околу 16 илјади тони бакар на годишно ниво — и понатаму е во застој. Претходно нереализирани останаа и инвестиции како онаа во Казандол, па државата во моментов нема големи количини што може да ги понуди на светските пазари. Во меѓувреме, нови истражувања за бакар и антимон се вршат на локации во близина на Крива Паланка.

Од локалната иницијатива „И здравје и работа“, која го поддржува проектот во Иловица, истакнуваат дека се залагаат за економски развој преку почитување на високи еколошки стандарди. Тие ги повикаа институциите доследно да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи, а не под влијание на надворешни фактори.

„Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи“, наведоа од иницијативата.

Додека домашните проекти се соочуваат со низа административни и социјални пречки, ММФ оценува дека глобалните кризи извршиле сериозен притисок врз пазарот. Конфликтите предизвикале најмногу да поскапат бакарот (за 29,5 проценти) и алуминиумот (за 29,8 проценти). Во својот извештај насловен „Глобалната економија во сенка на војната“, Фондот предвидува дека овој тренд ќе продолжи.

„Прекините во снабдувањето доведоа до зголемување на цената на основните метали... Цените на Фјучерс-пазарите за основни метали сугерираат понатамошно зголемување на цените во 2026 година, што укажува на отпорна побарувачка во услови на сè уште кревка понуда“, се наведува во анализата на ММФ.

Покрај бакарот и алуминиумот, големи предизвици се појавуваат и кај ретките земни елементи. Поради ова, од ММФ упатија директен апел до владите ширум светот да промовираат комплементарни структурни реформи кои значително би ги поедноставили процедурите за издавање дозволи за рударство и би ги поттикнале неопходните инвестиции во металургијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер