Загреб блокиран од обожавателите на Томпсон - Канал 5

Загреб блокиран од обожавателите на Томпсон

Главниот град на Хрватска, Загреб, втор ден по ред, е преполн со обожаватели на контроверзниот пејач Марко Перковиќ – Томпсон, кој вечерва ќе одржи концерт на Хиподром.

Загреб блокиран од обожавателите на Томпсон

Досега 16 лица побарале медицинска помош поради алергии, гадење, дехидрација и прекумерна консумација на алкохол. Вкупно 44 лица се приведени – едно за нарушување на јавниот ред и мир, а 43 за пиротехнички средства. Конфискувани се 91 парче пиротехнички средства.

Обожавателите на Томпсон во Загреб се од синоќа. Организаторот на концертот соопшти дека се продадени 500.000 влезници.

Околу 6.500 полицајци се ангажирани за безбедноста, на терен има 200 медицински лица и организирани се 40 мобилни и 26 стационирани екипи. Во близина на Хиподромот, каде ќе се одржи концертот, формиран е медицински центар со 200 кревети.

За безбедноста на концертот ангажирани се 5.000 обезбедувачи, распоредени на 520 влезови. Противпожарната служба е во состојба на готовност.

Се очекува на концертот да присуствуваат и некои хрватски министри.

Томпсон стана популарен со националистичките песни во 90-тите години од минатиот век, за време на војната за независност на Хрватска. Неговите концерти се забранувани во повеќе држави поради глорификација на усташкиот режим во Хрватска за време на Втора светска војна.

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните да не патуваат во Загреб поради концертот на Томпсон.

Приведен возач од Битола, управувал возило со брзина од 197 км на час

Синоќа во 18:10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 29 годишниот С.Р. од Битола.

Приведен возач од Битола, управувал возило со брзина од 197 км на час

При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“,најавија од СВР Велес.

Манекенка кој присуствувала на забавата за 18-ти роденден на Ламин Џамал: „Најважни беа големината на градите и бојата на косата“

Ни понудија помеѓу 10 и 20 илјади евра за да дојдеме, рече моделот Клаудија Калво. Подарок за славеникот од 400 000 евра.

Манекенка кој присуствувала на забавата за 18-ти роденден на Ламин Џамал: „Најважни беа големината на градите и бојата на косата“

Младата светска фудбалска ѕвезда, асот на Барселона, Ламин Јамал повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но не поради случувањата на зелениот терен, туку поради контроверзната прослава на неговиот 18-ти роденден.

Според тврдењата на моделот Клаудија Калво, девојките што присуствувале на забавата биле внимателно избрани, а многумина наводно добиле сериозни финансиски понуди за нивното присуство.

- Добив покана за неговиот 18-ти роденден. Ни понудија помеѓу 10 и 20 илјади евра за да дојдеме. Ти даваат картичка за свои трошоци. Во моментот кога ти ја даваат таа картичка, се согласуваме на сè иако не знаеш во што се впушташ или што очекуваат од тебе. Поточно бараа русокоси со многу специфична големина на гради. Не ни беше дозволено да имаме мобилни телефони - рече 25-годишниот Калво, додавајќи дека тие „повеќе се фокусирале на големината на градите и бојата на косата“.

Во поканата за забавата јасно беа наведени правилата: „Без телефони. Без камери. Без дрога. Сè е вклучено: летови, хотел, храна и што и да одлучите да потрошите додека сте на островот подготвувајќи се за забавата. Точната локација ќе биде споделена неколку часа пред почетокот на забавата. Потребна е дискреција.“

Прославата собра голем број познати личности, а достапни се само ретки видеа од роденденската забава.

На прославата присуствуваа многу соиграчи на Барселона, меѓу кои Гави, Алехандро Балде, Роберт Левандовски, Рафиња, Пау Кубарси и Фермин Лопез. Исто така, имаше и музички ѕвезди како што се Кеведо, Бизарапа, Бад Гјал, Џеј Си Рејес, Чимбала, Озуна, Рајан Кастро, Емилија Мернес и Лола Индиго. Американскиот рапер Травис Скот наводно бил поканет, но на крајот не се појавил.

Изненадувањето на вечерта беше присуството на возачот на Ферари во Ф1, Леклер. Јавноста зборува и коментира за подарокот на Јамал вреден 400 000 евра .

Музичарот Ел Алфа му подарил на младиот фудбалер ланец вреден околу 400.000 евра. Тој го купил ланецот за Јамал пред неколку дена и го објави тоа на Инстаграм.

Според медиумските извештаи, атмосферата била турбулентна, а Калво била една од вкупно 12 девојки поканети на настанот.

Забавата предизвика и дополнителни критики бидејќи, според шпанските медиуми, Јамал ангажирал и луѓе со џуџест раст да учествуваат во забавата. Шпанското здружение на луѓе со ахондроплазија и други скелетни дисплазии (ADEE) исто така се огласи по повод настанот.

- За време на прославата, неколку луѓе со џуџест раст беа ангажирани да учествуваат во забавните активности, без друга цел освен да послужат како атракција и спектакл. Апсолутно е неприфатливо во 21 век луѓето со џуџест раст сè уште да се користат исклучиво како забава или атракции на приватни забави - изјави претседателката на здружението, Каролина Пуенте.

Герасимовски: Досега 1360 пензионери од Општина Центар аплицирале за еднократната помош од 2.500 денари

За помалку од една недела, 1360 пензионери од Центар се пријавиле за еднократна парична помош од 2.500 денари.

Герасимовски: Досега 1360 пензионери од Општина Центар аплицирале за еднократната помош од 2.500 денари

„Пријавувањето е во тек. Интересот е навистина голем. Пензионерите најчесто ги користат утринските часови за да се пријават, а бројот на поднесени барања секојдневно расте. Ова е јасен показател дека ваквата мерка навистина им значи на нашите повозрасни граѓани”, посочи градоначалникот Горан Герасимовски.

Право на оваа помош имаат сите пензионери, жители на Општина Центар, кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија во месечен износ до 26.157 денари.

Потребни документи за аплицирање: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, потврда за последната примена пензија (чек или потврда од банка за мај или јуни), а за социјална пензија потребна е потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.

Барањата се поднесуваат во Општина Центар , барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Формуларот за пријава може да се преземе и од веб-страницата на општината.

Повикот е отворен до 18 јули или до исцрпување на предвидените средства.

Исплатата на средствата ќе се реализира во текот на летото.

Општина Центар

притисни ентер