Загинаа 18 Палестинци – се удавија или беа прегазени во стампедо за да дојдат до пакети

Осумнаесет Палестинци загинаа, од кои 12 се удавија, обидувајќи се да стигнат до пакетите со помош кои беа фрлени со падобран во Појасот Газа погоден од глад, соопшти денеска Хамас, повикувајќи на прекин на воздушните фрлања.

Министерството за здравство на палестинската енклава извести за повеќе од 80 мртви во израелските воздушни напади во последните 24 часа, пренесува France Presse.

И покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која вчера повика на „итно“ прекин на огнот, со 14 гласа „за“ и воздржани од САД, војната продолжува да беснее во Појасот Газа.

„Слушнавме огромна експлозија. Урнатините паднаа врз нас. Имаше 22 или 23 маченици“, објави Хусам Казат, бегалец во Рафах, град на самиот југ од Појасот.

Нов показател за очајната хуманитарна состојба во Газа, каде, според ОН, гладот ​​им се заканува на сите 2,4 милиони жители, е соопштението на Министерството за здравство на енклавата дека зборува за осумнаесет загинати, од кои дванаесет се удавиле во изминатите неколку часа додека се обидувале да пристапат до хуманитарна помош.

Останатите шест жртви загинале во стампедото што се случило откако хуманитарната помош била фрлена со падобрани. Недолго по таа објава, Хамас повика на прекин на испраќањето хуманитарна помош по воздушен пат и на отворање на копнени патишта. Израел одржува цврста контрола врз овие патишта, поради што другите земји, како Велика Британија, Франција и САД, одлучија да испратат помош од воздух, пишува France Presse.

Милитантната група објави дека „секогаш ги предупредувала земјите кои испраќаат помош од воздух“ за опасноста од такви операции, особено што дел од помошта паѓа во морето.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека би било „неоправдано“ да не се спроведе резолуцијата на Советот за безбедност.

Израел, бесен на САД, ја откажа планираната посета на својата делегација на Вашингтон, велејќи дека американската воздржаност им „штети“ на нивните воени напори и ослободувањето на заложниците.

„Немаме морално право да ја запреме војната сѐ додека има заложници во Газа“, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен кај Вејце

Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од загинатите припадници на безбедносните сили во настаните кај Вејце 2001 година денеска беше откриен во Куманово. Трајковски беше еден од осумте припадници на македонските безбедносни сили кои загинаа на денешен ден 2001 година. Организатор на денешниот настан е здружението „Слобода, искреност, лојалност, акција-СИЛА“ и колегите од единицата „Волци“.

-Во 2001 година се случи еден настан во текот на борбените дејства при одбрана на државата каде што загинаа осум припадници на безбедносните сили, четворица од армијата, од специјалната единица „Волци“ меѓу кои и Трајковски Бобан-Другарчики. Тој учествуваше во таа акција и го даде својот живот за нашата Македонија. За жал, 23 години само за овој човек колку што имам информација барем за оваа случка никој нема направено апсолутно ништо. Јас како негов другар, сосед, претпоставен, бидејќи и јас тогаш бев вработен во „Волци“ како старешина, сега пензионер, си зедов за обврска заедно со единицата „Волци“ да направиме свечена манифестација каде што ќе го обележиме настанот, бидејќи 23 години никој ниту на централно, ниту на локално ниво не успеа да направи нешто, изјави Антонио Станковски, од здружението „СИЛА“.

Муралот го изработија уметниците од „Форма“ кои се сограѓани на кумановецот Трајковски. Од здружението се надеваат дека општината ќе именува улица или друг објект во чест на припадникот на безбедносните сили кој го даде животот за државата.

-Ова можеби е само почеток. Немаме ниедна улица, објект, јавен во градот којшто би требало да го носи неговото име, тука треба општината да донесе одредени одлуки, каде што никој нема да се налути, бидејќи го градиме мултиетничкото општество, но постои начин. Овие луѓе биле во легална институција, законски поставувале, го дале животот и мислам дека никој не треба да се навреди ако има какво било обележје во градот, дали име на школо, улица, објект, итн. Немавме никакви проблеми од граѓаните на зградата, бидејќи требаше да имаме нивна согласност. Тие сите и дуќаните и станарите апсолутно не правеа проблем, рекоа цртајте сè што мислите ако ова е во интерес на државата и на ликот на Бобан Трајковски, кажа Станковски.

На настанот присуствуваа членови на семејството, колеги, припадници на безбедносните сили, кумановци. На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осум припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени. Тој дена беа убиени Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“

Американскиот претседател Џо Бајден ја искористи традиционалната гала вечера со новинарите за да го исмее Доналд Трамп за неговата незрелост, но се пошегува на сметка на својата поодмината возраст.

Бајден (81) го опиша Доналд (77) како инфантилен.

„Да, возраста е проблем. Јас сум возрасен маж и се натпреварувам против „шестгодишно дете““, рече синоќа Бајден, кој го нарече својот републикански ривал „поспан Дон“, пренесува Си-Ен-Ен.

Зборувајќи пред речиси 3.000 новинари, јавни личности и политичари, Бајден додаде дека единственото нешто што им е заедничко е нивната возраст.

„Мојата потпретседателка всушност ме поддржува“, додаде Бајден. Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс претходно изјави дека нема да го поддржи Трамп во трката за освојување уште еден претседателски мандат.

Претседателот на САД продолжи да укажува контрасти помеѓу неговата кампања за реизбор, која се засили по неговото обраќање за состојбата на нацијата минатиот месец, и онаа на Трамп, кој беше спречен активно да се посвети на неа, поради судењето во Њујорк под обвинение дека му наложил на неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен да и плати на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари за да ја спречи да излезе во јавноста за нивната наводна афера.

Според обвинението, Трамп тие пари ги покажал во деловните книги како трошоци за адвокат, што е незаконски.

- Направив голем напор уште од обраќањето за состојбата на нацијата, но Доналд имаше тешки неколку дена во последно време. Можете да ги наречете „бурни“, рече Бајден, алудирајќи на „сценското“ име на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс.

Бојмацалиев: Нашите бранители -херои од 2001 никогаш нема да бидат заборавени

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача  дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на настанот во Битола организиран од ,,Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година.

За мирот и спокојот што денеска го имаме, додаде, ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.

-Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на Министерството за внатрешни работи дозволете ми да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени, а Македонија ќе биде вечна, потенцираше Бојмацалиев.

притисни ентер