Загина пилотот на авионот, што падна во Грција (ВИДЕО)

Загина пилотот на тренинг авионот кој денеска се урна во Грција.

Авион за обука на грчкото воено воздухопловство денеска се урна во близина на аеродромот во градот Каламата на Пелопонез.

Според некои извештаи, експлозија одекнала пред да се урне авионот.

По падот на тренинг авионот Т-2, во кој бил само пилотот, започнала акција за пребарување и спасување.

За жал, тој починал.

Авионот наводно се урнал непосредно пред слетувањето. Полицијата, пожарникарите и војската се на терен.

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер