Загато го произведе првото од само 19 ремек-дела, цената не е позната (ФОТО)

Првиот од само 19 примероци е комплетиран и предаден на новиот сопственик.

Италијанската дизајнерска куќа не знае за неуспеси во последните неколку години. И покрај зголемената конкуренција, тие успеаја да ја задржат својата оригиналност, па дури и да понудат нешто ново. Најдобар пример е IsoRivolta GTZ, автомобил базиран на Corvette C7 (Z06), што значи дека овој автомобил е истовремено убав и брутално моќен.

Загато сега информира дека ја произвеле првата копија и му ја доставиле на сопственикот. И додека сè уште не смееме да ѕирнеме во кабината, надворешноста е за восхитување. Спротивно на очекувањата, телото не е направено од алуминиум, туку е направено од карбон .

Под хаубата се наоѓа 6,2 V8 со околу 650 КС, што значи дека ќе стигне до 100 км на час за 3,7 секунди. Максималната брзина е над 310 км на час.

Загато најави дека ќе произведе вкупно 19 примероци. Цената не е позната.

САД: Бурата Клоудет може да погоди седум милиони луѓе

 Националниот центар за урагани соопшти дека се очекува до полноќ по локално време силна бура, наречена Клоудет, да пристигне до американското тло од брегот на Луизијана.

Издадено е предупредување дека нова тропска бура, која може да погоди околу седум милиони луѓе кои живеат на јужниот брег на САД, би можела да стигне до копното.

Објавено е дека пороен дожд и силен ветар од Мексиканскиот Залив од утринските часови почнале да стигнуваат до копното на САД, заканувајќи им се на седум милиони луѓе кои живеат во регионот од Луизијана до Флорида.

– Кабинетот на гувернерот за национална безбедност и подготвеност за итни случаи (GOHSEP) мобилизира тим за кризни ситуации и заедно со нашите локални партнери сме подготвени за сите неопходни итни случаи, изјави гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс.

Вонредна состојба беше прогласена минатиот месец во Луизијана, каде во поројни дождови и поплави загинаа најмалку четири лица.

МВР: Санкционирани 194 мотоциклисти

Вкупно 194 мотоциклисти санкционира полицијата во текот на вчерашниот за време на зајакнатата контрола на територијата на Република  Македонија.

Од нив, 58 управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 10 мотоцикли биле нерегистрирани, 107 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а девет мотоцикли се времено одземени поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

Според МВР, најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Велес – 43, СВР Битола – 30, СВР Струмица – 28, СВР Тетово – 25…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.

Одбележани 108 години од Тиквешкото востание

Сто и осум години од Тиквешкото востание беа одбележани денеска во Кавадарци, со положување цвеќе пред споменикот во паркот „Полана".

Историчарот Петре Камчевски потсети дека востанието кое започнало на денешен ден во 1913 година, било израз на револт против насилствата, теророт, убиствата и силувањата што ги извршиле тогашните српски воено-административни власти врз населението во Тиквешијата, во време на интерегрумот меѓу Првата и Втората балканска војна.

Востанието започнало со пукање врз чиновниците, офицерите, жандармите и другите претставници на српската власт во Кавадарци. За кратко време биле ослободени Кавадарци, Неготино, Ваташа, Криволак и уште 50-сетина населени места во Тиквеш. Востаниците имале свој штаб кој го сочинувале војводи и револуционери од времето на Илинденското востание. На востаниците им пристапиле и четите на Васил Чакаларов, Петар Чаулев, Милан Ѓурлуков, Христо Чернопеев, Ѓакон Евсатиј и други и нивниот број изнесувал повеќе од 1000 борци. Во Кавадарци било симнато српското знаме и било поставено Револуционерното тиквешко знаме од 1903 година на кое пишувало „Слобода или смрт", а под него "Тиквешки револуционерен округ".

По 7 дена, на 25 јуни голема српска војска предводена од Василие Трбиќ, а во чиј сосстав имало и неколку башибозучки дружини како на Јаја Ага Малиќ, Јован Долгачот, Јован Бабунски и други, успеале по големи борби да ги потиснат востаниците од Кавадарци, Неготино, Ваташа, а овие заедно со голем збег од народ, морале да се повлечат кон селата под планината Кожув.

– Српските воени власти жестоко се справиле со населението, биле убиени 545 луѓе според извештајот на Карнегиевата комисија, 1000 куќи и дуќани биле запалени, 2700 луѓе биле затворени, а повеќе од 10000 биле приморани да ги напуштат своите домови и да емигрираат во Бугарија. Најмогу жртви имало во Неготино-117, Бохула-44, Ваташа-37, Кавадарци-25, Прждево 35 и слично. Причините за Тиквешкото востание и последиците од него, претставуваат најголемиот злостор врз народот од овој крај во поновата историја на Тиквешијата, нагласи Камчевски.

притисни ентер