3Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026
МакедонијаЗагадувањето на воздухот и цената на струјата во фокусот на последните пратенички прашња за годинаваПоскапувањето на струјата и загадувањето на воздухот во фокусот на последните пратенички прашања за оваа годинава во Собранието. Опозициската СДСМ со обвинувања до Владата дека наместо зголемување на домашното прозиводство на електрична енергија дозволила поскапување на струјата од идната година, на што премеирот возврати дека за покачувањето на цените одлучува Регулаторната комисија, а не Владата. На опозицијата и порача дека оставиле катаклизма во енергетскиот сектор. Меѓусебни обвинувања власта и опозицијата си упатија и околку загадениот воздух во Скопје и предвидениот буџет за следна година за справување со овој горлив проблем за граѓаните. Пратениците се интересираа и за платите во образовниот и здравствениот сектор, реформските закони, но и Законот за правична застапеност и укинувањето на алатката балансер. Опозициската ДУИ обвини дека пратнеиците од ВМРО-ДПМНЕ го укинале механизмот и дека не се почитувало процентуланото вработување во државните институции, на што од власта возвратија дека балансерот бил укинат од претходната влада на седница со која претседавал бегалецот Артан Груби. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград Последниот кат од зградата е зафатен, пожарникарите се на пат!Пожар избувнал во зградата на амбасадата на Пакистан во Белград, дознава српски Курир. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Како што може да се види од видеа објавени на социјалните мрежи, густ црн чад го покрил просторот. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица во инцидентот, ниту за евентуална материјална штета.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМицотакис во Софија на средба со РадевГрчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во официјална посета на Софија.Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Радев и Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската влада. Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и состанок на делегациите на двете земји. Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година.Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции кои се од клучно значење за економскиот развој. Особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени. Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност. Растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти. Автопатиштата на Коридор 8 и 10 д, се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата. Дополнително, Државниот завод за статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година изнесува 3,1 процент. Овој резултат претставува јасен показател дека економијата расте, дека инвестициите даваат резултати и дека развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството. Резултатите што ги објави ДЗС, се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно го поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter