Загадениот воздух се поврзува со генетски мутации кои предизвикуваат рак на бели дробови - Канал 5

Загадениот воздух се поврзува со генетски мутации кои предизвикуваат рак на бели дробови

Бројот на случаи со карцином на бели дробови расте кај лица кои никогаш не биле пушачи, а загадениот воздух би можел да биде подмолен фактор што придонесува за тоа. Загадување, воздух, град

Загадениот воздух се поврзува со генетски мутации кои предизвикуваат рак на бели дробови

Случаите на рак на белите дробови се зголемуваат кај луѓето кои никогаш не пушеле, а загадувањето на воздухот може да биде подмолен фактор што придонесува за тоа.

Новото геномско истражување покажува дека смогот и чадот на отворено се поврзани со мутации на ДНК кои предизвикуваат рак на белите дробови - вклучувајќи ги веќе познатите мутации кај пушачите, како и нови, специфични за непушачите. Колку повеќе некој бил изложен на загадувањето, толку научниците пронашле повеќе мутации на туморите во белите дробови.

Овие наоди се дел од сè поголемиот број докази кои укажуваат на можноста загадениот воздух директно да предизвикува рак на белите дробови.

„Сведоци сме на овој загрижувачки тренд на пораст на ракот на белите дробови кај луѓе кои никогаш не пушеле, но не знаеме зошто. Нашето истражување покажува дека загадувањето на воздухот е силно поврзано со истите видови на ДНК мутации кои инаку ги поврзуваме со пушењето“, објаснува биомолекуларниот научник Људмил Александров од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего.

Оваа голема меѓународна анализа ги вклучувала геномите на тумори кај 871 лице од четири континенти кои никогаш не пушеле и сè уште не примале терапија.

Оние кои живееле во региони со високо ниво на загадување биле значително посклони кон мутации на гените TP53 и EGFR, како и кон пократки теломери.

Абнормалностите на гените TP53 и EGFR се обележја на ракот на белите дробови, особено оние предизвикани од мутацијата SBS4, а скратените теломери се поврзани со забрзано стареење.

Во оваа студија, непушачите изложени на поголемо загадување имале речиси четири пати поголема веројатност да го покажат генетскиот потпис на SBS4, во споредба со оние од почисти средини.

Од друга страна, пасивното пушење, иако е познат ризик за рак, покажало само мало зголемување на бројот на генетски мутации.

„Ако пасивното пушење има мутагено дејство, веројатно е премногу слабо за да се открие со сегашните алатки“, вели генетичарот Тонгву Жанг од Националниот институт за рак на САД (NCI).

Сепак, загадувањето на воздухот и активното пушење имаат силна врска со мутациите на ДНК.

Во САД денес, од 10 до 20 % од случаите на рак на бели дробови се јавуваат кај луѓе кои никогаш не пушеле или испушиле помалку од 100 цигари во својот живот.

Научниците долго време се сомневаат дека загадувањето на воздухот игра улога, но точно како функционираат фините честички во воздухот во споредба со чадот од тутунот сè уште не е сосема јасно.

Како кутија цигари на ден

Некои истражувачи тврдат дека дишењето загаден воздух е еквивалентно на пушење една кутија на ден, но овие заклучоци се базираат главно на опсервациски студии.

Сегашните истражувања одат чекор понатаму и се фокусираат на молекуларните механизми. Била направена споредба на геномите на тумор од 871 непушач со туморите на 345 пушачи за да се откријат сличности и разлики.

Повеќето непушачи со рак на белите дробови имале аденокарцином, најчестиот вид рак на белите дробови. Околу 5 проценти од нивните тумори покажале мутациски потпис на SBS4.

Освен тоа, 28 % од непушачите покажале нов генетски потпис на SBS40a, кој не бил откриен кај пушачите. Потеклото на овој мутациски механизам е сè уште непознато, но се чини дека не е поврзано со факторите од опкружувањето.

„Го гледаме овој потпис во голем број случаи, но сè уште не знаеме што го предизвикува. Ова е нешто сосема ново и отвора сосема ново поле за истражување“, вели Александров.

Ова истражување се потпира на регионалните нивоа на загадување, што значи дека не може со сигурност да утврди колку секој поединец бил директно изложен на честичките. Исто така, некои учесници кои тврделе дека никогаш не пушеле, всушност можеби пушеле повеќе отколку што пријавиле.

И покрај овие ограничувања, резултатите се во согласност со други докази што укажуваат дека чадот и смогот можат да предизвикаат развој на тумор на сличен начин како и хемиските соединенија од чадот од тутунот.

„Ова е итен и растечки глобален проблем што се обидуваме да го разбереме кај луѓето кои никогаш не пушеле“, вели епидемиологот Марија Тереза ​​Ланди од NCI.

Истражувачкиот тим, кој ја објави студијата во списанието Nature, се надева дека ќе ја прошири студијата на геномите на тумор од разни, глобални популации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор..  

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

-На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни.

Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен.

Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5...

Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд.

Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба...

Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка...

Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано.

Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување.

Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер