3Карпош ќе учествува на јавен конкурс за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластика и лименки
Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
2Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
3„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
ЗдравјеЗагадениот воздух и штетните ПМ честички предизвикуваат долготрајни последици кај децатаСкопје и оваа зима руши рекорди по загаденост на воздухот, кој негативно влијае особено кај децата и создава долгорочни последици.Штетните ПМ 2.5 честички влегуваат длабоко во дишните патишта и при постојано изложување можат да предизвикаат долготрајни пореметувања на кардиоваскуларниот систем, особено кај децата – објаснува д-р Олга Смилевска Спасова – педијатар-специјалист за респираторни заболувања во детската клиника Козле. Таа апелира родителите постојано да го следат квалитетот на воздухот преку лесно достапните наменски мобилни апликации и сајтови, а при надминување на дозволениот праг да ги заобиколат прошетките низ градот и густите сообраќајници, за сметка на почести прошетки на планинските места. „Има акутни или неспесифични симптоми на горните дишни патишта печење во очите, кашлица, гребење во грлото, чешање на носот и пецкање во носот.. Да се заштитиме со тоа што ќе седиме внатре со затворени прозорци, децата ќе ги заштитиме од изложеност на подолготрајно играње надвор на отворено, нема да ги носиме во густи сообраќајници, нема да ги носиме блиску до индустриски загадувачи, ќе ги носиме на прошетка надвор на планина, секаде во Македонија изобилуваме со убави дестинации.“ На прагот е и пикот на сезонскиот грип, а последниот извештај на ИЈЗ веќе покажува зголемување на бројот на заболени. Д-р Смилевска Спасова вели бројките допрва ќе растат со завршувањето на зимскиот распуст. Според неа најдобрата заштита од грипот доаѓа со претходна подготовка на организмот, преку конзумирање на здрава храна и витамини. „На децата можеме да им даваме здрава храна и витамини, мултивитамисни препарати, витамин Ц, Д за да им се подигне имунитетот на повисоко ниво. Тие се исто така андиоксиданси и влијаат против загадувањето. Да ги подучиме нашите деца да ги применуваат мерките за заштита и превенција на заразни респираторни заболувања, да киваат и кашлаат во рака, да одржуваат дистанца, да ги мијат рачњата, да носат маски ако има потреба доколку се во болница или слично. “ Македонија е меѓу најпогодените земји од загадувањето на воздухот во Европа – покажува последниот извештај на Европската комисија и ОЕЦД, а се посочува и дека земјава има највисока стапка на смртност како последица на аерозагадувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПочинале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на ДубаиДвајца пријатели починале додека планинареле во пустината во близина на Дубаи, на температури што достигнувале 50 степени Целзиусови, потврдено е на судско рочиште. Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата во Челмсфорд, Мишел Браун изјави дека прелиминарните причини за смртта се срцев и респираторен застој. Браун објасни дека за трагичниот исход придонеле и екстремно зголемување на телесната температура, откажување на органите и топлотен стрес предизвикан од изложеност на високи температури. Двајцата мажи живееле во луксузното одморалиште Рас Ал Хаима, околу 120 километри северно од Дубаи, и тргнале на планинарење околу 7 часот наутро по локално време. Сопругата на Њутн, која била во Велика Британија, го пријавила како исчезнат откако тој не успеал да ја контактира по планинарењето, беше кажано во Крунскиот суд во Есекс. „Тие беа на рекреативна патека“ „Се чини дека биле на рекреативна патека која не бара опрема за качување, што значи дека станува збор за пешачка патека“, рече Браун. Пријателите беа пронајдени на две до три милји од нивното возило, а нивните тела беа оддалечени 1.150 стапки еден од друг. Њутн, аматерски фудбалер по потекло од Пул, и Мартинсон, татко на три деца, биле пронајдени како лежат на грб меѓу големи карпи. Тие биле однесени во болница во Рас Ал Хаима, каде што подоцна истиот ден била потврдена нивната смрт. Извор: Индекс.хрТагови: Британци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
ЖивотРекордно ниво на донации, корпорациите во САД сè повеќе ги финансираат изборитеСпоред организацијата за следење „Public Citizen“, американските корпорации донирале рекордни 646 милиони долари (555 милиони евра) на политичките партии во периодот од 18 месеци заклучно со јуни. Ова е за 40 отсто повеќе од вкупниот износ потрошен за време на целиот изборен циклус за претседателските избори во 2024 година. Меѓу компаниите што најмногу придонесоа за порастот на донациите се индустрискиот конгломерат „Koch Inc.“ и нови донатори, вклучувајќи ги и компаниите за онлајн спортско обложување. Овие фирми донираа приближно 76 милиони долари (65,3 милиони евра) за кандидати од двете партии за меѓуизборите закажани за 3 ноември. Големи тутунски компании, како и производители на канабис, исто така донираа значителни суми, првенствено на републиканските кандидати. „Public Citizen“ е група за застапување на потрошувачите основана во 1971 година од Ралф Надер. Тој се спротивставува на корпоративното финансирање на политичките кампањи. Политичките донации од компаниите нагло се зголемија откако Врховниот суд ги укина ограничувањата во 2010 година и им дозволи на компаниите и богатите поединци да даваат неограничени донации. Од вкупно 1,7 милијарди долари (1,46 милијарди евра) што компаниите ги донираа за американските избори од тогаш, приближно една третина пристигна во тековниот изборен циклус. „Public Citizen“ тврди дека таквото трошење им овозможува на групите од интерес непропорционално да влијаат на политиката, додека застапниците на Првиот амандман тврдат дека политичките донации треба да бидат заштитени како дел од демократскиот процес.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеакција на АВМУ на наводите изнесени од ММА и МРТАгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и неосновани наводите на ММА и МРТ за погрешно третирање на програмските сервиси Arena M1, Arena M2 и Arena M3 Premium како странски програмски сервиси.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и неосновани наводите на ММА и МРТ за погрешно третирање на програмските сервиси Arena M1, Arena M2 и Arena M3 Premium како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија. Агенцијата постапува исклучиво во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Постапувањето на Агенцијата во конкретниот случај се заснова на релевантна доставена документација, како и на информации и податоци добиени од надлежни институции во Македонија и од релевантни странски субјекти. Врз основа на расположливата документација и добиените информации, предметните програмски сервиси се третираат како странски програмски сервиси кои се реемитуваат, а не како домашни телевизиски сервиси што емитуваат програма на територијата на државата, имајќи предвид дека нивниот изворен сигнал не се емитува на територијата на Македонија. Агенцијата особено ги отфрла инсинуациите дека со своето постапување овозможува заобиколување на законските обврски или дека постои каква било незаконитост во постапувањето на Агенцијата и нејзините службени лица. Доколку ММА и МРТ располагаат со наводни докази за незаконско постапување на Агенцијата ги повикуваме истите да ги достават до надлежните институции. Во меѓувреме, посочуваме дека е недозволиво исклучиво поради сопствени интереси да се шират неосновани квалификации и инсинуации кои создаваат впечаток за незаконито или произволно постапување на регулаторот. Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услугиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook