Според извештајот, просечно годишно од рак на бели дробови се разболувале по 876 луѓе, а 793 луѓе годишно умирале од болеста меѓу 2013 и 2022 година.
Директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, вели дека загадувањето на воздухот игра голема улога за зголемувањето на пациенти заболени од рак на бели дробови, но потенцира и дека цигарите се голем ризик фактор.
Лекарите велат дека на долги патеки аерозагадувањето влијае на централниот нервен систем, негативно влијае на кардиоваскуларниот систем и сето тоа доведува до комплетно заостанување и во развој кај децата, и на менталниот и на физичкиот развој.
Професорката Јагода Стојковиќ од Клиниката за пулмологија во изјава за Канал 5 вели дека како последица на загадениот воздух се почесто на клиниката се јавуваат пациенти со астма и белодробна опструктивна болест.
Според извештајот на ИЗЈ насловен „Аерозагадувањето во Р.Македонија и ризици по здравјето“, во Македонија годишно има 3.828 смртни случаи кои можат да се препишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички, што претставува речиси 18 % од вкупната смртност во државата.