Заев - Зулуета: Многу е важно државата да покаже политичка зрелост, да одржи фер и демократски избори

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари средба со шефицата на мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР, во државава Тана де Зулуета, се наведува во партиското соопштение.

Акцентот на средбата беше ставен на престојните парламентарни избори, кампањата на политичките партии и состојбата и справувањето со вирусот Ковид - 19 во земјава.

Претседателот Заев истакна дека очекува фер и демократски избори и фер и рамноправност во водењето на изборната кампања. Тој посочи дека со оглед на состојбата со Коронавирусот од кој не поштедена ниту нашата земја, а во насока на поголема заштита на граѓаните, сите политички партии се обврзаа да водат една поинаква кампања од досегашните односно без јавни собири, митинзи, ниту посети врата на врата, туку кампања преку мас- медиумите .

На тој начин сите заедно превенираме затоа што јавното здравје е најважно. Воедно граѓаните на овој начин ќе бидат во тек со програмата на партиите, она што тие го нудат во следниот мандат со цел градење на нивниот став за кого ќе го дадат својот глас. – истакна претседателот Заев.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија води позитивна кампања, со презентирање на програмата за следниот мандат, а која е насочена исклучиво во интерес на граѓаните и градење на напредна просперитетна држава.

Двете страни се согласија дека мошне е важно државата да покаже политичка зрелост, да одржи фер и демократски избори, со отсуство на нерегуларности, а со тоа ја задржи позитивната оценка за напредокот кој е постигнат изминатиот период. Сето тоа ќе влијае на нејзината евроинтеграција.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер