Заев за соопштението од Иванов: Треба да помагаме, а не да одмагаме

Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а секако јас како премиер и господинот Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а секако јас како премиер и господинот Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме, изјави денеска премиерот Зоран Заев по отворањето на Бизнис форумот-инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Република Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање за соопштението од претседателот Иванов во врска со преговорите за името и забелешките упатени кон него за начинот како се води процесот, Заев рече дека останува на неговите стојалишта и принципи, како и секогаш градејќи соработка и избегнувајќи кавги или непријатни ситуации.

- Ние политичарите треба да им служиме на граѓаните и треба да градиме соработки, да ја унапредуваме Македонија во сите нејзини перспективи. Во таков случај, јас верувам дека ние ќе имаме состаноци, таму можеме да ги вадиме сите аргументи, секој да постапува согласно своите надлежности и да не заборавиме дека сме поставени од граѓаните. Тие не поставуваат, тие не менуваат и согласно за вака важно прашање одлучивме референдумското изјаснување да биде многу важно, истакна Заев.

Повтори дека се надева дека можем да се реши 25-годишниот спор што ќе овозможи да се направи чекор кон ЕУ и чекор кон НАТО.

- Сите овие фрустрации што ги видовме, сите овие миграции на млади луѓе кои ги видовме тоа се фактите во Македонија и за нив зборува времето кое го поминавме сите заедно од самостојноста на Македонија до денес. Знаеме кои се перспективите ако се реши проблемот, знаеме дека интеграциите ни се достапни, знаеме дека веднаш стануваме членка на НАТО, знаеме дека почнуваме преговори со ЕУ. Сето тоа ни е на повидок, наше е да одлучиме, рече Заев.

Вели дека ќе направи се за да се склучи договор со Грција кој ќе биде достоинствен и ќе го сочувува нашиот идентитет и ќе ги чува интересите на граѓаните и на Република Македонија, обезбедувајќи и евроатлантска перспектива.

- Зборувам јавно, ќе се борам за тие ставови, но секако ќе имам и респект и за другите ставови. Важно е да ги следиме чекорите и да не ја кочиме Македонија и Македонија да одлучува онака како што одлучуваат сите демократски земји, изјави Заев.

На крајот, како што рече, важно е за прашањето граѓаните референдумски да се изјаснат и од тој аспект апелира до сите политички чинители да бидат внимателни и да им помогнат на граѓаните, а не да им одмогнат во демократското право на носење одлуки. /МИА

Бразил без Нејмар, Ришарлисон и Касемиро на Копа Америка

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Доривал денеска го објави списокот на играчи за Копа Америка, а во него ги нема поранешните репрезентативци Нејмар, Ришарлисон и Касемиро.

Купот на Америка ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули во САД, а Бразил е во група со Колумбија, Парагвај и Костарика.

Титулата ја брани актуелниот светски првак Аргентина.

Доривал повика 23 фудбалери:

Голмани: Алисон (Ливерпул), Бенто (Атлетико Паранаенсе), Едерсон (Манчестер Сити)

Одбрани: Бералдо (ПСЖ), Едер Милитао (Реал Мадрид), Габриел (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Данило (Јувентус), Јан Куто (Жирона), Гиљермо Аранја (Атлетико Минеиро), Вендел (Порто).

Среден ред: Андреас Переира (Фулам), Бруно Гимараеш (Њукасл), Даглас Луис (Астон Вила), Жоао Гомес (Волвс), Лукас Пакета (Вест Хем)

Напаѓачи: Винисиус Јуниор (Реал Мадрид), Родриго (Реал Мадрид), Габриел Мартинели (Арсенал), Рафиња (Барселона), Еванилсон (Порто), Савињо (Жирона), Ендрик (Палмеирас). /MИА

Секој петти млад човек не мисли дека изборите во Велика Британија се фер и демократски

Секој петти млад гласач во Велика Британија не се согласува дека изборите во земјата се фер и демократски, покажува новото истражување, јави ДПА.

Тоа е најголем удел на недоверба во овој показател кај сите возрасни групи и е двојно поголем отколку кај постарите од 70 години, меѓу кои само еден од 10 не верува во правичноста на изборите.

Истражувањето го спроведе Канцеларијата за национална статистика (ONS), поставувајќи прашања за ставовите за изборите.

Околу 6 од 10 испитаници (58%) се согласуваат или многу се согласуваат дека гласањето во ВБ е фер и демократско.

Процентот на оние кои дале таков одговор бил поголем кај мажите (66%) отколку кај жените (51%), а кај луѓето над 70 години (70%) отколку кај 50-69-годишниците (60%), 30- 49-годишници (53%) и млади гласачи на возраст меѓу 16 и 29 години (55%).

Спротивно на тоа, уделот на оние кои велат дека категорично не се согласуваат или категорично не се согласуваат дека изборите се фер и демократски е највисок кај возрасната група од 16 до 29 години (20%) и е нешто помал кај 30-49-годишните (19%) , 50-69-годишници (14%) и постари од 70 години (10 проценти).

Анкетата не бараше од испитаниците да го оправдаат својот договор или несогласување.

Во врска со загриженост за следните општи избори - за повеќето (64%) испитаници најзагрижувачки се „лажните вести“ и дезинформациите. На второ место како проблем е непристрасноста на медиумите (54 отсто) и странското влијание врз изборните резултати (35 отсто).

Околу 19% од испитаниците рекле дека се загрижени поради тоа што се бара да приложат лична карта на избирачките места пред да гласаат, додека 18% се загрижени за изборна измама. /МИА

Честитки за професорката Гордана Сиљановска-Давкова од сенаторката на Њу Хемпшир, Џин Шахин

Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова за историскиот избор за прва жена претседателка на Македонија, денеска, на социјалната мрежа Х упати сенаторката од Њу Хемпшир, Џин Шахин. 

Во нејзината честитка стои:

„Честитки за Гордана Сиљановска-Давкова, првата избрана жена за претседателка на Македонија. Како силен НАТО сојузник, со нетрпение очекувам да работам со Вас, особено за поддршка на вашите напори за членство во ЕУ.“

Професорката Гордана Сиљановска-Давкова се заблагодари на честитките, истакнувајќи го следново:

„Почитувана сенаторке Шахин, Ви упатувам благодарност за Вашите честитки. Секогаш ја потенцирам важноста на женската солидарност. На тој начин ние инспирираме! Со особено задоволство очекувам да ја прошириме нашата соработка и нашето стратешко сојузништво во НАТО, како и да ги продлабочиме пријателските македонско-американски односи.“

притисни ентер