Заев: За сите „бомби" веќе се поднесени кривични пријави

Комплетно позитивна кампања води коалицијата „Можеме", предводена од СДСМ, вели во интервјуто за МИА претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој посочува дека во текот на претставувањето пред граѓаните го истакнуваат она што планираат да го реализираат.

-За разлика од нас, нашите опоненти комплетно од спотови до наративи и верувам дека господинот Мицкоски и на сонот со Заев збори или се штрека од Заев заради тоа што ме има во сите спотови. Ова е една грозотија, кој и да е, јас сум еден обичен човек, не може да се изначудите кој е тоа психолошки стадиум на мозокот на еден човек за да може да има една толкава преокупација за да води таков вид на кампања, а знам дека тоа ќе им се врати негативно. Ние веќе поднесовме кривични пријави за бомбите заради тоа што е тоа казниво по закон, нагласи лидерот на СДСМ.

Заев истакна дека веќе поднеле кривични пријави за бомбите што се користат во кампањата и додаде дека бараат сето тоа да се истера до крај.

Пријавите, нагласува Заев, се поднесени за сите што објавуваат без разлика дали таргет е опозицијата, дали таргет е лично тој, владејчката партија или опозициската партија или кој било граѓанин.

-Прво сакаме да престане ова заради тоа што еден дел од граѓаните стрепат за приватноста и треба да знаат дека секој има право да тужи макар другар со другар да се снимаат па да објави. Тоа е незаконски, недозволиво и треба да го знаат. Втората работа политиката нели рековме да биде пример за сите и тоа е недозволиво, затоа тоа јавно го направивме односно транспарентно да знаат сите дека има работи во државата коишто се забранети и затоа процесуиравме пријави. Но секако само да дополнам овде, грозотијата која што ја слушаме во целото тоа, насилството на луѓе кои тоа што го правеле зборувајќи директно со своите гласови, носители на листи навистина е за голема казна од страна на граѓаните, истакна Заев.

Во врска со тврдењата дека дека некои од бомбите се плод на прислушување, лидерот на СДСМ дециден – во земјава во 1 јуни 2017 нема прислушување.

-Од 1 јуни 2017 наваму нема никакво прислушување. Апсолутно никој од јавните институции немаат допир до тоа, дури ОТА како агенција која што ги прави конекциите нема право на увид на материјал или што било. Толку е разграничено со европските директиви, тоа го работевме во реформите на безбедноста заедно со европската делегација, ЕК, со многу експерти дојдени, плус од НАТО и јасно е разграничено, не постои никакво прислушување во државата, освен со судска пресуда за истрагите против кршењето на законите во Македонија, истакна Заев во интерјуто за МИА.

Драма на аеродром во Турција: Авион „се заринка“ во пистата, летаат искри (ВИДЕО)

Товарен авион Боинг 767 утрово имал инцидент при слетување во Турција, откако му откажала опремата за слетување.

Летот со кој управува американската поштенска служба FedEx, полетал од аеродромот Шарл де Гол во Париз рано утринава и летал за Истанбул кога пилотот сфатил дека опремата за слетување не е во функција.

На шокантното видео се гледа моментот кога авионот се обидел да изврши принудно слетување, но предниот дел удрил во пистата, додека носот на авионот се лизгал на бетонот.

Од трупот на авионот летаа искри додека тој шкрипеше по асфалтот со чад што се извиваше, пишува Дејли Меил.

За среќа, противпожарните и спасувачките екипи веќе чекале на местото на настанот, а турското Министерство за транспорт испрати екипи за итни случаи веднаш штом дознале дека опремата за слетување на пилотот не работи.

За среќа во инцидентот нема повредени. Пистата каде што слетал авионот била затворена додека не се отстрани леталото.

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од  2472 избирачки места. 

Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23.95 %.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.28 %.

Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.49% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.7%.

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25.84%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48.65 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11.91 %.

Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2.03 % на овие избори.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

Изборна единица 1 31.18 %

Изборна единица 2 23.91 %

Изборна единица 3 29.18 %

Изборна единица 4 26.40 %

Изборна единица 5 25.04 %

Изборна Единица 6 16.71 %

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Реал и Баерн вечерва одлучуваат за противникот на Борусија Д. во финалето на ЛШ

 Противникот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) ќе биде познат вечерва по одигрувањето на реванш натпреварот од второто полуфинале во кое Реал во Мадрид го пречекува минхенски Баерн.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, кој започнува во 21 часот, ќе биде 28. пресметка меѓу двата европски гиганти по ремито 2-2 пред една недела во Минхен.

Реал во меѓусебните дуели има 12 победи, Баерн една помалку, а четири натпревари во историјата завршија нерешено.

Реал со 14 шампионски титули е европски рекордер, додека Баерн има освоено шест трофеи.

Борусија Дортмунд вчера го елиминираше ПСЖ со вкупен резултат 2-0 и обезбеди пласман во финалето на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.

притисни ентер