3Мицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија
1Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
МакедонијаЗаев за името на ФФМ: Преспанскиот договор мора да се почитуваСите невладини институции, приватни или правно-приватни субјекти во кои спаѓаат и приватни фирми и граѓански здруженија, ако примаат пари од Буџетот за нивни меѓународни активности, треба да го почитуваат Преспанскиот договор. Вака премиерот Зоран Заев одговори вечерва на прашањето дали ќе се менува името на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Заев рече дека чувствува горчина, но Преспанскиот договор е завршена работа и тоа е нешто што ни обезбедува иднина. Треба да тераме во тој правец, не ни требаат, како што нагласи, нови непријателства. -Сите институции кои не се државни, а примаат пари од државата за нивно претставување надвор, имаат обврска според Преспанскиот договор да се променат. Очекувам федерациите дури и кои не примаат пари или други здруженија, да го следат уставното име на државата. Не дека не е горчина и кај мене. Тоа е завршена работа и тоа е нешто што ни обезбедува иднина. И треба да тераме во тој правец. Не ни требаат нови непријателства. Дефинитивно сите невладини институции, односно приватнни или правно-приватни субјекти во кои спаѓаат и приватни фирми и граѓански здруженија, ако примаат пари од Буџетот за нивни меѓународни активности, тоа треба да го направат, објасни Заев. Во јануари, потсети премиерот, ФФМ има примено пари од Агенцијата за млади и спорт. -Очекувањата се да постапат согласно Уставот и законите зашто Преспанскиот договор е ратификуван и тој е закон. Да, во фудбаласката репрезентација на Северна Македонија играат Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци,… Треба да го следиме Преспанскиот договор зашто тоа е наша обврска, а Грците си имаат нивни обврски кои ги исполнуваат, рече Заев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМожен договор со Иран и итно отвораењ на Ормускиот теснец уште викендов?Можен договор со Иран уште викендов и итно отворање на Ормутскиот теснец. Американскиот претседател Трамп во веројатно досега најсамоуверен јавен настап најавува крај на 105-дневната војна на Блискиот Исток. Најновата порака е уште еден остар дипломатски маневар на Трамп, само три часа пред американските проектили да го започнат најавенот жесток бран напади врз Иран, кој самиот го објави вчера. -Штотуку постигнавме одличен договор за војната со Иран. Тоа ќе биде предмет на финализирање на документите, што треба да се заврши во текот на следните неколку дена. Веројатно ќе биде потпишан, можеби во Европа. Дали Врховниот лидер го одобри овој договор? – Јас разбирам дека одговорот е „да“. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Се согласија на тоа. Тоа беше главната причина и голем дел од причините. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Повеќе светски медиуми шпекулираат дека церемонијата на потпишување на меморандумот би се случил веќе в недела во Женева, а во име на Вашингтон параф ќе стави потпретседателот Џеј Ди Венс. Аксиос пиушува дека неколку американски авиони полетале кон Европа за да се подготват на таквото сценарио. Но, Иран вели прерано е за славје. Од иранското МНР признаваат дека е направен значителен, но не и финален исчекор. -Вистина е дека Иран се согласува со најголем дел од потенцијалниот договор со САД, но конечен договор не е финализиран. Иран нема да прави компромис со црвените линии, затоа што Вашингтон постојано ги менува ставовите. , изјави Eсмаил Багхеи, портпарол на иранското МНР. Последните изјави влеваат надеж, но светската јавноста со резерва ја прима пораката на Трамп, кому медиумите досега му избројаа 37 слични најави дека конфликтот е речиси завршен. Неговите најави сепак драстично се одразија на цената на нафтата, кој го достигна двомесечниот минимум. Нафтата од типот Брент падна за четири проценти и се продава за 89 долари за барел.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасправата за Законот за правична застапеност се очекува да продолжи в понеделник најавува ГашиПравичната застапеност конечно ќе се регулира со закон, наместо со алатка како „балансерот“ и потребно е да му се даде шанса да се донесе, а ако има забелешки може дополнително да се подобрува, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши .Правичната застапеност конечно ќе се регулира со закон, наместо со алатка како „балансерот“ и потребно е да му се даде шанса да се донесе, а ако има забелешки може дополнително да се подобрува, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши во вчерашното „Само интервју“. Законското решение се очекува во понеделник повторно да се најде пред пратениците откако вчера расправата за него беше одложена поради отсуството на вицепремиерот Беким Сали како овластен предлагач. -Најверојатно в понеделник ќе се свика продолжение на седницата и ќе се резгледа точката дефинитивно. Дали законот е перфектен, но ајде да дадеме можност и шанса, може идната година да направиме евалуација сите заедно да го подобриме. Дуи кога ќе дојде на власт..Може и со подзаконски акти многу работи да се регулираат...Тие што го изготвуваа законот мислеа на подигнување на цел еден систем како ова уставно начело да биде изрегулирано, изменаџирано и да биде почитувано тоа уставно начело. Да профункционира ова со закон, изјави Гаши. По најавите од опозициската ДУИ дека ако треба и физички ќе го спречат донесувањето на законот, Гаши оцени дека таквиот речник не е соодветен за демократска држава, а демократијата подразбира владеење на мнозинството. Реториката на ДУИ не му користи никому, вели Гаши, и од партијата на Ахмети очекува конструктивност наместо тензии. -Апсолутно мислам дека не можеме да имаме таков речник. Како физички би се се спречило, ние живееме во демократска држава. Имаме Деловник, Устав, треба по процедурите да разговараме. Јас ги почитувам политичките партии, во ред е пратениците да имаат свои ставови, да предложат амандмани, да го подобриме Законот, но демократија е владеење на мнозинството.. Дали се тие поголеми Албанци од вас, или едноставно не можете да се носите со нивниот ПР? – Па, не знам што е критериум за добар Албанец. Ако е корупцијата, подигнување на меѓуетнички тензии и други критериуми, можам рака да им подадам. Албанците и Македонците кои ги хранат меѓуетничките тензии ниту се добри Албанци, ниту се добри Македонци, изјави Гаши. Законот ќе се носи со таканаречено мало Бадентерово мнозинство -за да помине треба да има 61 глас, како и мнозинство од присутните пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници. Според Гаши, бадентеровото мнозинство ќе зависи од сите пратеници, не само од оние од ДУИ, кои жестоко се противат за ова законско решение. Сепак е е неизвесно дали власта ќе успее да обезбеди Бадентер без нивните гласови. Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
МакедонијаМицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на МакедонијаПремиерот Мицкоски со владина и бизнис делегација е во работна посета на Турција.На бизнис форум во Истанбул посветен на соработката мегу двете држави, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија Македонија денес се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски зони и пристап до регионалните и европските пазари. Турските компании преку инвестирање во македонија добиваат можност да станат дел од европските синџири на снабдување и да го прошират своето присуство на пошироки пазари, посочил Мицкоски Целта на Македонија е да гради долгорочни партнерства кои ќе создаваат нови работни места и поголем економски раст... Ги поканив турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на македонија, држава која има јасна визија за иднината, отворена врата за нови инвестиции и силна определба за економски развој. Изјава христијан мицкоски-претседател на влада Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook