Заев за ИБНА: Очекуваме посета на Ципрас, а потоа јас да одам во Атина

Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април, кога е најдобро за него.

За прва посета на грчкиот премиер на Скопје можеби уште во март или април, но и за посета на Атина со владиниот авион на Република Северна Македонија, говори македонскиот премиер Зоран Заев за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), од Минхенската безбедносна конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април, кога е најдобро за него. Потоа јас ќе ја посетам Атина, нешто што е многу добро, бидејќи често го посетувам Солун и сигурно ќе го посетам повторно. Но, во Атина, ќе дојдам за прв пат со владиниот авион на кој ќе пишува "Република Северна Македонија", за да им покажам на нашите пријатели од Грција, од грчката Македонија, дека се држиме до договорот и сакаме пријателски односи со јужниот сосед, вели Заев.

Премиерот за ИБНА говори и за наградата што вечерва, на Минхенската безбедносна конференција, ќе им биде врачена на него и неговиот грчки колега за Договорот од Преспа. Вели дека е голема чест и живее еден од неговите соништа, Грција да биде земја пријател.

-Голема чест е што ќе ја примиме оваа награда од Конференцијата за безбедност во Минхен, една од најважните светски конференции. Значаен е фактот што сме позитивен пример, покажувајќи му на светот дека преку европските практитки и однесувања, може да се постигнуваат договори, дури и за чувствителни прашања како што е името на една земја, посебниот идентитет на двете земји и како се градат пријателства за иднината на пријателски начин и отворајќи врати за новата генерација, за нашите деца, објаснува Заев, за Независната балканска новинска агенција, пренесе МИА.

Тој додава дека сака да се реализираат проекти поврзани со проекти во енергетиката и инфраструкттурите, да се отворат нови гранични премини, "за нашите граѓани да патуваат на Егејското море, а грчките граѓани да доаѓаат за бизнис".

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

Слета првиот авион со кинеска делегација во Белград, со Си ќе пристигнат 400 претставници

Членови на кинеската делегација, министри и претставници на институции пристигнаа во Белград во рамки на дводневната посета на Србија, која денеска ќе ја започне кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали заедно со министерот за трговија Томислав Момировиќ ги чекаа првите гости од Кина и ги пречекаа на аеродромот.

Претседателот Си вечерва ќе го посети Белград, а ќе ја предводи 400-члената кинеска делегација во Србија, објави Курир.

притисни ентер