Заев во Виена: Очекувам ЕУ да се врати на изворните принципи и да покаже поголема грижа и внимание за процесите за проширување

Владата ја обнови демократијата и испорача конкретни резултати во 4 области, како што се бараше во Заклучокот на Советот на ЕУ во јуни 2018 година.

Такви пораки упати денеска премиерот Зоран Заев на дебатата „ Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост", што се одржа во организација на Институтот „Карл Ренер" и Фондацијата „Фридрих Еберт" во Виена.

На дебатата, на која учествуваше и Андреас Шидер, член на Европскиот парламент и претседавач со Делегацијата на заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Република Македонија, во воведното излагање, премиерот Заев ги запозна присутните со најзначајните поенти од реформските процеси и истакна дека како целосно посветена на овие процеси, Владата ја обнови демократијата и испорача конкретни резултати во 4 области, како што се бараше во Заклучокот на Советот на ЕУ во јуни 2018 година, во владеење на правото, антикорупција, безбедносни реформи и реформи во јавната администрација, и паралелно беа остварени значајни позитивни промени и во социјалната сфера.

„Ја покачивме минималната плата два пати за две години. Ја зголемивме поддршката за социјална помош за 300% во корист на 30 илјади семејства. Зголемена е поддршката на децата за 70 илјади деца. Платите во јавниот сектор, за лекарите, социјалните работници и наставниците, се повисоки. Воведовме социјална пензија, така што старите граѓани не остануваат без никакви приходи. Ние сме посветени да градиме општество што е социјално праведно и каде сите имаат еднакви шанси“, нагласи премиерот Заев на дебатата во Виена.

Премиерот Заев потенцираше дека на меѓународен и на билатерален план, Владата на Македонија успеа да ги реши билатералните спорови со Бугарија и Грција, и тоа ја направи земја без отворени прашања со соседите, како единствена на Западен Балкан од таа перспектива.

„Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за обете страни. Таа се заснова на компромис што гради пријателство. Компромис што е добар и за двете страни. Заедно со премиеротЦипрас создадовме модел за решавање на комплексни прашања“, рече премиерот Заев и додаде дека тоа е препознаено и афирмирано од меѓународната заедница, вклучувајќи го и Претседателот на Франција Макрон кој даде поддршка на овие политики во пресрет на референдумот за промена на името како чекор кон членството во ЕУ и НАТО.

„За Република Македонија нема алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО. Ние го искористивме нашето време во „чекалната“ и денес сме подготвени и политички и институционално за старт на преговорите за членство во ЕУ. Ја разбираме Франција, но сметаме дека проширувањето може да оди паралелно со дебатата за новата методологија за членство во ЕУ“, додаде Заев.

Премиерот Заев на дебатата за европските перспективи на Македонија во Виена рече дека е сѐуште оптимист и дека очекува шефовите и влади на земјите на ЕУ на нивниот самит во Брисел да донесат одлука да почнат преговорите за членство за нашата земја.

„Очекувам е ЕУ да се врати на изворните принципи и да покаже поголема грижа и внимание за процесите за проширување за да биде потврдена силата на привлечност за членство во ЕУ, и за да се елиминира интересот на трети страни во регионот. Ние веруваме во идејата на ЕУ, и ќе останеме посветени на тој пат“, потенцираше премиерот Заев .

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

притисни ентер