Заев верува дека Македонија ќе постигне два отсто БДП за одбрана пред 2024

-Во последните две и пол години го дуплиравме трошокот за одбрана, од 0,8 отсто сега сме на 1,4 отсто и нашата е цел е да постигнеме два отсто во 2024, а ќе ја постигнеме стапката и порана, изјави Заев на конференцијата. 

Премиерот Зоран Заев на конференцијата „НАТО се ангажира„ порача дека Македонија, која во наредните месеци треба да стане полноправна членка на Алијансата, ќе ја постигне стапката од два отсто БДП за одбрана во 2024, а можеби и порано.

-Во последните две и пол години го дуплиравме трошокот за одбрана, од 0,8 отсто сега сме на 1,4 отсто и нашата е цел е да постигнеме два отсто во 2024, а ќе ја постигнеме стапката и порана, изјави Заев на конференцијата.

Премиерот потсети дека Македонија сѐ уште не е полноправна членка и дека зголемувањето на буџетската стапка за одбрана започна пред две и пол години.

Голем број европски земји членки на НАТО, вклучително и Германија и Франција, сѐ уште не трошат два отсто од својот буџет за одбрана, што предизвикува значајни тензии со САД и претседателот Доналд Трамп.

Запрашан дали е загрижен што неговата земја се зачленува во Северноатлантската алијанса во момент кога некои земји членки ја доведуваат во прашање нејзината иднина, Заев посочи дека станува збор за „политичка дебата".

-Ниту една земја-членка не треба да заборави зошто НАТО е најголемата Алијанса, ги чува мирот и стабилност, ќе има внатрешни дебати, треба да има реформи, мораме да бидеме поподготвени, не верувам дека нешто страшно ќе се случи, дека некоја земја ќе напушти, рече премиерот додавајќи дека „мора да има дебати, тешките разговори можат да бидат лесни ако се има јасна визија".

Заев го делеше панелот со полскиот претседател, Анджеј Дуда, чија земја се наоѓа во деликатна позиција поради тензиите помеѓу Франција и Турција. Додека францускиот претседател, Емануел Макрон, сугерира „затоплување" на односите со Русија, турскиот претседател се закани дека ќе го попречи дејството на Алијансата на Балтикот доколку НАТО не ги признае курдските воени групи како терористи.

Дуда, меѓутоа, истакна дека НАТО како сојуз на речиси триесет земји е „огромно поле на расправи" и најави дека ќе се сретне со Реџеп Таип Ердоган утре со кого ќе се обиде да изнајде компромис.

Запрашан дали се согласува дека НАТО е „бескорисна" алијанса, шефот на полската држава силно се спротивстави на оваа проценка.

-Погледнете ги последните триесет години, деведесеттите години, НАТО не постоеше, се сеќавате на нешто поврзано со НАТО во деведесеттите? Не, рече Анджеј Дуда.

НАТО, рече, се покажа при инвазијата на Грузија од страна на Русија во 2008, како и на Крим и дел на Украина во 2014.

-Сепак, не гледам проблем, можеме да разговараме, верувам во политика на 360 степени, рече полскиот претседател. Тој вели дека е свесен дека заканата не доаѓа само од Русија на истокот, туку дека Западот се соочува со закана од југот и блискиот исток, затоа вели тој одвојуваме два отсто од БДП за одбраната.

Бугарката со најголеми усни на светот не планира да запре, но проблем се докторите (ВИДЕО)

Бугарската интернет сензација, 26-годишната Андреа Иванова, не престанува да ги полни колумните во весниците и насловните страници на порталите благодарение на својот уникатен изглед.

Пред неколку години реши драстично да го промени својот изглед, а сега важи за сопственичка на „најголемите усни на светот“, а само на филери на усните потрошила десетици илјади евра.

И покрај тоа што лекарите не сакаат повеќе да ѝ работат на лицето, се чини дека Андреа не планира да престане со естетските зафати, а неодамна направи уште еден. Таа вбризгувала филери во носот за да ѝ се израмни лицето, а сакала и да се подмлади и да ги спречи брчките во таа област од лицето.

За потсетување, таа првпат се најде на насловните страници кога имала шест зафати во еден ден, а во меѓувреме открила дека лекарите ја предупредиле дека дополнителните филери можат да бидат „опасни по живот“, пишува Дејли Меил.

- Со оглед на тоа што имам големо количество филери во усните како и во јаготките, течноста се акумулира на двете страни на лицето и предизвикува брчки. Ваквите чувствителни области мора редовно да се хидрираат и освежуваат за да ги задржам моите усни свежи и млади – објаснила таа.

Имено, таа само за филери за усни платила околу 25 илјади евра, а од резултатите, како што тврди, е крајно задоволна. Додека нејзиниот хирург се плаши за нејзиното здравје, Андреа е решена да продолжи со операциите и сака да ја заврши и областа на носот. Сепак, таа е свесна како работите можат да тргнат наопаку.

- Оваа област е доста опасна за инјектирање бидејќи има синуси и многу крвни садови. Доколку се блокирани, ситуацијата може да биде опасна по живот. Иако опасно, според мене, потребно е да се зачува ова младешко лице – вели таа во видеото покажувајќи кон носот.

- Мојот доктор е загрижен за некроза на ткивото на моите усни, но сѐ додека внимавам и не заборавам да хидратирам, би требало да бидам добро. Тешко е да се насмевнувам и морам да пијам многу вода бидејќи хијалуронската киселина делува како сунѓер. Не можам силно да го тријам лицето со рацете кога го мијам, ниту да правам ненадејни движења на новоинјектираните области. Но, повторно ќе вбризгам во назолабијалните набори бидејќи сакам усните и образите да ми бидат пополни - објаснила таа и изразила желба да продолжи со третманите на лицето и покрај предупредувањата на медицинскиот персонал.

- Тие се убедени дека претерувам, но јас сум апсолутно непопустлива и ќе продолжам со овие постапки - рече таа.

Инаку, минатата година призна дека се „бори“ со наоѓање љубов и покрај тоа што мажите ѝ посветуваат големо внимание на интернет. Иако е нестрплива и сака што побрзо „лудо и вистински да се заљуби“, вели дека ќе ѝ одговара само некој кој целосно ќе го прифати нејзиниот изглед.

- Ако сум во врска со некого, а тој ми каже дека му е непријатно додека шета со мене на улица или на јавни места, тогаш ќе раскинеме - изјавила Андреа.

- Ќе се чувствувам лошо и навредено, па тогаш ќе морам да барам нов партнер на којго нема да му пречи мојот изглед - рече таа и објасни како би сакала лудо и вистински да се заљуби и да го запознае вистинскиот партнер за себе, бидејќи таа тврди дека љубовта е „најубавата и најважната работа на овој свет“.

Што се однесува до коментарите на социјалните мрежи, оваа 26-годишна Бугарка добива бројни комплименти од мажите, но има и такви на кои нејзиниот изглед не им е привлечен.

- Кутра девојка - пишува во коментарите под нејзината последна објава.

- Оваа девојка треба да оди на психолог, болна е - напишал друг коментатор, додека еден маж сепак напишал дека сѐ што сака е „еден бакнеж“.

Хорор во Грција: Татко фрла во контејнер новороденче, вели дека било родено мртво (ВИДЕО)

Грчките медиуми објавија видео на кое се гледа моментот кога таткото го фрлил новороденчето во контејнер во местото Врефос.

На видеото се гледа маж од Непал како држи две кеси во левата рака, од кои во едната има бебе.

Понатаму се гледа како оди низ ходникот, излегува надвор и ги фрла кесите во контејнер.

Полицијата набрзо ги пронашла родителите, а таткото признал дека го фрлил бебето во ѓубре. Сепак, тој тврди дека не го убил детето туку дека бебето било прерано родено мртво.

Полициски извори за „Прототема“ изјавија дека жената во четвртокот вечерта отишла во болница поради крварење, а лекарите ѝ кажале дека е бремена. Сепак, не можеле да утврдат дали има спонтан абортус или нормално породување.

После тоа, властите и полицајците биле повикани да отидат во хотелската соба во која престојувала двојката и да извршат истрага. Според информациите во собата имало крв и на тоалетната шолја и на чаршафите и на други места.

Фетусот конечно вчера бил лоциран на депонијата и се очекува да биде прегледан во понеделник.

Позната манекенка цели 12 години глумела дека слуша- сега признава дека била глува (ФОТО)

Џорџија Мејчам, модел од страниците на магазинот „Вог“, откри дека е глува - по 12 години глумење дека слуша.

30-годишната манекенка е родена „делумно“ глува, а на 17 месеци почнала да носи слушни помагала на двете уши, пишува The Sun.

Таа вели дека целиот живот го поминала срамејќи се од својот инвалидитет. На 18 години потпишала договор за манекенка, а глувоста ја криела речиси цела деценија. Таа тоа вешто го криела дури и додека глумела во големи холивудски блокбастери.

Сега Џорџина сака да ја обнови својата кариера како пример за глувите луѓе. „Криењето на мојата попреченост беше многу тешко, ме истроши - но едвај чекам да почнам од почеток“, рече таа. „Луѓето ме гледаат и мислат дека сум „висока русокоса која нема никакви потешкотии“ - но сакам да им покажам на луѓето дека хендикепот нема изглед.

Глувоста на Џорџија била прифатена кога била дете. Била толку самоуверена што секој ден носела розова боја за да ги истакне своите слушни помагала. Таа морала да ја носи косата во реп и тоа ѝ помогнало со самодовербата.

„Никогаш не ме гледаа со презир затоа што сум глува“, рече таа.

Но, кога отишла на колеџ, кај Џорџина се појавила чувство на срам поради нејзините слушни помагала. „Мразев да спомнувам дека сум глува“, рече таа. „Не знаев како да разговарам со луѓето за тоа.

Агенција за моделирање ја открила како бруцошка и првиот договор го потпишала на 18 години. Нејзината кариера ја однесе на патувања низ светот и да работи за брендови како Стела Макартни, Карен Милен и Тед Бејкер. Таа глумела во музички спотови на многу изведувачи, како што е One Direction. За цело време читала од усните на фотографите и режисерите - често погодувајќи што зборуваат, криејќи ја својата попреченост.

"Манекенството беше ново поглавје во мојот живот. Мислев дека ќе бидам попозната ако ги кријам моите слушни помагала", вели таа. „На снимањето ги криев тајно во мојата чанта – ги мразев“, рекла таа. „Целосно негирав дека сум глува, морав да погодам што зборуваат луѓето.

Пет години подоцна, таа почнала да се појавува на аудиции за филмови. Оттогаш глумела во многу филмови, вклучувајќи ги „Бебето на Бриџит Џонс“ и „Жена чуда: 1984“ - но вели дека цело време ги читала упатствата на режисерот.

Долгите денови, бараните распореди и постојаното погодување што ѝ зборуваат луѓето ја оставиле Џорџи со „замор од глувост“ - и таа одлучила дека не може повеќе да издржи. „Тоа беше неверојатно ментално исцрпувачко читање од усни цело време. Глувите луѓе веќе страдаат од нешто што се нарекува „замор од глувост“ - затоа што ни треба повеќе мозочна моќ за да слушаме што зборуваат луѓето“, објаснила таа. „Пропаднав уште повеќе, криејќи ја таа тајна.

Џорџија им дава заслуга на глувите познати личности како Роуз Ајлинг-Елис и Таша Гури за „будењето“. Гледајќи ги во сериите „Strictly Come Dancing“ и „Love Island“ ја натерало да посака повторно да ја прифати својата глувост. Таа започнала со терапија во јуни 2023 година и го резервира својот прв час по знаковен јазик овој месец.

Манекенката не е јавно фотографирана откако решила да објави дека е глува - но со нетрпение чека конечно да ги прифати слушните помагала.

„Решена сум да зборувам за застапеноста на глувите во оваа индустрија“, рече таа, а потоа додаде дека на глувите лица треба да им се посвети поголемо внимание за време на снимањето и дека би било одлично доколку имаат човек да им помогне. „Генерално, треба да посветиме повеќе внимание на скриените тешкотии“, заклучила таа.

притисни ентер