Заев : Со случајот „Рекет“ Северна Македонија прокнижува поени зашто се спроведува независна истрага, премиерот пријавил случај

Премиерот Зоран Заев, во интервју вечерва  уште еднаш ги наведе црвените линии во преговорите со опозицијата за СЈО и за Законот за јавното обвинителство, се наведува во соопштението од Владата.

Заев ги објасни со подготвеноста за креативна понуда на решенија за излез од ситуацијата, при тоа имајќи предвид дека одговорност на сите во државата треба да биде да обезбедиме независен правосуден систем, независно обвинителство, независно судство, кое ќе решава криминали без разлика до кој води тој криминал.

„Како во ретко која демократија понудивме шеф на обвинителство за решавање висока корупција да биде предлог на опозицијата. Парламентот да го избере, а Советот на обвинители да го верификува. Во такви околности црвената линија е иднината на предметите на СЈО. Да не се уништат, да не се заташкаат, да нема амнестија“, истакна премиерот Заев во интервјуто за ТВ Сител.

На прашањето на новинарката дали случајот „Рекет“ е причина да не биде постигнат компромис, Претседателот на Владата Заев потенцираше дека нема никаква логика за поврзаност на разрешувањето на Катица Јанева со случајот „Рекет“.

„Растеретени сме од било каква тежина или тегоба на нашите плеќи. Кој се огрешил од законот, треба да си одговара. Затоа и понудивме тие да предложат обвинител. Но, за да се случи тоа треба да се предложи сериозен обвинител и да се формира тим кој ќе формира предмети за сите случаи, вклучувајќи го и „Рекет“, но и предметите за 27 април. Одбија зашто знаат дека како предлог не може да дојде Никола Груевски, или Јово Илиевски, или Марко Зврлевски. Такви предлози нема да го добијат парламентарното мнозинство. Треба да се излезе со издржан предлог за обвинител. Немаме проблем со таков предлог. И сето тоа да се покрене и реши во период во кој тие предмети нема да застарат. Но, опозицијата го одби овој предлог, а должни се да кажат зошто го одбиваат“, рече Заев во телевизиското интервју.

Тој додаде дека случајот говори за еден комплетно променет амбиент во гонењето на високата корупција и организираниот криминал во земјата.

„Зоран Заев го пријави рекетот. Ова е сосема различно и обратно од едни минати времиња. Обвинителството е целосно ослободено и транспарентно ја води постапката. Јас, граѓаните, очекуваат таа постапка да заврши час поскоро. Да ги добиеме одговорите. Каде завршиле парите и кој сé е инволвиран? Секој треба да одговара, без разлика до кого ќе стигне истрагата“, потенцираше Заев.

На прашањето дали блокираните преговори со опозицијата и случајот „Рекет“ ќе бидат причина за одлагање на датумот за преговори со ЕУ за нашата земја, премиерот Заев рече дека тој останува оптимист и дека за тоа има добри причини.

„Јас сум премиер и таа позиција ми овозможува фреквентна комуникација со државниците на земјите членки на ЕУ, или со нивните амбасадори во нашата земја. Со случајот „Рекет“ Северна Македонија прокнижува поени. Се спроведува независна истрага, премиерот пријавил случај, обвинител има во притвор. Сето тоа покажува дека правосудните инстанци се растеретуваат од политиката. Тоа значи за Северна Македонија уште еден плус, зашто борбата е високо на нашата агенда дома, а тоа го гледа и ЕУ во делот на обврските од реформите. Тоа е добра причина датумот секако да го добиеме во октомври како што беше ветено“, истакна премиерот Заев и додаде дека останува на ставот дека барањето за предвремени избори само ќе го забави спроведувањето на реформите и на придобивките од економските резултати кои се најважни за граѓаните." , рече Заев во интервју за Сител.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер