КултураЗаев: Седум децении „Танец“ ревносно се грижи за народните игри и песниПретседателот на владата на Македонија, Зоран Заев, синоќа присуствуваше и имаше свое обраќање на одбележувањето на 70 години од основањето на НУ ансамбл „Танец“.Седум децении „Танец“ ревносно се грижи за народните игри и песни, обичаи и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточува националниот бит пред целиот свет рече Заев. На овој настан покрај премиерот Заев свое обраќање имаше и директорот на ансамблот Танец, Мартин Вучиќ кој ги покани сегашните и идните генерации да го одржуваат Танец каков што го создале првите генерации. „Овој ансамбл, оваа институција е од посебен општествен интерес и наша должност е да ја следиме светлата траекторија по која се движи цели седум децении. „Танец“ треба и мора да ја продолжи својата културна мисија на негување и презентирање на исклучително богатото и автентично фолклорно творештво во земјата и надвор од неа. Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ е цели 70 години симбол на нашата национална култура и уметност и вистински репрезент на македонското фолклорно творештво на целата земјина топка.Седум децении „Танец“ ревносно се грижи за народните игри и песни, обичаи и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточува националниот бит пред целиот свет.„Танец“ е наш бренд. Тој ја освојува публиката каде и да настапи. Ја освојува со својата професионалност, со високиот уметнички впечаток, со органската поврзаност со раскошната убавина на нашето фолклорно наследство.Со еден збор ансамблот “Танец” претставува жива енциклопедија на македонското традиционално творештво и на нашата фолклорна историја.За квалитетот и уметничката вредност на овој наш репрезент говорат и сите громогласни аплаузи од публиката, сите позитивни одгласи од критиката и големиот број стручни и општествени награди, дипломи и признанија, како што се престижните награди „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”.Никој не останува рамнодушен кога настапува „Танец“. Уште при првиот звук од зурлата, уште на првиот удар на тапанот и при првиот чекор на ороводецот, ни заигруваат срцата, ни затреперува телото.Не само нам, туку и на сите нашинци во дијаспората и на сите луѓе во светот.Затоа треба да сме им благодарни на сите генерации членови на „Танец“. Цела низа генерации успеаја да го одржат континуитетот на чување на високите вредности што цели седум децении го прават горд нашиот народ. Не прават горди сите нас поединечно, а верувам дека исто толку ќе бидат горди и нашите деца.„Танец“ е расадник на уметноста, расадник на професионалци и едно од главните упоришта на нашата културна автентичност. Ние сме должни да го негуваме и во рамките на можностите да му ја обезбедуваме неговата сигурна иднина. Тоа е и наша должност, но и е наша чест.Нека е честит големиот јубилеј и нека ни е вечен „Танец“!“, истакна во своето обраќање премиерот Заев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБрисел го откри планот за УкраинаЕвропската унија подготвува планови за четири земји-кандидати, кои вклучуваат индикативни целни датуми за завршување на преговорите за пристапување.Што се однесува до Украина, како можен временски рамка се споменува крајот на 2029 година, според објава на социјалната мрежа „X“ од Рикард Јозвиак, уредник за Европа во Радио Слободна Европа. Како што пренесува „Европска правда“, Јозвиак нагласи дека овој датум се однесува на завршувањето на преговорите за пристапување, а не на самиот момент на зачленување во Европската унија. Според овие индикативни планови, Црна Гора би можела да ги заврши преговорите во текот на 2026 година, додека за Молдавија се споменува временски период од крајот на 2027 до почетокот на 2028 година. the latest thinking on the 🇪🇺 accession roadmaps due to be presented next week (about the finishing negotiations, so not date of membership): 🇲🇪of 2026 🇦🇱&🇲🇩end of 2027 / start 2028 🇺🇦 end of 2029. — Rikard Jozwiak (@RikardJozwiak) October 26, 2026 За Украина, крајот на 2029 година првично беше спомнат како индикативен рок за завршување на преговорите за пристапување. Сепак, Јозвиак подоцна појасни дека, во случајот со Украина и Молдавија, плановите нема да се фокусираат на конечното завршување на преговорите, туку на дефинирање на очекувањата за 2027 година. Попрецизни временски рамки за завршување на преговорите со овие земји ќе бидат утврдени во подоцнежна фаза. Овие датуми претставуваат индикативни цели, а не гаранција дека преговорите ќе бидат завршени до предвиденото време, ниту пак дека земјите дотогаш ќе станат членки на ЕУ.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook