МакедонијаЗаев: Се води сметка за набавките на вакцини за да не добиеме повеќе отколку што ни се потребниПрво не е работи за никакво игнорирање, ние секој пат со достојна почит постапуваме кон сите добронамерни понуди. Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека со сериозност се работи на постапките за набавка на вакцини за Ковид-19, и се шрави одмерување зашто, како што наведе, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација. – Прво не е работи за никакво игнорирање, ние секој пат со достојна почит постапуваме кон сите добронамерни понуди. Се работи пред се за одговорност, ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот, па дури и сте авансирале 20 отсто и платиле од парите за вакцината, сте потпишале директен договор со Фајзер и ги калкулирате овие плус количини на првите од 800 000. Ја знаете отприлика количината која ЕУ официјано објави, 70 милиони евра за Западен Балкан, само ако го пресметате и го ставите процентот на граѓани од Република Македонија во Западен Балкан можете да пресметате колку имате количини, потенцираше Заев одговарајќи на новинарско прашање зошто се игнорнирала понудата за руските вакцини. Тој посочи дека тоа што е уплатено или договорено со Кина, тоа што го имаме како понуда со соседите, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација. – Такашто се прави одмерување, секако јас уште еднаш потврдувам – здравјето на граѓаните е суверено право, иако сме најнова членка на НАТО, ниту Вашингтон, ниту НАТО, стретешките партнери на државата, ниту ЕУ има резерви или предрасуди во делот на изборот на вакцините, дали се работи за Фајзер, Астра зеника или се работи за Синофарм или за Спутник од Русија или било каде конкретна одговорност не можете да направите оти кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис во најмала рака, дури и парите да не се исплатени, ниту авансите, морате да ги исколкулирате сите количини. Така да не смееме да дозволиме се работи за скапа, многу важна работа, се работи за огромни народни пари така да не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност околу постапките за набавки на вакцините, рече премиерот Зоран Заев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМајка и ќерка починале во рок од еден час додека биле на одмор во Црна Гора Мајка и ќерка од Сараево починаа додека беа на одмор во Добре Воде, Црна Гора, со само еден час разлика.Како што објави порталот Avaz.ba, двете се Шејла Велија (45) и нејзината ќерка Џејна Велија (22). „Причината е несреќна смрт“, објави порталот, повикувајќи се на официјални лица. Извори од Црна Гора изјавија дека патологот прелиминарно констатирал дека станува збор за срцев удар и кај ќерката и кај мајката. Според информациите од Црна Гора, прва починала ќерката, а еден час подоцна нејзината мајка, а бидејќи станува збор за природна смрт, нема елементи на кривично дело. Мајката и ќерката починале на 28 август.Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПовторно се појавија европските „камења на гладот“ : Ако ме видиш, заплачи Со векови, заедниците покрај реките во централна Европа бележеле екстремно ниски нивоа на водата со резбање ознаки во карпите што се издигале над површината.Резултатот е необичен и траен запис за условите што би можеле да ја загрозат навигацијата, земјоделството и егзистенцијата, според Смитсонијан. Се појави порака од 1707 година Овие предмети се познати како „камења на гладот“ и претставуваат некои од најнеобичните преживеани физички записи за големи суши во централна Европа. Камењата се обележани со години што се протегаат од 15-ти до 20-ти век, додека некои карпи биле обележани повеќе пати, со децении помеѓу различни периоди на суша. Еден таков „камен од глад“ покрај реката Елба во германското село Оберпост, околу 15 милји југоисточно од Дрезден, повторно се појави овој месец. На него има повеќе натписи што означуваат години на ниски нивоа на вода, од кои најстариот датира од 1707 година. Каменот е „еден од најпознатите и најголемите од ваков вид“ во Германија. „Обично гледаме иницијали и години“ Неколку други слични примери неодамна станаа видливи. Тие биле забележани во Леверкузен, во близина на устието на притока на Рајна, како и во Долни Жлеб, чешко село во близина на германската граница. „Камењата на гладот“ се разликуваат по големина, старост, локација и содржина на натписот, но некои мотиви се повторуваат. „На нив обично ги гледаме иницијалите на името и годината. Понекогаш има врежана ознака на нивото на водата“, изјави Властимил Пажурек, директор на Регионалниот музеј во Дечин, Чешка, за Властимил Пажурек во 2022 година. Референцата на годините на суша имаше и практично значење, бидејќи го привлече вниманието кон ризиците што би можеле да следат во иднина. Предупредувачкото име „камен на гладот“ укажуваше на недостатокот на можности за заработка за сиромашните дневни работници кои влечеле и работеле на бродови во време на суша. Исклучително ниво на прецизност Еден од најморничавите натписи е врежан во летото 1904 година. Бродер и гостилничар од Дечин, Ф. Мајер, го имал следниот натпис врежан во парче песочник покрај Елба: „Ако ме видите, плачете“ (Wenn du mich siehst, dann weine). Според истражувачот Бернд Грос, кој пишувал за „камењата на гладот“ во Европа, пораката можеби намерно потсетувала на натпис на близок камен: „Плачевме - плачеме - и вие ќе плачете“. Натписот што го изрезбал Ф. Мајер не е единствениот во Дечин. Различни ознаки на карпите сведочат за ниско ниво на вода во текот на неколку векови, и тоа со исклучително ниво на прецизност. Студија објавена во 2020 година во списанието „Клима на минатото“ покажува дека 11 мерења врежани во камен помеѓу 1868 и 1957 година многу добро се совпаѓаат со податоците снимени на друго место.Тагови: Камења Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИ утре многу топло време со температура до 35 степени, наместа со дожд и грмежи Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 22 Попова Шапка, 28 Крушево, 31 Берово, Лазарополе, 32 Маврови Анови, 33 Охрид, Претор, Прилеп, 34 Крива Паланка, 35 Тетово, Битола, Гевгелија, 36 Штип, Виница, 37 Скопје Петровец, Струмица, 38 Скопје Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, 39 Демир Капија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните погранични предели имаше слаба нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Дуваше слаб до умерен ветер од југозападен правец. До крајот на денот ќе топло и тивко, а во текот на ноќта ќе биде ведро. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за формирање на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 35 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Времето утре и задутре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27