Заев се уште на разговал со Ципрас, работните групи ги прецизираат техничките детали

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште немал телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во врска со евентуалниот договор за прашањето за името.

Тој забележува дека за преговорите и договорот околу името меѓу Македонија и Грција има одредени технички проблеми кои, како што вели, треба да се решат меѓу двете страни.

- Знаете јас уште на самиот почеток сум оптимист, не би сакал да давам детали. Верувам дека ќе го најдеме решението, но штом се отстранат овие технички можности веднаш ќе се случи телефонскиот разговор и верувам дека во најбрз можен рок можеме да објавиме дека сето тоа што е договорено, како би го процесуирале понатаму самите постапки, за да пристигнеме навремено пред Европскиот совет заради тоа што тогаш ќе се одлучува за добивање датум за отпочнување на преговорите за Македонија. Така што, следните денови сме максимално фокусирани и посветени, се работи за договарање за членови од договорот, за детали коишто се важни, заради тоа што сега е време тие да бидат прецизно договорени, рече Заев.

Потврдува дека и двете страни кога ќе го постигнат договрот околу името неговото потпишување меѓу Макеоднија и Грција ќе се случи во Преспа, а, како што вели, тоа е желба уште од Давос.

- Таму би требало да биде потпишувањето, таа желба е уште од Давос затоа и премиерот Ципрс секогаш ја повтора и затоа јас само можам да ја потврдам секако во овој момент тоа што го разговараат усно министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција треба да биде преточено во правен документ треба одредени детали, на крајот јас и премиерот Ципрас треба да одлучиме со наши аргументации. Јас сум подготвен за тој разговор, знам дека е и тој подготвен, секако важно ни е како тоа ќе го објасниме на нашата македонска опозиција за да има причина за да ја повикаме за да биде заедно со нас, наведе Заев.

Многу и најважно е, дополни, да им објасниме на граѓаните на РМ, но исто така паралелно и важно е да им објасниме на опозицијата во Грција., како и на граѓаните на Република Грција. - Секој договор има крајни аспирации не само да отстрани одреден проблем, туку да биде алатка за зголемување на пријателството меѓу двата народа. Јас верувам дека и така ќе биде прифатено од двете страни. Ова само да биде причина да расте интензитетот и меѓусебната соработка од секој аспект меѓу граѓаните на РМ и граѓаните на Република Грција, рече Заев.

Прашан како го коментира предлогот Република Северна Макеоднија за којшто деновиве објавуваат грчките медиуми, Заев со став дека не би коментирал детали бидејќи, како што вели, е внимателен и сака да остави шанса да успее договорот.

- Веднаш штом одлучиме за имињата, придавките, додавките или слично ние би соопштиле вендаш на граѓаните, посочи премиерот.

На новинарско прашање зошто македоската јавност и медиумите постојано дознаваат информации и шпекулации од грчките медиуми и каде конкретно заглави договорот со Грција Заев повторно акцентира дека не сака да зборува за детали.

- Чувствително е, не знам како тоа ќе го прифати грчката страна. Тоа се наши пријатели, веќе довербата е голема, изградена. Не би зборувал за детали. Заради тоа што тоа се работи коишто треба ние да ги отстраниме, и македонската и грчката страна. Нема на друг начин да се отстранат. Шпекулациите од секогаш излегуваат од сите страни. Прво работат повеќе луѓе на материјата на темата за да може да се создаваат тие околности и да се изврши оваа телефонска комуникација помеѓу мене и премиерот на Грција Алексис Ципрас, рече Заев.

Изгоре огромен трговски центар во Варшава со 1.400 продавници (ВИДЕО)

Пожар избувна утрово во голем трговски центар со 1.400 продавници во Варшава.

Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 80 отсто од зградата е зафатена во пламен.

Црн чад може да се види во околината на снимката што ја емитува приватната телевизија Те Фау Ен 24.

Властите испратија СМС пораки за да ги предупредат жителите на полскиот главен град да останат во затворени простории со затворени прозорци.

Портпаролот на полицијата за полските медиуми изјави дека нема извештаи за повредени.

Трговските центри и големите продавници обично се затворени во недела поради забраната што ја воведе претходната влада.

Овие продажни места смеат да се отвораат само неколку недели годишно за да можат луѓето да купуваат за Божиќ, Велигден и други празници.

Зошто играчите на Милан на дресовите го носеа моминските презимиња на нивните мајки?

Милан го декласираше Каљари со 5:1 на Сан Сиро во 36. коло од Серија А.

Двоен стрелец за избраниците на тренерот Стефано Пиоли беше Кристијан Пулишиќ, кој погоди во 59. и 86. минута, додека Исмаел Бенасер во 35. Тијани додаде по еден Рајндерс во 74 и Рафаел Леао во 83 минута.

На две кола пред крајот на италијанското првенство, Милан има 74 бодови и го обезбеди второто место, со оглед на тоа што третопласираната Болоња заостанува седум бода. Натпреварот помеѓу Милан и Каљари немаше особено важен резултат, но привлече внимание поради акцијата што ја изведоа фудбалерите на Пиоли.

Денеска е денот на мајката, 12 мај, а Милан го одбележа со тоа што играчите на дресовите наместо името и презимето ги носеа моминските презимиња на нивните мајки.

Целта на иницијативата беше да се подигне свеста за правото на личен идентитет, што произлегува од пресудата на италијанскиот Уставен суд од април 2022 година, кој одлучи дека автоматското доделување на презимето на таткото е дискриминаторски. Од 1 јуни истата година и двајцата родители на детето мора да имаат право на избор на презиме.

„Играњето со презимињата на нашите мајки на дресовите е посебен начин да им оддадеме почит на неверојатните жени кои нè обликуваа и нè поддржуваа во текот на нашите животи. Тоа е важен гест што ја нагласува важноста на семејството и врски кои нè поттикнуваат и нè издигнуваат на теренот и надвор од него. Горд сум што ја претставувам мајка ми на овој уникатен и искрен начин“, рече Пулишиќ.

Џоана: НАТО не планира да испраќа трупи во Украина

Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, изјави дека Алијансата не планира да испрати војници во Украина.

„На ниво на НАТО, каде што одлуките се носат со консензус, во моментов немаме ниту планови, ниту политичка намера да распоредиме сили на НАТО во Украина“, рече тој на презентација на книга, пренесува Диги24.

Според него, НАТО се уште е заинтересиран да ја поддржи Украина, како и да обезбеди конфликтот да не прерасне во конфронтација со Русија.

Запрашан за „сопствените црвени линии“, по преминувањето на кои НАТО треба да интервенира во конфликтот, тој одговори дека „не се работи за кршење на црвените линии, туку за еволуција на динамиката на оваа војна“.

Тој изјави дека не знае колку долго ќе трае конфликтот, но, вели, „едно е јасно, оваа војна ќе продолжи“.

„Од двете страни има мобилизација на човечки, материјални, економски и логистички ресурси и во овој момент сите укажуваат дека војната ќе се пролонгира“, рече Џоана.

Заменик генералниот секретар на НАТО заклучи дека Западот учи од овој конфликт и ја сфаќа потребата да инвестира во одбранбениот сектор.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон, во видео, одговарајќи на прашања на корисниците на социјалните мрежи, рече дека Европа мора да биде подготвена да ја ограничи Русија доколку Москва „претера“ во конфликтот во Украина.

Тој исто така нагласи дека „со сите сили се надева“ дека Париз нема да мора да се впушта во непријателства.

притисни ентер