Заев се сретна со претставници на Советот на амбасадори

Државата е на правиот пат, поздравени се политиките на Владата и договорена е активна соработка, било речено на средбата.

Премиерот Зоран Заев, се сретна со претставници на новоформираниот Совет на амбасадори: претседателот Љупчо Арсовски, потпретседателот Мухамед Халили и членовите на Извршниот одбор, Тихомир Илиевски, Нано Ружин и Иљаз Сабриу.

На средбата се поздравени политиките на Владата коишто отворија пат за НАТО и за ЕУ интеграциите на нашата држава. Оценето е дека Владата го направи потребното да ја постави државата на правиот пат и дека успешните интеграции се вистинска можност за економски развој на земјата.

Заеднички е изразено очекување дека ќе бидат вреднувани постигнувањата на земјава на домашен и меѓународен план и дека Република Северна Македонија, како што заслужува, ќе добие позитивна одлука од Советот на ЕУ во октомври и датум за почеток на преговорите.

На средбата беше објаснета мисијата на независното, непрофитабилно здружение на амбасадори и поранешни министри за надворешни работи, Совет на амбасадори, кое, како што е речено, е основано со цел да помогне во креирањето и успешно имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика и ЕУ и НАТО интеграциите, преку поддршка и предизвикување на институциите надлежни за надворешната политика, да носат праведни и квалитетни одлуки засновани врз база на сестрани и квалитетни анализи.

Членовите на Советот на амбасадори рекоа дека како луѓе со големо професионално и животно искуство, во коишто вложувала државата, сакаат да го возврат тоа знаење на својата земја.

Премиерот Заев изрази поддршка на иницијативата на членовите на Советот на амбасадори да помогнат на државата.

„Секое искуство и сечија помош е добредојдена, а посебно кога доаѓа од искусни луѓе коишто ја претставувале својата земја. Владата и институциите во вас ќе гледаат партнери во носењето одлуки за доброто на граѓаните и на нашата држава“, рече премиерот Заев.

При тоа е изразена благодарност за изразената почит кон нив и нивната иницијатива.

Лидерот на Златна зора ќе излезе од затвор

Поранешниот лидер на сега непостоечката неонацистичка партија Златна зора Никос Михало-Љакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор, пренесуваат грчките медиуми.

Судот во градот Ламиа донел одлука тој да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната. Златна зора пред четири години беше прогласена за криминална организација обвинета за бројни насилства од омраза , а нејзиниот лидер и пет поранешните пратеници добија 13 години затворска казни. Михалољакос, според одлуката на судот, ќе има забрана да ја напушта поширокиот регион на атина и ќе треба еднаш месечно да се јавува во полициска станица, пишува Катимерини. Златна зора беше дел од парламентот во периодот од 2012 до 2019 година..

Полската полиција приведе 16-годишно момче за нападот со молотов коктел врз синагога

Полската полиција приведе 16-годишно момче осомничено дека фрлило молотов коктел врз историската синагога Ножик во Варшава, изјави денеска портпаролот на полицијата за весникот „Ржечпосполита“.

Мотивот зад вчерашното фрлање молотов коктел врз единствената синагога во Варшава што го преживеа нацистичкиот напад за време на Втората светска војна, остана нејасен. Осомничениот одбил да даде изјава.

„Срамотните антисемитски напади како овој не можат да се толерираат денес. Сторителите мора да бидат пронајдени и казнети, објави вчера на „Икс“, израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне.

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда исто така го осуди фрлањето молотов коктел врз синагогата. „Нема место за антисемитизам во Полска! Нема место за омраза во Полска", напиша Дуда на „Икс“.

Синагогата од 1902 година, во центарот на градот на левиот брег на Висла, денеска е главната синагога во Варшава. /МИА

Полицијата го растури пропалестинскиот протестен камп на Универзитетот УКЛА во Калифорнија

Претходната ноќ кампот на студентите кои протестираа бил нападнат од приврзаници на Израел, пренесе БТА.

Стотици службеници на автопатот во Калифорнија рано утринава се упатија низ барикадите и толпата демонстранти до плоштадот во центарот на кампусот на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА) за да го разбијат шаторскиот камп поставен во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, јавија британските медиуми.

Претходната ноќ кампот на студентите кои протестираа бил нападнат од приврзаници на Израел, пренесе БТА.

Телевизиските снимки покажаа најмалку шест лица уапсени во кампусот на УКЛА. За време на судирите меѓу студентите и полицијата одекнале неколку експлозии.

Демонстрантите со рачно изработени штитови и раширени чадори се обидоа да ја спречат полицијата со шлемови кои упаднаа во шаторскиот камп.

Локалниот телевизиски канал КАБЦ прикажа меѓу 300 и 500 демонстранти во забарикадираниот камп и околу 2.000 поддржувачи на протестите надвор од барикадите.

Раководството на универзитетот вчера ги откажало сите часови по жестокиот судир меѓу демонстрантите во кампот и група маскирани контра-демонстранти кои извршија ненадеен напад во вторникот доцна навечер.

Пропалестинските демонстранти тврдат дека нивните противници фрлале бомби врз шаторите. Вчера рано изутрина интервенираше полицијата за да воспостави ред. /МИА

притисни ентер