Заев: Партиите нека се подготвуваат за избори во април

Партиите да си ги подготват листите за пратеници, бидејќи избори ќе има на 12 април, тврди премиерот Заев.

Иако деновиве се отворија дилеми дали распишаните избори ќе влијаат на влезот во НАТО Алијансата, Заев денес рече дека шпанскиот парламент има доволно време да го потврди НАТО протоколот, така што пред распуштање на Собранието, ратификацијата би се случила и во земјава.

- Политичките партии да си ги спремат листите за кандидатит за пратеници за предвремените Парламентарни избори на 12 април 2020 година, бидејќи целата постапка околу ратификацијата за членството во НАТО се очекува да биде завршена до 11 февруари, кога се распушта актуелниот парламентарен состав. Го имаме цел декември, цел јануари, и десетина дена од февраури, и те како постои соодветно време да се реализира. Не сакам да испратам никаква порака до било која политичка партија и потенцијални кандидатски листи за изборите да не се подготвуваат, изјави Зоран Заев – претседател на Влада.

Според албанските опозициски партии изборите мора да се одржат на договорениот датум, без да се бараат причини за евентуално поместување. Ова го побара лидерот на Алијанса за албанците Зијадин Села во синоќешното “Само интервју” и рече дека неопходна е промена на ДУИ која не е репрезент на мнозинството албанци во земјава.

- За нас 12 април е датумот за одржување предвремени парламентарни избори, а денешната изјава на премиерот Заев за можност за промени поради ратификацијата на Протоколот за прием на земјата во НАТО, само покажува дека власта се плаши од избори, истакна Зијадин Села – претседател на Алијанса за Албанците.

Опцијата за формирање предизборна коалиција на албански блок е се уште во игра. Дали БЕСА и Алтернатива ќе ја прифатат понудата на Села се уште е неизвесно. За постизборна коалиција, претседателот на АА не ја отфрла ниту СДСМ, ниту ВМРО ДПМНЕ, но вели дека условот е прифаќање на програмата на неговата партија.

Стапи во сила Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд

Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто.

Индустријата и земјоделците од Европската Унија добиваат мноштвото нови извозни можности со стапувањето во сила на Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд, кој се очекува да ги намали годишните извозни давачки на европските компании за околу 140 милиони евра, соопшти Европската комисија.

- Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто, при што извозот од Унијата потенцијално би се зголемил на 4,5 милијарди евра годишно. Инвестициите на ЕУ во Нов Зеланд имаат потенцијал да се зголемат и за 80 проценти. Овој историски договор, исто така, вклучува обврски без преседан за одржливост, вклучително и почитување на Парискиот договор за климата и основните работнички права, се додава во соопштението.

Со Договорот се укинуваат царините за клучните извозни земјоделско-прехранбени стоки од ЕУ, вклучително и свинското месо, виното, шампањското, чоколадата и кондиторските производи. Дополнително, со спогодбата се гарантира заштита на близу 2.000 вина и жестоки пијалаци од ЕУ, како и на 163 од европски производи со гарантирано географско потекло, како Фета сирењето, истарската пршута или чоколадните бонбони со марципан од Либек.

Од друга страна се обезбедени царински квоти за увоз на говедско и овчо месо и млечни производи во ЕУ.

Договорот предвидува и полесен пристап на компании од ЕУ до договори за новозеландски државни набавки на стоки, услуги и концесии, како посебна помош за извозот на малите бизниси.

Преговорите за Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд започнаа во јуни 2018 година. Договорот беше потпишан на 9 јули минатата година, по што тој беше одобрен од страна на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ, на 22, односно 27 ноември. Од друга страна, постапката за ратификација на Договорот во Нов Зеланд заврши на 25 март годинава. /МИА

Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

За време на велигденските празници, односно од утре петок - 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред.

-Утре и во понеделник на 5 мај од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела за сите е неработен ден, информираат од ЈСП Скопје.

Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник, другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани.

Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Полицијата вчера на територија на СВР Битола изрекла вкупно 34 мерки за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти денеска МВР, 15 казни се изречени на подрачје на Битола, 11 на подрачје на Ресен, три во Македонски Брод, по две мерки во Прилеп и Крушево и една мерка на подрачје на Демир Хисар.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

притисни ентер