Заев: Обезбедивме трајна стабилност и просперитет на земјата

„Ова е голем, историски ден за сите граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде.

„Ова е голем, историски ден за сите граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Обезбедивме трајна стабилност за нашата земја, сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи. Нека ни е честито, да бидеме горди“, напиша премеирот Зоран Заев по потпишувањето на протоколот за членство на земјава во НАТО од страна на 29-те земји членки.

Членството на во НАТО освен што ќе донесе донесе загарантирана безбедноста, сигруност и иднината на нашата земја, позитивно ќе влијае и на македонската економија, смета поранешниот премиер Владо Бучковски. Очекува македонското знаме до крајот на годината да се вее пред седиштето на НАТО во Брисел.

На огромините бенефити кои ќе ги има заемјава од членството во најмоќниот воен сојуз во светот, ужакува и поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин. Со денешното потпишување на протоколот за членство во Алијансата, земјава веќе добива можност да биде дел од следните состаноци на НАТО и да дебатира на истите, а со полноправното членство, ќе добие и право на глас, појаснува Ружин.

И поранешниот премиер во бегство Никола Груевски на неговиот профил на „Фејсбук“ го честиташе денешното потпишување на протоколот за НАТО, но со низа критики на се што до сега е направено за да се дојде до тој чекор. Тој меѓу другото повикува на промена на, како што наведува понижувачкиот и штетен договор, пред влезот на замјава во НАТО и ЕУ.

Одбележани 81 година од смртта на првоборецот Иљо Антески Смок во Тетово

Во Тетово денеска се одбележаа 81 година од смртаа на првоборецот Иљо Антески-Смок. Одбележувањето се одржи пред неговиот споменик во населбата Два бреста каде повеќе делегации положија букети цвеќе, а беше одржан и историски час за негово дело и лик

-Иљо Антески Смок загина на неполни 24 години и немаше можност и среќа да ја почувствува и да ја дочека слободата во која толку многу веруваше. Тој како член на Мавровско-гостиварскиот одред во април 1943 во битката кај Ново Село, Гостиварско бил заробен заедно со 12 други соборци од балистичките одреди кои служеле на италијанскиот окупатор. Подоцна фашистите го осудуваат на смрт, а на денешен датум 17 мај во 1943 година Иљо е обесен. При бесењето извикува „Смрт на фашизмот-слобода на народот“ и самиот го поттурнува столчето за да биде обесен, беше истакнато во пригодниот реферат од наставникот по историја, Љубиша Марковиќ.

Во Тирана покрај Иљо Антески Смок, италијанските фашисти осудиле на смрт и обесиле уште петмина други негови соборци Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Христо Оџаклиески, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски. /МИА

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина.

„Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот Зенески како единствена мировна формула која треба да се разгледа и поддржи. Тоа за нас е неприфатливо. И други направија мировни планови што не полоши“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Тој изјави дека ставил вето на резолуцијата бидејќи бил одбиен неговиот предлог во неа да се вклучат и други мировни планови. /МИА

Ван Перси презеде елитен холандски тим

Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси е нов тренер на Херенвен, соопшти холандскиот клуб. 40-годишниот стручњак потпиша за две сезони.

За Ван Перси, кој е играчот со најмногу голови во историјата на „лалињата“ со 50 погодоци, ова ќе биде деби како тренер на сениорска екипа.

Досега имаше искуство како тренер на младински тимови на матичниот Феенорд.

-Тренерската професија е сеопфатна и предизвикувачка, и ја практикувам со многу страст и задоволство. Имам желба да продолжам со мојот развој и улогата на главен тренер совршено одговара на оваа амбиција. Затоа сум воодушевен од можноста што Херенвен ми нуди многу убав елитен клуб со богати традиции и лојални поддржувачи. Фантастичен предизвик е да се дозволи да се придонесе за спортските амбиции и развој на клубот овде како главен тренер, истакна легендарниот стрелец.

Официјално ќе биде претставен во вторник на 21 мај. Херенвен е на 10. место во Ередивизи пред крајот на првенството./МИА

притисни ентер