Заев: Ние сме НАТО, одиме кон ЕУ

На овој ден пред две години 609.813 македонски граѓани го заокружија изборот „ЗА" на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Македонија и Грција?", објави премиерот Заев на Фејсбук.

– Патот кој води до сигурна евроатлантска иднина доби повеќе гласови од победниците на сите парламентарни избори во историјата на независна Македонија. Резултатот на референдумот беше сигнал дека пратениците во Собранието имаат обврска да ја следат мнозинската волја и тие ја прифатија историската одговорност која се исправи пред нив. Во парламентарниот дом беа донесени храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат, наведува Заев во објавата.

Тој посочува дека Договорот со Грција во својата суштина ја има иднината на нашата држава Македонија, од што произлезе членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори со ЕУ.

– Станавме рамноправна членка на семејствата на НАТО, сојузник со нациите кои уживаат силен економски развој и со чија помош си ги гарантираме сигурноста, безбедноста и добробитот за граѓаните. Оваа година ги почнуваме преговорите за членство во ЕУ. Овие храбри одлуки носат подобар живот за сите граѓани и ни го потврдија богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна, додава премиерот Заев во објавата.

Претседателот на Владат посочува дека постигнавме договор кој го гарантира правото да се определуваме како Македонци, а македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

– Ја испративме во историјата на заборавот референцата ФИРОМ (ПЈРМ) и денес нашата земја е заведена во Обединатите Нации под името Република С.Македонија, преведено на сите јазици, со химната, грбот и знамето кои не се променија. Оваа наша генерација македонски граѓани ја прифати демократијата како највисока вредност, но и како одговорност. Во име на таа наша одговорност ги направивме потребните чекори за најважните одлуки за иднината на сите граѓани на Македонија, додава Зев во објавата на Фејсбук.

ДИК на 99,57 %: „Гол“ на ЗНАМ во судиското продолжение, ЗНАМ има 6 а ВМРО-ДПМНЕ-58 места

На цела пребројана „двојка“ ( 100 % ), екипата на Димитриевски доби уште еден пратеник ( вкупно 2ца ) а ВМРО-ДПМНЕ изгуби еден со што конечниот распоред ,на „ 4 мин. до крајот “ ( остануваат уште 4 % да се избројат ), во новиот Парламент изгледа вака:

Ќе има ли уште некоја квантитативна промена на бројот на освоени парламентарни столчиња кај некоја од партиите, со оглед дека ДИК треба да допреброи уште 0,43%?

Распоредот на парламентот на 99,57% преброени гласови изгледа вака:

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

притисни ентер