Заев: Не ни треба Европската унија по цена на македонскиот идентитет и јазик

Не ни треба Европската унија по цена на македонскиот идентитет и јазик ова утринава го изјави премирот Зоран Заев кој со министерот  Спасовски вршеа увид на реновираниот објект на ОВР Ресен.

Според него Комисијата за историски праша со Бугарија мора да ги лоцира историските периоди и личности кои ќе не зближат.

Ова следи по најавата од еврокомесарот Вархеји дека доколку нема договор меѓу Македонија и Бугарија, постои опција Албанија да биде издвоена од пакетот со Македонија.

По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европска Унија, затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот и кој тогаш ќе влезе во ЕУ? Тоа сме го кажале и досега. Така ги постигнавме и големите договори, штитејќи ја нашата национална посебност – македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што е тоа право на самоопределување, тоа е чувство и не постои договор којшто го договара начинот како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. А тоа е и европска вредност, рече премиерот Зоран Заев во однос на спорот со Бугарија и европерспективата на земјава.

За пораките од ЕУ и САД, Заев смета дека тие ни се пријатели и стратешки партнери кои се тука да разработат креативи и идеи, да споделат со нас искуство и слично, но, нагласи – наша е одлуката и ние ја носиме.

Иако Бугарија повторно ќе оди на парламентарни избори, тој се надева дека, сепак, може да изнајдеме решение со привремената Влада која ќе ја постави претседателот Румен Радев.

– Затоа што очекуваме, секако, да бидат одговорни политичари со кои ќе можеме да седнеме и да изнаоѓаме решение. Проблемот е нерационален, и мора да најдеме решение. Интерес и на Бугарија е Македонија да биде членка на Европската Унија и да се интегрира во меѓународните организации како што е ЕУ. Тоа е во интерес и на бугарскиот народ, не само на македонскиот. И од тој апсект верувам дека ќе го изнајдеме решението, нагласи Заев.

До решение со Бугарија смета дека треба да се дојде на европски начин на размислување и драго му е, рече, што и Бугарија „признава и кажува дека тие немаат проблем со реалноста за македонскиот јазик и за македонскиот народ".

-Но велат: „Ајде да ги утврдиме корените". Ќе ги најдеме и корените ако бидеме паметни на европски начин. Затоа што сите ние сме почитувачи на нашето минато, но сме обврзани да ја креираме нашата иднина. Колку што е можно подобро. Регионот ни е мал и мали ни се земјите и колку повеќе се сплотиме, толку повеќе благодат ќе почувствува народот, истакна Заев одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Ресен.

Посочи дека и двете страни, македонската и бугарслата, прифатиле дека имаме и споделуваме заедничка историја, како што целиот Балкан со векови наназад, а и цела Европа, рече, имаат заедничка историја.

-И тука треба да ги изнајдеме начините. И договорот со Бугарија за добрососедство и пријателство јасно номинира дека Комисијата за историско-образовни прашања треба да ги лоцира токму тие историски периоди, историски личности коишто заедно ќе ги славиме, кои ќе бидат можност да не зближат, да соработуваме уште повеќе, а притоа да не го уништиме достоинството на која било од двете страни. Затоа велам – европски начин на наоѓаше решение, истакна премиерот.

Додаде дека народот од двете земји сака да соработува, а не сака да има причини за кавги, и потврда за тоа е што во изминатот период е унапредена соработката на институции од секакво ниво.

– Почнувајќи од Македонската радио-телевизија со Бугарската радио-телевизија, нашата МИА со Бугарската информативна агенција, Советот АВМУ, но и други апскети – имаме повеќе од седум нови бугарски инвестиции во Македонија во последните шест-седум месеци, додаде Заев.

Манолева: Болницата во Отешево со комплетно нов лик по 43 години

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО.

Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.

„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.

Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.

Министерство за здравство

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Зголемувањето на температурите и екстремните временски настани се очекува да имаат глобално влијание на земјоделството. 

Според новата студија на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам (ПИК), зголемените просечни температури би можеле да ја зголемат годишната инфлација на храната до 3,2 отсто годишно, а вкупната инфлација до 1,18 отсто годишно до 2035 година.

Во студијата, истражувачите наведуваат дека климатските фактори, како што се високите температури и екстремните врнежи, влијаеле на инфлацијата во историски контекст, но не направиле посебна анализа за тоа кои прехранбени производи најверојатно ќе бидат најмногу погодени.

„Откривме дека зголемувањето на температурите може да доведе до повисоки цени на храната, особено во топлите региони и годишните времиња“, рече д-р Макс Коц, еден од авторите на студијата.

„Во идните климатски услови, овие влијанија би можеле да станат големи - проценети на 1-3 процентни поени годишно врз инфлацијата на храната до 2035 година, загрозувајќи ги целите за стабилност на цените на централните банки, како што е ЕЦБ, која има за цел да ја задржи инфлацијата под 2 отсто“, додаде Коц.

Во исто време, вкупната инфлација може да расте во просек за 0,32-1,18 процентни поени секоја година на глобално ниво, се вели во студијата.

Зголемените или нестабилните цени ја загрозуваат економската и човечката благосостојба, како и политичката стабилност, се наведува во извештајот, цитирајќи податоци на ОН дека кризата на трошоците за живот во 2021-2022 година турна во сиромаштија дополнително 71 милион луѓе ширум светот.

Инфлацијата предизвикана од климата влијае подеднакво и на богатите и на сиромашните земји. Се очекува глобалното затоплување да влијае на инфлацијата на храната и на вкупната инфлација и во земјите со високи и со ниски приходи.

Инфлацијата расте како што растат температурите, а најсилно се јавува во лето и во топлите региони на пониски географски широчини, каде што ќе се задржи во текот на целата година. Поради оваа причина, според студијата, глобалниот југ, особено Африка и Јужна Америка, ќе бидат погодени во поголема мера.

Студијата внимателно го разгледува исклучително топлото европско лето во 2022 година, кога жештината и сушата имаа големо влијание врз земјоделството и економијата.

„Проценуваме дека исклучително топлото лето во 2022 година ја зголеми инфлацијата на храната во Европа за околу 0,6 отсто. Идното затоплување, прогнозирано за 2035 година, би го зголемило влијанието на ваквите екстремни настани до 50 отсто“, додаде Коц. /МИА

Видео: Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени

Експлозија се случи утринава во најголемата романска рафинерија и една од најголемите во источна Европа - Петромидија, лоцирана во Наводари, округот Констанца, на брегот на Црното Море, јавија локалните медиуми.

Властите велат дека нема жртви. Во моментов се вршат мерења за утврдување на степенот на загаденост на воздухот.

Густи облаци од црн чад се издигнуваат во областа и се видливи од градот Констанца и од одморалиштето Мамаја.

Активиран е таканаречениот „план за црвена интервенција“. На местото на настанот се испратени шест противпожарни возила, две со високи скалила и три возила на брза помош. Дополнителна помош се очекува да пристигне од Слобозија и Фетешт.

На почетокот на јули 2021 година, експлозија во Петромидија резултираше со смрт на тројца работници. Во јуни 2023 година, пожарникар беше повреден по пожар во фабриката за дестилација на дизел гориво во Петромидија.

притисни ентер