Вели, се прават анализи, колкав ќе биде прагот на крајот ќе каже јавната дебата. Но, прогресивен данок дефинитивно ќе има од следната година.
Прогресивниот данок стана жешка тема деновиве, особено кога на интернет протекоа делови од работната верзија на законот. Според кои, персоналецот ќе се зголеми на 18% за приход над илјада евра. Односно, прогресивен данок ќе плаќа лице кое заработува над 720.000, а секој денар над таа сума ќе се даночи со 18%.
Меѓудругото, се вели дека ќе се даночат и каматите на штедните влогови, ако каматата на годишно ниво надминува 15 илјади денари.
Од министерството за финансии вчера не сакаа да коментираат. Рекоа дека документите кои излегоа се шпекулации кои не се базирани на факти.
Инаку познавачите на проблематиката во изминатиов период беа се погласни против Владините најави да се даночат оние со примања над илјада евра. Според експертската јавност тоа би предизвикало селење на бизнисот, даночна евазија како и зголемување на сивата економија.
Според дел од нив - рамниот данок кој се воведе во 2006тата дал добар сигнал за странските инвестиции и имал одреден ефект врз сивата економија.