Заев на трибина од Кратово: Убеден сум дека цела Македонија ќе донесе историска одлука

Убеден сум дека цела Македонија ќе донесе историска одлука. Ова е шанса што не се пропушта. 

Нашиот народ знае колку е историски важно оваа шанса да не смееме да ја пропуштиме, порача вечерва премиерот Зоран Заев на трибина во Кратово организирана од коалицијата „За Европска Македонија“ за претстојниот референдум.

На граѓаните од Кратово им порача дека преку нив ќе допре гласот до оние сограѓани кои прават калкулации дали ако не излезат ќе ја закочат иднината на Македонија. - Ова е моја, ваша, нивна Македонија. Немаме повеќе причини, аргуементи, план Б ниту план Ц на кои можеме да се надеваме, рече во тој контекст Заев.

Потсети дека 27 години Македонија е со трајни определби за НАТО и ЕУ.

- Тоа го знаат сите кои сакаат да имаат мир, стабилност, безбедност да бидат членки на НАТО. Еве уште малку сме блиску до полноправното членство на НАТО и конечно да ги отвориме поглавјата во преговорите со Европската унија, рече Заев.

Додаде дека „поучени од минатото, донесовме крупни одлуки со што ја обединивме Македонија на внатрешен план првенствено на етнички план“.

- Македонија од сите свои пет соседи кои и беа непријатели, ги направивме пријатели и со пријатели ќе не биде. Не само тоа, преку ова пријателство ги тргнавме сите наши пречки за интреграција кон НАТО и ЕУ, посочи премиерот.

Потсети дека од 2005 година сме земја-кандидат за членство во ЕУ и оти конечно по 13 години Македонија доби датум за почеток на преговори.

- Цели 27 години властите или немале можност или не сакале да презремат чекор заради политички калкулации. Ние донесовме одлука дека Македонија не смее да губи повеќе време, мора да носи одлуки, знаевме до каде смееме, до каде не смееме да одиме, истакна Заев.

Посочи дека договорот со Грција е одличен модел што може да се применува на светско ниво.

- Компромисите го движат светот. Компромис значи дека двете страни прават отстапки. После војни седнувале на маса и двете страни правеле отстапки. Животот е компромис, тој е насекаде околу нас, рече Заев.

Со договорот, истакна тој, македонскиот идентитет и јазик не само што го заштитивме туку сега имаме признаен македонски идентитет и од Грција и од Бугарија.

- Денес конечно сме земја признаена од сите од целиот свет, во која живее македонски народ признаен од целиот свет, кој збрува македонски јазик признаен од сите, од целиот свет, рече Заев.

Посочи дека на Македонија и треба сериозен економски раст, квантни скокови, големи чекори за првенствено да се крене стандардот на граѓаните, а со влезот во ЕУ и НАТО тоа ќе се овозможи првично преку зголемување на инвестициите.

- На Македонија и требаат храбри одлуки и целиот свет ги препозна тие одлуки. Фокусот на светот е на Македонија - доаѓаат пријатели на Македонија, првпат германски канцелар ја посети земјата, вчера беше министерот за одбрана на САД, ми претсоти средба во Вашингтон со потпретседателот на САД Mајк Пенс, подвлече Заев.

Додаде дека „имаме должност на сите наши пријатели да им покажеме дека го прифаќаме нивното пријателство, конечно донесовме одлука дека сакаме пријателство, знаеме, видовме и конечно донесовме одлука дека сакаме рамо до рамо со нив, сакаме квалитетно и убаво да живееме овде во Македонија“.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер