Заев на пензионерска ревија: Со оваа манифестација ги афирмираме заложбите дека градиме солидарно општество

Премиерот  Зоран Заев денеска присуствуваше на Деветтата републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри 2019 во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, а под покровителство на Владата.

Премиерот Заев со свое воведно обраќање ја отвори манифестацијата. Во продолжение ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Заев.

„На самиот почеток дозволете ми да го изразам моето задоволство што ја имам честа да ја отворам оваа значајна манифестација – Деветтата републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри 2019 во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, а под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.

Вие пензионерите сте нашите најзаслужни граѓани кои активно учествувате во градење на државноста – ВИЕ ги поставивте темелите на нашиот заеднички дом – нашата земја Република Северна Македонија.

Од тие причини ние, сегашните генерации сме должни да ви изразиме неизмерна почит и благодарност.Оваа манифестација треба да ги исполни овие цели - да ги афирмираме заложбите дека низ заедничка дружба и соработка можеме да градиме едно солидарно општество во кое ќе се почитуваат вистинските вредности.

Концептот едно општество за сите е еден од главните стожери на владините политики. И во тој концепт има место и еднакви можности за сите.Преземавме обврски да се грижиме за нашите највозрасни граѓани – пензионерите и да им овозможиме достоинствени услови за живот.

Заедно со Министерството за труд и социјална политика ги исправивме неправдите и сега два пати годишно има усогласување на пензиите со трошоците на живот. Ова законско усогласување од една страна ги усогласува пензиите со трошоците на живот, од друга страна го штити фондот за ПИОМ за да можат и идните генерации пензионери да очекуваат стабилни и навремени исплати на своите пензии.

Растот на пензиите сега е поставен на реални основи и се врзува за економскиот раст. Ако економијата расте над 4% и го достигнува својот потенцијал тогаш и пензиите ќе растат. Тоа е фер. Денеска имам прилика и на прес конференција ќе кажам дека БДП за првиот квартал од оваа година е 4.1%. Тоа значи драги мои пензионери дека ќе има динамично растење на пензиите ако продолжиме со овој тренд тоа значи дека покрај редовното усогласување со трошоците на живот веќе имаме димензионирано растење на пензиите затоа што вкупната вработливост од лани првиот квартал 2018 до првиот квартал 2019 е 40.000 нови луѓе вработени. Фондот за ПИОМ во приходите расте за 8%, со овој добар тренд, со раст на економијата и раст на вработливоста на младите тоа ќе се одразува како пораст на вашите пензии. Продолжуваме да водиме грижа за пензионерите да и да работиме во насока на подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Затоа што се што денеска имаме оставено е дело на вашиот труд и вашата пот. Од вашиот работен век, за ние идните генерации да го негуваме, унапредуваме и така да го одржуваме, да создаваме уште поквалитетно општество и земја во кое ќе ги мотивираме младите луѓе, нашите деца да останат во нашата земја.

На самиот крај дозволете ми да ви посакам пред се убава дружба на Деветтата републичка ревија на песни, музика и игри – 2019. Во добро здравје и уште долги години оваа манифестација да биде убав повод и причина заедно да се среќаваме и дружиме. Посебна чест ми претставува да бидам покровител на ваквите републички настани коишто ги организирате.“

Стапи во сила Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд

Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто.

Индустријата и земјоделците од Европската Унија добиваат мноштвото нови извозни можности со стапувањето во сила на Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд, кој се очекува да ги намали годишните извозни давачки на европските компании за околу 140 милиони евра, соопшти Европската комисија.

- Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто, при што извозот од Унијата потенцијално би се зголемил на 4,5 милијарди евра годишно. Инвестициите на ЕУ во Нов Зеланд имаат потенцијал да се зголемат и за 80 проценти. Овој историски договор, исто така, вклучува обврски без преседан за одржливост, вклучително и почитување на Парискиот договор за климата и основните работнички права, се додава во соопштението.

Со Договорот се укинуваат царините за клучните извозни земјоделско-прехранбени стоки од ЕУ, вклучително и свинското месо, виното, шампањското, чоколадата и кондиторските производи. Дополнително, со спогодбата се гарантира заштита на близу 2.000 вина и жестоки пијалаци од ЕУ, како и на 163 од европски производи со гарантирано географско потекло, како Фета сирењето, истарската пршута или чоколадните бонбони со марципан од Либек.

Од друга страна се обезбедени царински квоти за увоз на говедско и овчо месо и млечни производи во ЕУ.

Договорот предвидува и полесен пристап на компании од ЕУ до договори за новозеландски државни набавки на стоки, услуги и концесии, како посебна помош за извозот на малите бизниси.

Преговорите за Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд започнаа во јуни 2018 година. Договорот беше потпишан на 9 јули минатата година, по што тој беше одобрен од страна на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ, на 22, односно 27 ноември. Од друга страна, постапката за ратификација на Договорот во Нов Зеланд заврши на 25 март годинава. /МИА

Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

За време на велигденските празници, односно од утре петок - 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред.

-Утре и во понеделник на 5 мај од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела за сите е неработен ден, информираат од ЈСП Скопје.

Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник, другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани.

Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Полицијата вчера на територија на СВР Битола изрекла вкупно 34 мерки за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти денеска МВР, 15 казни се изречени на подрачје на Битола, 11 на подрачје на Ресен, три во Македонски Брод, по две мерки во Прилеп и Крушево и една мерка на подрачје на Демир Хисар.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

притисни ентер