Заев на Форумот Делфи: Преспа добар знак иднината на цел Балкан, сега е време да ја зголемиме меѓусебната доверба

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска учествуваше на панел дискусијата „Пристапување во ЕУ на Западен Балкан: Кредибилност, предвидливост и политичко водство", во рамки на Економскиот форум Делфи, што се одржува видеоконференциски од Атина.

На панелот учествуваа и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и премиерите на Србија и на Албанија, Ана Брнабиќ и Еди Рама, а преку видео порака на форумот се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Договорот од Преспа е добар знак иднината на цел Балкан. Сега е време за да ја зајакнеме соработката и да ја зголемиме меѓусебната доверба. Верувам дека сите наши соседни земји што се членки на ЕУ се многу посветени за европската иднина на Западен Балкан, истакна Заев.

Заев истакна дека сме посветени на европската агенда, но оти има простор да се направи уште повеќе, не само поради исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ, туку првенствено заради подобрување на животот на граѓаните,а тоа, според него, ќе сенаправи преку зголемување на довербата во институциите.

– Среќен сум што за време на мандатот на еврокомесарот Вархеји добивме историска одлука по 15 години за почеток на преговори. Сметам дека новата методологија ќе биде фер шанса за сите нас и ако сме навистина посветени ќе имаме повеќе отворени поглавја и повеќе постигнувања, рече лидерот на СДСМ.

Истакна дека Форумот Делфи дава добра можност за зајакнување на соработката меѓу земјите од регионот, не само за Србија, Албанија и Македонија туку и за останатите земји од ЗБ, изразувајќи надеж оти набрзо ќе станеме полноправни членки на ЕУ. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер