ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
2ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
1Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
КултураЗаев на фестивалот „Игри без маски“: Празнување на еднаквоста со театарска уметност да живее уште долгоПремиерот Зоран Заев имаше обраќање на петтиот меѓународен драмски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маска“ – театар без дискриминација кој е единствен фестивал од овој вид во земјите од Западен Балкан.На овој настан, премиерот Заев го придружуваше неговата сопруга Зорица, која во името на семејството Заеви, на претставниците на организацијата „Тризомија 21“, која го организира фестивалот, им предаде донација во финансиски средства за поддршка на оваа манифестација. Во своето обраќање претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев истакна: „Денеска гледајќи ги насмеаните лица, знам дека во изминативе три дена се исполнети душите со позитивна енергија и дека сите уживаат во уметноста којашто ја споделија овие деца, сами меѓу себе и со сите нас и би рекол, вистински актеришта. Пет – годишната традиција на „Игри без маска, театар без дискриминација“ воопшто не е мал јубилеј и секако е повод истиот да се слави, особено имајќи го предвид фактот дека овој меѓународен фестивал е единствен на Балканот од ваков вид. По примерот на ваквите фестивали, чија крајна цел е вклучување на лицата со попреченост во сите културни настани, политиката на Владата е пред се, создавање на општество кое повеќе нема да ги стигматизира лицата со каква било попреченост. Да создадеме општество коешто во себе ќе ги вклучи сите без разлика на нивниот физички изглед или ниво на ментален развој. Она што започнавме да го правиме за лицата со каква било попреченост уште минатата година, секако не запре годинава. И ве уверувам дека со засилен интензитет ќе продолжиме да го правиме и понатаму. Лани започнавме со многу законски решенија во делот на законот за социјална заштита, односно овозможивме низа олеснувања за исполнување на правата на лицата со попреченост. На пример родителите можат да работат со скратено работно време и по 26-тата година на своето дете со попреченост, а правото на посебен додаток по навршување на 26-тата година, по автоматизам преминува во право на помош и нега од друго лице. Секако Националната стратегија 2018-2027 наречена „Тимјаник“ е одлична можност да ги адресираме правците на вистинска грижа и социјализација на нашите сограѓани. Во насока на проширување на мрежата на постоечки услуги и алтернативни форми на грижа и заштита на овие ранливи категории на граѓани се отворени неколку нови дневни центри и тоа: за деца со церебрална парализа во Прилеп и Скопје, за деца со попреченост во Велес, Кочани и во Македонска Каменица. Отворен е и центар за продолжен престој на деца со попреченост во Куманово, а во завршна фаза е отворањето на центар за престој и рехабилитација на деца со даунов синдром во Скопје. Како поддршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост, ги зголемивме вкупните износи за поддршка и посебен додаток и уште многу други привилегии, но не би сакал денеска навистина на овој прекрасен настан да ги кажувам сите овие новини кои се случуваат во поддршка на лицата со посебни потреби. Денеска сме овде да дадеме поддршка токму на нашите сограѓани, лицата со посебни потреби за да можат да се чувствуваат еднакви да може да се чувствуваат рамноправни и да можат сите заедно еднакво да му се радуваат на животот. Сметајте на поддршката и понатаму од Владата на Република Македонија за сите овие инклузивни активности коишто ги организирате. И во името на Владата, Ви благодарам на сите и на организаторите и на училиштата коишто заедно создавате нешто коешто ја прави Македонија, поубаво место за живеење за сите.“ На крајот на обраќањето на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претставник на здружението „Тризомија 21“, на премиерот Зоран Заев, му подари маска во рамка, во знак на благодарност за поддршката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураНоември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современостаНоемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ ....Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ и простор на културно паметење. Во неа се испреплетуваат јубилејни проекции на значајни остварувања од македонската кинематографија, современи домашни и регионални продукции, филмски дела од азиските кинематографии и можности за повторно откривање на авторите чие творештво оставило трајна трага во нашата културна историја. Посебно место во овој репертоар зазема документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов, кој годинава одбележува половина век од својата премиера. Проекцијата е закажана за 28 ноември. Ноемвриската програма започнува со Етнолошкиот филмски фестивал на 3 ноември, по што следува Неделата на јапонски филм, распоредена во неколку вечери меѓу 4 и 10 ноември. Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од премиерата, на програмата е „Тајната книга“ (2006) на Владо Цветановски. Друго важно историско навраќање е проекцијата на „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, закажана за 18 ноември, по повод 55 години од премиерата. Програмата за ноември не останува затворена во историските ретроспективи. Современите продукции ја прошируваат перспективата кон теми што ја определуваат денешната општествена стварност: моќта на корпорациите, историската траума, родовите нееднаквости и наследството на политичките поделби. Во рамките на овој циклус филмови, посетителите ќе можат да ги погледнат „Којотот против системот“ (Coyote vs. Acme, 2026), во режија на Дејв Грин, „Сирак“ (Árva, 2025) на унгарскиот режисер Ласло Немеш и „Скејтбординг не е за девојчиња“ (2026), во режија на Дина Дума. За југословенското наследство и современите идентитетски потраги ќе стане збор во филмот „Југо оди во Америка“ (Yugo ide u Ameriku, 2026), во режија на Филип Грујиќ и Алекса Броковиќ, кој на репертоарот на Кинотеката е на 11 ноември. Во ноемврискиот репертоар е најавена и ретроспективна проекција на дела од творештвото на Дарко Марковиќ, на 21 ноември, како и Недела на грчки филм, предвидена за 25, 26 и 27 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВидео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца! Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125). Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари. Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар. Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
ЖивотНаставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казнаНаставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува *Welt*.Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако било откриено дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час настава. Како последица на тоа, регионалните власти наредија нејзино принудно пензионирање. Сепак, наставничката ја оспорува оваа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф. Нејзината цел е да продолжи да ја прима својата целосна плата (како да е активна во службата), наместо стандардна пензија – која, во нејзиниот случај, би изнесувала приближно 4.000 евра месечно. Обвинителството бара затворска казна, како и враќање на 248.000 евра, за кои постои сомневање дека биле противправно присвоени. Нејзините деловни активности ја прават состојбата на наставничката уште посложена . Имено, иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа активно развивала козметички производи – за што дури добила и претприемачка награда. Овој случај исто така привлече значително внимание во јавноста поради пошироката ситуација во Дизбург. Градот со години се соочува со сериозен недостиг на наставен кадар во своите 128 училишта, кои опслужуваат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти покренаа посебни кампањи кои вклучуваат воведни обиколки на градот и стимулации, како што е привремено сместување без плаќање кирија.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter