Заев: Мисијата на светите браќа Кирил и Методиј е еден од првите примери на повзрување на различни култури

Делото на светите браќа Кирил и Методиј има изворедно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значање за Европа, светот и Македонија .

Нивото дело е изразено преку нивните мисии меѓу сесловенските народи од 9 век, а просветителската мисија како поттик на епохален цивилизациски процес.Ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето денеска на свеченоста по повод Денот на сесловенските просветители и учители св. Кирил и Методиј – 24 Мај што се одржи во Националната филхармонија во Скопје, во организација на Владата на која присуствуваа министри, македонисти, претставници на униврезитети, на научни институции, религиозни заедници, дипломатскиот кор.

Осврнувајќи се при тоа на мисиите на солунските браќа кај Сарацените и во Моравија рече дека нивната намера била Библијата да биде достапна за сите Словени, преку писмо разбирливо за словенските народи да се органиизра заедништвото во црквата како суштинска карактеристика на христијанската вера и имала наднационално-цивилизаторска и обединувачка улога. Своето вистинско место двајцата првоучители, додаде, го добиле со нивното прогласување од страна на Католичката црква за патрони – заштитници на Европа во 1980 година.

– Овој чин само потврди дека мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј е еден од првите примери на повзрување на различни култури со истовремено почитување на разликите. Тоа е вредност на која ние и денеска се повикуваме. Оваа вредност еве и после повеќе од 1.150 години не учи и не инспирира. Во тој дух ние денеска можеме да кажеме дека почитувањето на делото на Светите браќа заедно со сите останати словенски и други народи кои чувствуваат ист долг кон нивната мисија и наследство, ја слават нивната цивилизаторска мисија со достоинство и чест, е обединувачки фактор толку значаен за нашата современост и иднина, порача премиерот Заев.

Професорката на катедрата за македонска и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" при УКИМ, поетеса, критичар и есеист, Кристина Николовска пред присутните се осврна на инспирацијата во македонската современа поезија од монументалното дело на Светите просветители и првоучители Кирил и Методиј, татковци на првата словенска азбука – азбука прамајка од која се родија, рече, словенските азбуки-рожби.

-И време е во оваа свечена вечер и на небото да му јавиме, дека всушност, целата современа македонска поезија, и воопшто нашата литература, е не само исконска инспирација за поетите почнувајќи од Св Климент Охридски, туку е исполнет завет кон делото на прародителите на словото нивно. И речиси нема поет што не им се поклонил на великаните преку стих, преку стихотворна почит, рече Николовска, приложувајќи цитати од редица македонски поети како Конески, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Радован Павловски….

За колегата на Николовска, проф. Људмил Спасов култот на Светите браќа Кирил и Методиј има длабоки корени кај нашиот народ и земја, како и во соседните земји и народи во регионот, особено преку почитта на нивните ученици петочислениците(Климент, Наум, Ангелариј, Сава и Горазд), а почитта кон нив се одржува и кај муслиманското население од овие краишта.

-Сето ова ги надминува границите на верата и навлегува во областа на просветата на народот и неговата заедничка здружувачка култура. Ова укажува и на уште една мошне важна поука. Ако еднаш во минатото овој регион живеел без граници, тоа може да го прави и во иднината, рече Спасов.

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер