Заев: Им благодарам на Германија и Франција што го препознаа подвизите што ги презедовме

– Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот, напиша Заев на Фејсбук.

Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по неформалниот самит на Германија и Франција со западнобалканските држави во Берлин.

– Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот, напиша Заев на Фејсбук.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон вчера ја пофалија нашата земја и Владата за напорите да се реши догогодишниот спор за името со Грција.

– Видовме храбри чекори за спорот за името на Македонија, ова е доказ дека е можно да се најде решение за долгогодишни спорови, рече Меркел.

Макрон рече дека со Преспанскиот договор се доказ дека може да се решат спорови кои се чинеле нерешливи кога има посветеност.

Амбер Алерт Европа ја стартува кампањата „Провери. Размисли. Пријави“, во Македонија и 15 земји

На улица, на игралиштата и во парковите, сами или во метеж, или пак преку онлајн навлекување, предаторите ги користат сите можни механизми да дојдат до децата.

На улица, на игралиштата и во парковите, сами или во метеж, или пак преку онлајн навлекување, предаторите ги користат сите можни механизми да дојдат до децата, а само во Европа, над 300.000 годишно насилно се одземаат од своите родители, а голем дел од нив никогаш повеќе не се соединуваат... Сепак борбата против овој грозоморен чин продолжува... Амбер алерт Европа ја стартува кампањата под слоганот „Провери. Размисли. Пријави“, во 16 земји од кои дел ќе биде и Македонија, преку која ќе се советуваат граѓаните како да постапат во случај на исчезнато дете...

- Министерството за внатрешни работи учествува во кампањата на фондацијата „Амбер алерт“ која што се спроведува овој месец во насока да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да укажеме на граѓаните, доколку имаме случај на исчезнато лице како треба да се постапува и што треба да се направи. Името на кампањата го дефинира нејзиниот основен совет: „Проверете“ за да го потврдите отсуството на детето. „Размислете“ за да се потсетите на најважните детали и да ја процените ситуацијата и „Пријавете“ за да ги алармирате надлежните,- - МВР.

Дел од оваа кампања ќе биде и платформата „Најди ме“ која беше лансирана по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска. Од таму велат дека во училиштата мора да има сериозна едукација на децата како да се заштитат и да ги проценат опасностите, а воедно упатија и неколку совети за заштита до родителите и младите за заштита од предатори.

-Секое сомнително комуницирање, во смисол сомнително со лице прво не го познаваме, запознавање на лица преку интернет и барање за средба од нивна страна да не се прифаќа. Најголем предизвик е кај најмладите, малите деца знаете, имаат ограничена едукација, немаат образование почнато, можеби слабо зборуваат, комуницираат со било кој да им се приближи, такви се децата, доверливи се, може да ги излажат со едно чоколатце или лижавче, секако за нив сме ние возрасните одговорни,- -Александра Радевска – новинар – платфортма „Најди ме“.

Последниот случај на нерешено исчезнување на дете во земјава се случи во 2022 година. Сликата на Петар Џобески кому му се изгуби секаква трага и глас на 11 годишна возраст се уште стои на страницата на МВР во делот на исчезнатите лица...

Над 3.000 украински затвореници побарале да се приклучат на армијата

Илјадници украински затвореници бараат да ѝ се приклучат на армијата, соопшти денеска Киев, по одлуката на Парламентот со која се овозможуваат некои категории затвореници да се приклучат на вооружените сили.

- Има повеќе од 3.000 луѓе. Ова го предвидовме пред усвојувањето на овој закон, наведе заменик-министерката за правда Олена Висоцка.

Таа додаде дека властите идентификувале 20.000 подобни затвореници и дека од нив 4.500 изразиле интерес да се приклучат на армијата.

Согласно новиот закон на украинската армија може да ѝ се приклучат само затвореници на кои им останаа помалку од три години од казната. На мобилизираните затвореници им се дава условно ослободување наместо помилување.

Меѓу оние кои немаат право да служат во армијата се лица кои се прогласени за виновни за сексуално насилство, убиство на две или повеќе лица, сериозна корупција и поранешни високи функционери./МИА

Двојно повеќе претставки добила комисијата минатата година во однос на 2022

Двојно повеќе претставки добила Комисијата за заштита и спречување дискриминација минатата година, во однос на 2022 година.

Како што покажува годишниот извештај, основите за дискриминација се личното својство и општествениот статус, сексуалната ориентација и родовиот идентитет и националната и етничката припадност.

притисни ентер