Заев и Рама за ФТ: Националистичките сили ќе зајакната на Балканот ако до есенва нема датум за почеток на преговорите

Националистичките сили ќе зајакнат на Балканот ако Албанија и Северна Македонија до есенва не добијат зелено светло да ги почнат преговорите за приближување со ЕУ.

Ова го изјавиле премиерите на двете земји, Еди Рама и Зоран Заев, за „Фајненшл тајмс" (ФТ) на маргините на форумот во Лондон што британскиот весник го организираше за Западен Балкан.

Како што наведува ФТ, во денеска објавениот текст, премиерите го дале ова предупредување откако европските министри за надворешни работи ја одложија одлуката за отворање на преговорите со двете земји до октомври. Воедно, се додава дека двете земји покренале далекусежни реформи за да ги исполнат стандардите на ЕУ, но поради противењето на Франција и Холандија на вчерашниот состанок, не бил одобрен официјален почеток на преговорите за членство и покрај препораката на Европската комисија.

-Не ни се потребни некој нов радикализам, национализам и популизам во нашата земја. Не е многу важно дали имаме одлука на Европскиот совет во јули или во октомври, но ако е октомври нека биде конечно октомври, бидејќи имаше многу одложувања, изјавил премиерот Заев.

Албанскиот премиер Рама, пак, изјавил дека би можело да биде штетно за ЕУ ако балканскиот регион, кој е опкружен со земји-членки на Унијата не биде во целост интегриран во европскиот блок. Според него, доколку државите-членки кои се скептични кон проширувањето продолжат да ги игнорираат позитивните препораки на ЕК тоа би можело да го дестабилизира регионот, и притоа укажа на назадувањето во демократските процеси во Турција на која и се измолкнува перспективата за членство.

-Не треба да ни се случат нови лоши работи за да сфатиме дека секоја блокада на овој процес го потхранува национализмот, фантазиите и штетните соништа, рекол Рама.

„Фајненшл тајмс" наведува оти се чини дека Заев има надеж дека Северна Македонија, која е преставена како ретко успешна приказна во регионот минатата година кога го оконча со децении стариот спор со Грција околу името, ќе добие одобрение за почеток на преговорите подоцна оваа година.

Според весникот, постои поголем скептицизам во некои европски земји околу подготвеноста на Албанија формално да ги почне преговорите.

Бртитанскиот весник ја пренесува изјавата на директорот на Центарот за Југоисточни студии на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер дека октомврискиот рок ќе биде тест за кредибилитетот на Брисел, и дека би било „неодржливо" за двајцата балкански лидери да останат на власт доколку одлуката повторно се одложи.

-Овде не станува збор само за политиката за проширување, овде станува збор за самата ЕУ. Тоа во основа кажува дека ЕУ е неспособна да донесува одлуки во клучната област од својата политика, изјавил Бибер. /МИА

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

НБА кошаркар дивее на теренот- намерно со топка ги гаѓа навивачите (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се прости од оваа сезона во НБА со пораз во првото коло од плејофот на Источната конференција од Индијана Пејсерс.

Серијата ѝ припадна на екипата на Индијана со вкупни 4:2, а додека се уште траеше последниот натпревар, кошаркарот на Бакс, Патрик Беверли, на непримерен начин го исфрли бесот и фрустрацијата.

Во последните минути од натпреварот кој отиде на страната на Пејсерси со 120:98, Беверли седеше на клупата за резерви. Тој стана од неа и со топка удри навивачка на ривалскиот тим во глава. Потоа побарал да му ја вратат топката, а потоа со неа го удрил човекот кој му ја фрлил. Играчите на Бакс, стручниот штаб и обезбедувањето ја смируваа ситуацијата.

притисни ентер