Макрон: Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување ! ( ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев е во Париз на работна вечера со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Претседателот Макрон во изјавата во Елисејската палата рече дека со премиерот Заев на работната вечера ќе разговараат за европската перспектива на Македонија , како и општи за состојбата во регионот на Западен Балкан.

Емануел Макрон нагласи дека во изминатите 28 години , откако се воспоставени дипломатските односи меѓу Франција у Македонија, земјата имала активна улога во помагање на демократските процеси . Рече дека е горд на неговата земја што активно партиципирала во воспоставувањето на демократијата во Македонија.

Францускиот претседател рече дека Македонија заслужува веднаш да ги почне преговорите за членство во Европкста Унија.

Премиерот Заев од своја страна му се заблагодари на Макрон, во име на Владата и граѓаните на Македонија за поддршката, посочувајќи дека денешната средба ги збогатува пријателските врски меѓу двете земји, во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставените дипломатски односи со Франција.

– Посебно место во развојот на македонско-француското пријателство има и претседателот Макрон, со неговата јавна поддршка за Договорот од Преспа. Пред нас е самитот на ЕС во јуни и тој е вистинска можност за чекор напред и решение за отргнување на блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решение, истакна Заев.

Во состав на владината делегација што престојува во Париз, покрај Заев, се и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Додека шведската репрезентација игра на Европското, Ибрахимовиќ „брои палми“ на Мајорка (ВИДЕО)

Шведска одлично се пробива на Европското без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од првите два натпревари, но нејзините играчи и навивачи би сакале со нов да биде и Златан Ибрахимовиќ.

Сепак, Златан за тоа време ужива во Мајорка. Тој на Инстаграм објави видео на кое тој е гол и без раце вози велосипед на патека покрај морето. Тоа видео доби милион лајкови.

За потсетување, стрелецот на 62 гола за Шведска се врати во репрезентацијата пред три месеци по скоро пет години.

На два квалификациски натпревари за СП, тој постигна два гола и стана најстариот (39) репрезентативец во историјата на неговата земја.

Ќе одеше на Европското првенство доколку не го повредише коленото додека играше за Милан непосредно пред објавувањето на списокот на репрезентативци.

Па така, наместо да оди на ЕП, тој тргна на крстарење по Медитеранот со својата јахта вредна 20 милиони евра.

Ferrari SF90 Stradale како инспирација за патики (ФОТО)

Puma и Ferrari имаат заеднички производ.

Неговото име е ION F, а станува збор за патики инспирирани од автомобил на Ферари. Некои делови од патиката ги имаат истите материјали, додека некои други детали се дизајнерски поврзани со Ферари. Така, задниот рефлектирачки панел TPU е опкружен со СТП пена, и е естетски дизајниран да наликува на предниот спојлер на хиперспортскиот автомобил.

Патиките имаат мрежен материјал во горниот дел и доаѓаат со интегриран плетен чорап. Наместо класичните патенти, инсталиран е магнетски механизам, кој треба да биде поврзан со G силите во Ферари, како што поминува на свиоци со полн гас. Секако, логото на Ферари јасно кажува за што станува збор.

Непотребно е да се каже, црвената боја доминира, но исто така е достапна и во црна боја. Цената е околу 400 фунти.

Мајкл Џордан е шампион и во риболов (ВИДЕО)

Ненормалната компетитивност што ја внесува во секоја борба,не само на кошаркарскиот терен,туку и на терените за голф, масите за покер или додека со неговиот чувар фрлале паричка што е можно поблиску до ѕидот, е главната карактеристика на Мајкл Џордан.

Сега тој ја однесе на морето.

Шесткратниот шампион во НБА лигата учествува втора година по ред на турнирот Big Rock Blue Marlin Tournament во Северна Каролина. Веќе на првиот натпреварувачки ден, неговиот осумчлен екипаж на јахтата Фати 23, именуван по неговиот број на дресот, улови 11,5 килограми тешка риба махи-махи, што е најтешкиот улов на денот во таа категорија.

Минатата година неговиот екипаж фати риба сабјарка тешка над 200 килограми, што беше четврти најголем улов на денот на натпреварот.

притисни ентер