Заев: Гасот доаѓа сѐ поблиску до индустријата и до граѓаните

Премиерот Зоран Заев,заедно со министерот Горан Сугарески, директорот на МЕР Бајрам Реџепи, и градоначалниците, Љубе Кузманоски и Наташа Петровска,  беа на увидот на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола.

Во изјавата за медиумите, премиерот Заев потсети дека пред точно 5 месеци, во март, на Плетвар во општина Прилеп, владина делегација беше на увид во напредокот на кракот од магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола, на делницата кај превојот Плетвар, кога директорот на МЕР Бајрам Реџепи информираше дека се завршени 36 проценти од градежно машинските работи на овој магистрален гасовод.

„Денеска, заклучно со јули 2019 година се завршени нешто повеќе од 70 проценти од градежните и машинските работи на овој крак. За само 5 месеци се завршени 34 проценти, што претставува исклучителен прогрес. Изградбата која започна во февруари 2017 година треба да заврши до февруари 2020 година, со што практично се исполнува планот за реализација на овој дел од големиот проект за гасификација на Република Северна Македонија“, потенцираше премиерот Заев.

Тој дополни дека на магистралниот гасовод Неготино – Штип се изведуваат завршните работи, а магистралата Скопје – Тетово – Гостивар се очекува да биде завршена до крајот на следната година.

„Гасот доаѓа се поблиску до индустријата и до граѓаните, со што се отвораат можностите да влеземе во фазата за определување оператори на секундарната мрежа кои ќе треба да го обезбедат преносот и приклучокот на гасот до домаќинствата и до индустриските капацитети по конкурентни цени“, нагласи Претседателот на Владата на РСМ Заев, и додаде дека гасификацијата на земјата ќе донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот.

„Оваа изјава има посебно значење искажана во близината на РЕК Битола. Во таа насока треба да се прифати фактот дека Главната мерно регулациона станица Битола е со најголеми капацитет на овој крак со 28 илјади кубни метри гас. Ова го нагласувам бидејќи еден дел од овој гас ќе биде наменет за транзиција на работата на РЕК од производство на електрична енергија од јаглен во процес во кој гасот ќе стане новиот енергенс за производство на електрична енергија“, истакна премиерот Заев.

Премиерот Заев во изјавата за медиумите на настанот организиран за увид во напредокот на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола, информираше и за претстојните, нови мерки од Планот за намалување на загаденоста на воздухот.

„Од претстојната грејна сезона, најавуваме дека ќе овозможиме бесплатна замена во домаќинствата на печките кои користат огревно дрво и фосилни горива со високоефикасни инвертори. Трошоците за користење на инверторите за домаќинствата се значително пониски од други начини на греење, вклучувајќи го и огревното дрво, топлинскиот комфор е далеку поголем, а како дополнителна вредност е можноста за ладење во летниот период. Но, клучно е дека на овој начин заеднички ќе си го заштитиме воздухот кој сите го дишеме и кој не препознава ни партија, ни политика, ни било каква припадност“, нагласи премиерот Заев, и дополни дека граѓаните сега имаат поволности и да се вратат назад на системите за централно греење, кое веќе е со намалена цена заради повластената ставка на ДДВ кој паѓа од 18 на само 5 отсто, и информираше за текот на процесот кој се реализира со германската KVW банка на проектот на топловодната мрежа од РЕК Битола кон градот Битола.

На увидот во напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола во Општина Новаци, министерот за транспорт и врски, Сугарески истакна дека ова е еден најстожерните проекти на оваа влада и дека во најскоро време гасот ќе биде достапен до сите корисници.

„Придобивките кои што ќе ги имаат граѓаните и компаниите ги потенцираме во неколку наврати, ќе има намалување на трошоците во делот на семејствата но сакам да потенцирам дека и компаниите кои ќе го користат овој енергенс ќе ги намалат своите трошоци и ќе се поконкурентни со своите производи“, рече Сугарески.

Директорот на МЕР Бајрам Реџепи од своја страна соопшти дека според утврдениот план, до крајот на оваа година ќе биде остварено повеќе од 90 проценти од реализацијата на оваа делница и дека во втората половина на наредна година оваа делница ќе биде оперативна и спремна за опслужување за пренос на природен гас.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски: Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“.

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со писмото коешто го испратил вицепремиерот Фатмир Битиќи до компанииите кои добиле помош од државата и во коешто бара поддршка за изборите.

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски.

Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист.

„Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства.

„Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер